Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок - Канал 5

Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно е дека не може. 

Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Вели дека не знае за изјавите на известувачот и европратеник Вајц и дека Извештајот е „комплетен антипод“ на она што навистина се случува.

Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеење на правото, со директна оценка дека „во последната година не видовме никаков напредок во однос на евроинтеграцијата, ниту пак во делот на реформите“.

Известувачот Вајц јасно и недвосмислено ја критикува оваа власт поради блокирањето на европскиот пат на Македонија.

Европа јасно порачува: нема напредок додека не се исполнат условите, а тоа вклучува и уставни измени.

И наместо да ја прифати критиката премиерот повторно влезе во негирање.

Јавно вели дека „нема да отстапи ни милиметар“ и дека малцинствата, како Бугари, Хрвати, Црногорци, нема да влезат во Уставот.

Наместо да работи на реформи, оваа власт работи на креирање конфликти со соседите, анти-европска пропаганда и изолација на земјата. И додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО, вклучително и најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши. Е тоа е нивниот лажен патриотизам.

Наводно го бранат идентитетот, а приватно земаат бугарски, европски пасоши.

Затоа младите масовно се иселуваат од земјата, затоа што не гледаат перспектива на чело со Мицкоски.

Додека регионот оди напред кон ЕУ, ние тапкаме во место.

Веќе е формирана комисија која го пишува договорот за пристап на Црна Гора во Европската Унија. Црна Гора која стана независна држава една година откако ние го добивме кандидатскиот статус за ЕУ. Денес Црна Гора е на чекор до членство, а после неа веднаш следува Албанија.

Се поставува прашањето кој губи? Губат македонските граѓани, никој друг, губи држава.

Се губат европските пари, се губат европските фондови и грантови, се губат структурните фондови кои можат тука по примерот на другите земји кои што се приклучија во Европската Унија да значат подобра инфраструктура, патишта, пруги, болници, училишта, градинки.

Се изгубија фондовите за поддршка на земјоделството. Зошто? ИПАРД го нема, Европа го блокираше затоа што ги фатија членовите на ВМРО-ДПМНЕ како крадат европски пари.

Значи Европа не носи само еден единствен отворен пазар, и подобро образование и подобро здравство, социјална состојба во државата, туку само Европа е единствениот начин со кој што нашето општество може да просперира.

А што прави премиерот, се обидува со различни теми, создавање на меѓунационални конфликти, навреди за секој кој мисли поинаку и создавање поделба во општеството дека нешто може да направи. Ги навредува граѓаните и ги нарекува „медиокритети“, „талог на општеството“, „мочуриште“.

Еден добар пример е Унгарија која што кога се ослободи од власта која што беше рамна на диктатура, веднаш доби милијарди евра помош од ЕУ, пари кои што беа заробени.

Мицкоски повеќе не може и не смее да ги лаже ниту граѓаните, ниту Европа.

А Вајц само го потврдува она што граѓаните секојдневно го чувствуваат. Оваа влада не сака во ЕУ, затоа што сака партиска контролата врз институциите, затоа што сака партиски медиуми, затоа што сака партиско правосудство и затоа што сака државни ресурси кои што ќе бидат користени само партиски тендери.

СДСМ останува цврсто на европскиот пат. Ние нема да дозволиме Македонија да биде слепо црево на Балканот само за Мицкоски и ВМРО-ОКГ да продолжат да крадат.

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност.

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

YouTube video

Филипче: Додека власта го блокира европскиот пат половина ВМРО е со бугарски пасоши

„Додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО, вклучително и најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши. Е тоа е нивниот лажен патриотизам. Наводно го бранат идентитетот, а приватно земаат бугарски, европски пасоши“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Филипче нагласи дека премиерот се обидува да ја негира реалноста и критиките кои доаѓаат од Европа, но фактите се јасни, посочуавјќи ги изјавите на европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц.

Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеење на правото, со директна оценка дека ‘во последната година не видовме никаков напредок во однос на евроинтеграцијата, ниту пак во делот на реформите. Известувачот Вајц јасно и недвосмислено ја критикува оваа власт поради блокирањето на европскиот пат на Македонија“, рече Филипче.

Тој додаде дека наместо да ја прифати критиката, премиерот продолжува со политики кои ја туркаат државата во изолација.

Додека регионот оди напред кон ЕУ, ние тапкаме во место. Црна Гора е на чекор до членство, а веднаш по неа следува Албанија. Се поставува прашањето кој губи? Губат македонските граѓани, губи државата.“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција воведе деветмесечен воен рок

Грција воведе нова законска рамка која овозможува девет месеци воена служба за регрутите кои ќе се јават на првиот повик и не бараат одложување за студии.

Грција воведе деветмесечен воен рок

Правилото се применува за прв пат за регрутите родени помеѓу 1 јануари и 15 мај 2008 година, објави Euronews.gr.

Според законот, оние кои ја започнуваат својата целосна воена служба веднаш по првиот повик и не користат одложување имаат право на скратена деветмесечна служба.

По девет месеци фактичка служба, се смета дека целосно го завршиле воениот рок.

За оние кои сакаат да го продолжат своето образование, законот предвидува можност за одложување на регрутацијата за студии.

Веќе не е потребно веќе да се запишани во високообразовна институција - доволно е да докажат со документи дека имаат право да учествуваат во постапката за прием или запишување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џон Стамос позира гол за 63. роденден (ФОТО)

Џон Стамос, познат по улогата на чичко Џеси во серијата „Full House“, го одбележа својот 63-ти роденден со необична објава на Инстаграм која привлече големо внимание. 

Џон Стамос позира гол за 63. роденден (ФОТО)

Тој сподели црно-бело селфи од бањата на кое позира без облека, додека го покрива лицето со мобилниот телефон, а рамката е намерно поставена за да не ги открива интимните делови.

Напиша само „63“ со фотографијата, а објавата веднаш предизвика бројни реакции кај обожавателите. Многумина се сетија на неговата позната реплика „Помилуј!“ од серијата.

„Стареам, иако не ми се допаѓа“

Актерот постојано отворено зборуваше за стареењето. „Стареам, иако не ми се допаѓа. Се грижам за себе“, рече тој во едно интервју. Стамос го истакна прекинувањето на консумирањето алкохол како клучна животна промена. Минатата година, тој одбележа десет години откако не пие и на таа одлука ѝ припишува голем број позитивни промени.

„Престанав да пијам пред десет години. Затоа сум жив. Никогаш немаше да ја запознаам сопругата ако продолжев да пијам“, призна тој. Покрај тоа, откри дека вежба три до четири пати неделно и се грижи да има квалитетен сон.

Семејство и справување со несигурностите

Стамос е во брак со актерката и модел Кејтлин Мекхју од 2018 година. Истата година, тие го добија синот, Били. Актерот често истакнува дека бракот и татковството целосно му го промениле животот и дека токму неговото семејство го одржува млад.

Иако со децении е познат како еден од водечките заводници во Холивуд, Стамос се борел со несигурности поврзани со неговиот изглед во минатото. Неодамна повторно проговори за операцијата на носот, која ја прекинал како дете. Одлучил да се подложи на корекција откако добил улога во серијата „Општа болница“.

Тој исто така пишува за своите несигурности во мемоарите „If You Would Ha Told Me“, објавени во 2023 година. Тој призна дека во еден момент бил толку оптоварен од изгледот на својот нос што му го одвлекувал вниманието од глумата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најамалку 13 загинати при уривање на илегален рудник за злато во Колумбија (ВИДЕО)

Најмалку 13 работници загинаа, а седум други се повредени во лизгање на земјиштето во нелегален рудник во јужна Колумбија, соопштија локалните власти. 

Најамалку 13 загинати при уривање на илегален рудник за злато во Колумбија (ВИДЕО)

Сведоците рекоа дека слушнале експлозија во отворен рудник за злато во среда попладне, непосредно пред да бидат закопани работниците подолу, пишува Би-Би-Си.

Спасувачите и локалното население ги извлекле телата

Спасувачите и жителите на околното подрачје успеале да ги извлечат телата на починатите со помош на багер. Смртоносните несреќи не се невообичаени во Колумбија, особено во нелегалните рудници каде што локалното население копа скапоцени метали без никаков официјален надзор.

Четворица починати од исто семејство

Сведоците рекоа дека четворица од 13-те починати биле членови на исто автохтоно семејство. Жителите на областа велат дека околу 50 луѓе, претежно членови на домородната заедница Килачинга, редовно работеле во рудникот во близина на Поликарпа, во јужниот департман Нарино.

Се проценува дека помеѓу 200.000 и 400.000 луѓе во Колумбија се занимаваат со рударство во мали, неформални рудници. Многу семејства зависат од приходите од продажбата на скапоцени метали и скапоцени камења што ги наоѓаат за да си обезбедат егзистенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер