ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
1ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
2Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
ЗдравјеФилипче: Ставен во функција нов апарат во битолската болницаАпарат за испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и малигни заболувања ставен во функција во болницата во Битола.Нов апарат кој служи за функционални испитувања на бубрезите, тироидната жлезда, венската циркулација и испитувања на малигните заболувања е ставен во функција во Клиничката болница во Битола. Тоа е таканаречена спек камера, која со донација преку проектот на Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, првпат ја добива болницата во Битола заедно со апарат за компјутерска томографија. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по посетата на болницата, кој посочи дека пациентите кои имаат потреба од ова испитување нема веќе да треба да патуваат во Скопје. – Значи голема бројка на жители не само во Битола, туку и во целокупниот овој регион ќе ја користи експертизата на лекарите кои со години работат тука сега и со нов апарат што нуди посебен дополнителен квалитет на здравствената услуга, рече Филипче. Тој потенцира дека со директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска разговарале и за некои други аспекти и предизвици во секојдневното функционирање, како и во однос на платите и вакцинацијата. – Сега вработените во болницата во Битола ги чекаат оние други зголемувања, дополнителна сума на средства што потекнува од зголемувањето на платите, пет проценти месечно за последните два месеци и тоа треба да стигне во следниот период и понатаму да продолжи на месечна основа, тоа е оној додаток за работа со Ковид пациенти што доцнеше неколку месеци, па сега се исплаќа, истакна Филипче и додаде дека со Гагачовска разговарале и за процесот на вакцинација. Битолската болница, посочи министерот, е една институција која што навистина може да се пофали со висок опфат на вакцинација на вработените, некаде помеѓу 75 и 80 проценти од сите вработени се вакцинирани, што е одличен знак дека здравствениот персонал тука е прилично добро заштитен. – Разговаравме и за тоа што треба дополнително да се направи за да се стави во функција делот за онкологија, односно акцелераторот. Аплициравме на проект за првпат достапен во нашата земја преку ИПА-инструментот на ЕУ, аплициравме во еден дел на онкологија и преку тој инструмент ќе ги добиеме сите потребни делови што во овој момент ни недостасуваат и компјутерска томографија за симулација, што значи дека некаде од почетокот на следната година и во овој дел на функционирање на онкологијата во битолската болница пациентите не само од Битола, туку и од целиот овој регион за зрачна терапија нема да се упатуваат во Скопје, туку ќе ја добиваат овде во овој центар, додаде Филипче. Директорката на болницата, Гагачовска изрази благодарност до Министерството за здравство за овозможување на овој апарат што е спект КТ- гама камера, најновата технологија добиена преку Интернационалната агенција за атомска енергија од Виена. Таа посочи дека досега Клиничката болница работела на гама камера во Одделението за нуклеарна медицина, меѓутоа со овој апарат што има интегрирано испитување, не само спект, туку и компјутерска томографија се добива, има големи предности, ќе се скрати многу времето на снимање и ќе има поголема искористеност на радиоактивните материјали. – Ваква камера има во Институтот за патофизиологија во Скопје и предностите сега на жителите од Југозападниот регион ќе биде што ќе ги добиваат услугите во битолската болница. Ние тековно продолжуваме со тие снимања кои сега ќе започнат од крајот на следниот месец. Планирани се покрај досегашните испитувања кои се прават во текот на следната година да воведеме и нови методи на испитувања со тоа да можеме да згрижиме што поголем број на пациенти, додаде д-р Гагачовска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект? Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми? Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси. Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во ИранДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот. Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места. Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстрантиВластите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер. Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград. „Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението. Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец. Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани. Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми. Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter