ЗдравјеФилипче:Ургентениот центар во Болницата за гинекологија во Чаир реновиран по европски стандардиДенеска сме тука бидејќи сакаме да означиме нешто што сметам дека е многу важно и многу значајно во делот на гинеколошко-акушерските сервиси на ниво на државатаВо Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" многу се инвестираше во изминатите четири години и направивме добар план, инвестиција од Министерството за здравство и донаторите на кои сакам да им изразам голема благодарност, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција при посетата во гинеколошката болница во Чаир, откако неделава беше пуштен во употреба целосно реновираниот ургентен центар. Филипче потенцира дека реновираниот ургентен центар е опремен по сите европски стандарди. – Денеска сме тука бидејќи сакаме да означиме нешто што сметам дека е многу важно и многу значајно во делот на гинеколошко-акушерските сервиси на ниво на државата ,имајќи предвид дека оваа болница Гинеколошко-акушерска болница во Чаир е позната и по своето реноме и по својата експертиза, по луѓето коишто работат тука. Благодарение на овој целиот координиран систем на донација за надградба на оваа болница и инвестицијата од Министерството за здравство, благодарение на лидерството, на директорот д-р Исмаили, на целокупниот тим којшто тука работи, сега можеме слободно да кажеме дека во болницата во Чаир целосно се реновирани операционите сали, делот за интензивна нега, мониторинг современ за жените кои се породуваат, оној централен мониторинг на сите параметри, целосно реновирани амбуланти со нова опрема и зголемување на степенот на квалитет којшто се дава во делот на интензивната нега на новородените. Тоа сега е таканаречен степен А, изјави министерот. Филипче оцени дека на овој начин е подигнато нивото на опременост на болницата, како и дека со целосната гасификација повеќе ги нема црните чадови, коишто го загадуваа воздухот. – Уште еднаш благодарност до донаторите, уште еднаш да му честитам на директорот за енергијата и визијата која ја имаше изминатиот период. Резултатот е видлив, близу четири илјади раѓања годишно во оваа болница и тие учествуваат исто како и другите институции во делот на намалувањето на новороденечката, раната неонатална и доенечката смртност, рече министерот. Филипче потенцира дека кога се децата во прашање треба постојано да се унапредува здравствената заштита и воедно изрази надеж дека ќе продолжат ваквите инвестиции и во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook