МакедонијаФилипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училиштаМакедонија денеска ја започнува новата учебна година со поразителни бројки – 3.000 помалку првачиња, 433 паралелки помалку и 26 затворени училишта, најтажен почеток на школска година во државата, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Денеска почнува новата школска година и би рекол дека потажен почеток на школската година досега оваа држава немала. Имено, 3.000 помалку деца запишани во прво одделение, 433 паралелки помалку, 26 затворени училишта. Нема поголем и подобар показател за лошите политики на Владата, предводена од Христијан Мицкоски, од оваа бројка“, рече Филипче. Тој посочи дека минатата година во прво одделение биле запишани 17.900 деца, а оваа година само 14.900. „3.000 деца помалку, 3.000 семејства. Што се случило со тие луѓе? Сигурно не е тоа резултат само на демографските движења, тие луѓе едноставно се иселиле. Зошто? Поради тоа што не ја гледаат иднината во земјава. Гледаат дека нема мерки, дека ништо не се случува, дека нема напредок, дека нема добри економски политики, дека нема поддршка за граѓаните, посебно за младите брачни парови и нормално луѓето си ја гледаат и иднината надвор од земјава“, рече Филипче. Претседателот Филипче нагласи дека ваквата состојба е последица и на сè потешкиот животен стандард, растот на трошоците, отсуството на мерки за поддршка на граѓаните и изолацијата на земјата поради криминалните политики на власта. „Укажувавме повеќе пати за лошите политики на оваа Влада, за жал никаков фидбек, никаков интерес. Зголемени горива за повеќе од 20% од почетокот на кризата. Никаква мерка за ниту една категорија на граѓани. Оваа власт во неколку наврати го одбиваше нашиот предлог за зголемување на минималната плата“, рече Филипче. Тој најави дека СДСМ повторно во Собранието ќе го поднесе законот со кој минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, со субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата од зголемувањето. „Едноставно, работниците да можат да си обезбедат достоинствен живот на своите семејства. Инаку, ниту три минимални плати не можат да го достигнат трошокот на потрошувачката кошничка“, рече Филипче. Празните училници се еден од најсилните показатели за последиците од политиките на актуелната власт, додаде тој. „Ова е само уште еден знак, ќе повторам, ова што сега се случува денеска на 1 септември, 3.000 деца помалку во училиштата. Еден од најдобрите и најсилни показатели за лошите ненародни политики на Христијан Мицкоски и неговата банда“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook