Филипче: Верувам дека на крај на септември седумте деца со спинална мускулна атрофија ќе го добијат лекот „спинраза" - Канал 5

Филипче: Верувам дека на крај на септември седумте деца со спинална мускулна атрофија ќе го добијат лекот „спинраза"

Верувам дека на крајот на септември сите седум деца кои имаат спинална мускулна атрофија ќе го добијат лекот „спинраза".

Филипче: Верувам дека на крај на септември седумте деца со спинална мускулна атрофија ќе го добијат лекот „спинраза"

Ова го истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше на втората годишна средба на специјалисти и семејства на пациенти со спинална мускулна атрофија (СМА) и промоција на книгата: „Водич во меѓународните стандарди за нега на СМА".

Тој посочи дека почната е постапката, техничкиот дијалог е завршен и сега го отвораат тендерот.

– Направивме пренамена на дел од средствата за оваа година со цел да ја почнеме постапката и сега добиваме пари со ребалансот за да може да продолжиме. Верувам дека на крајот на септември пациентите ќе го добијат лекот, рече Филипче.

Потенцира дека имале состанок со претставници на МАНУ, со нивната истржувачка лабораторија каде се прават дел од анализите, тие дале барање за зголемување на буџетот со цел воведување нови анализи. Заедно со експерти од повеќе области, нагласи, ќе зборуваме дали нешто екстра треба да се направи и во таа смисла да го зајакнеме скринингот заради тоа што тоа е суштината.

– Го поздравуваме, ќе го поддржиме и дополнително ќе го организираме таму каде не е започнат мултидисциплинарниот пристап со цел точно да знаеме за која категорија се прави скрининг. Може да се прават и проекции за нови лекови итн., додаде Филипче.

Претседателот на Здружението на лица со спинална мускулна атрофија, Деница Велковска рече дека имале долг и тежок процес на разговори за воведување на лекот „спинраза" како нова терапија во државава, што зависело од многу фактори.

– Терапијата е одобрена за седум пациенти на возраст од девет месеци до 17 години. Сите бевме трпеливи и упорни во изнаоѓање решенија и доаѓањето до целта пациентите со СМА да ја добијат „спинразата", која долго време ја чекаме и верувам дека сме пред самиот крај на овој процес. Овие пациенти ќе ја извојуваат победата кога лекот ќе стигне до нив, рече Велковска.

Таа појасни дека се зголемува бројот на пациенти со СМА. Претходно, како што нагласи, биле десет пациенти, а сега се 12 (седумте деца и пет возрасни), односно има двајца нови возрасни пациенти со СМА.

– Возрасните пациенти се исклучени од почетното планирање за лекот „спинраза". Секогаш се дава предност на децата. Дадено ни е ветување дека во најбиска иднина ќе се бара решение и за возрасните пациенти, ќе се најде форма која ќе биде најсоодветна за нив, можеби тоа ќе биде идната потенцијална терапија, додаде Велковска./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ги погоди јужните Анди во Перу во неделата, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). 

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП.

Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 66,7 километри.

Земјотресот бил почувствуван во неколку региони

Земјотресот бил почувствуван во неколку региони во јужен Перу, вклучувајќи ги Ика и Арекипа. Земјотресите се честа појава во Перу, кој се наоѓа на Тихоокеанскиот огнен прстен, област со интензивна сеизмичка активност.

Земјотрес во 2007 година одзеде речиси 600 животи

Еден од најсмртоносните земјотреси во поновата историја на Перу се случи во 2007 година. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени ја погоди покраината Ика, при што загинаа речиси 600 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружени напаѓачи упаднале на танкер кај Јемен и го пренасочиле кон Сомалија

Драма во Аденскиот Залив - шест вооружени напаѓачи ја презедоа контролата врз танкер и го пренасочија кон Сомалија, објави Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство (UKMTO).

Вооружени напаѓачи упаднале на танкер кај Јемен и го пренасочиле кон Сомалија

Инцидентот се случил 136 наутички милји источно од островот Мукала,во Јемен, според Ројтерс.

Танкерот пловел кон запад кога му се приближил неовластен брод, соопшти UKMTO.

Детали за безбедноста на танкерот и неговиот екипаж сè уште не се објавени, што предизвикува дополнителни загрижености.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралиските научници направиле батерија што може да издржи 60.000 полнења и се полни за 3 минути

Научниците од Универзитетот Флиндерс во Австралија развија батерија од цинк-јод која може да издржи повеќе од 60.000 циклуси на полнење и празнење и може да се полни за само три минути. 

Австралиските научници направиле батерија што може да издржи 60.000 полнења и се полни за 3 минути

Станува збор за батерија на база на вода која би можела да стане сериозна алтернатива на литиум-јонските батерии за складирање на енергија во голем обем.

Џонгфан Џиа, професор по хемија на Универзитетот Флиндерс, вели дека ваквите батерии стануваат пореална замена за литиум-јонските системи. Неговиот тим сега работи со индустриски партнери за да развие прототип на платформа за производство.

Литиум-јонските батерии доминираат во електричните возила и преносната електроника денес, но тие доаѓаат со сериозна цена. Тие се скапи, склони кон пожари и оставаат голема количина отпад. Само Австралија произведува околу 3.300 тони отпад од литиумски батерии годишно, бројка што би можела да надмине 136.000 тони до 2036 година.

Како е решен проблемот со истекување на јодид

Батериите од цинк-јод долго време се сметаа за побезбедна, на база на вода и незапалива алтернатива, но тие беа попречени од таканаречениот ефект на шатл. Ова е феномен во кој јодидните соединенија протекуваат низ сепараторот на батеријата, намалувајќи ги нејзините перформанси со текот на времето.

Тим од Универзитетот Флиндерс го реши овој проблем со помош на евтин, биоразградлив полимер базиран на циклодекстрин, соединение добиено од скроб. Циклодекстринот се користи во козметиката и прехранбената индустрија, а научниците го користеле за да создадат мали молекуларни „кафези“. Надворешниот дел од овие кафези привлекува вода, додека внатрешниот дел ја одбива водата и ги заробува соединенијата што инаку би протекувале, со што целосно го запира истекувањето.

Според Гиа, овој пристап овозможува долготрајни и одржливи цинк-јод батерии со користење на евтини и биоразградливи суровини.

Резултатите од тестот изгледаат импресивно за апликации за складирање на енергија во голем обем. Батеријата работи на напон од 1,3 до 1,4 волти и постигнува капацитет од 200 mAh на грам во текот на 8.000 циклуси, со целосно полнење за седум минути. Кога целниот капацитет ќе се намали на 150 mAh на грам, батеријата може да издржи повеќе од 60.000 циклуси со полнење од три минути. Според студијата, нејзината деградација е само 0,0001 до 0,0003 проценти по циклус.

Зошто ова е особено важно за Австралија

Батериите базирани на цинк се веќе познати како побезбедни, поевтини и полесно достапни од литиум-јонските батерии, и не заостануваат многу во однос на густината на енергијата. Нема ризик од пожар, а суровините за нивно производство се многу пошироко достапни.

Преработката на литиум во моментов е во голема мера концентрирана во Кина, што ги прави другите земји ранливи на прекини во снабдувањето. Австралија, од друга страна, иако нема развиена индустрија за преработка на литиум, има огромни резерви на цинк. Земјата поседува помеѓу 20 и 28 проценти од познатите светски резерви на металот, што ѝ дава значајна стратешка предност во транзицијата кон нова генерација батерии.

Шангсу Џијанг, еден од авторите на студијата, вели дека искористувањето на овие домородни ресурси би можело да ги постави темелите за побезбедна и посамостојна индустрија за складирање енергија во Австралија.

Лабораторијата на Универзитетот Флиндерс сега работи директно со индустриски партнери за изградба на комерцијална прототип платформа. Доколку овој развој продолжи, следната фаза од транзицијата кон зелена енергија би можела да се потпре на цинк и скроб, наместо на ретки и запаливи метали. Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание „Angewandte Chemie“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер