ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
2ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
3Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
МакедонијаФилипче: Советниците на СДСМ ќе ротираат, ќе има нов кодекс на однесување и санкции Советниците на СДСМ ќе ротираат, ќе има нов кодекс на однесување и санкции за неисполнување на обврските .Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори. „Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема вклученост“, изјави Филипче на состанок со Општинската организација на СДСМ Аеродром. Тој најави и нов кодекс на однесување којшто ќе мора да го потпишат сите советници: „Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот“. Во однос на изборот на кандидати, претседателот на СДСМ порача дека ќе го поддржи секое решение што ќе дојде од базата. „Вие во општинските организации најдобро знаете кој има капацитети и доверба кај граѓаните. Не сакам да наметнувам, туку да слушам“, рече претседателот Венко Филипче вечерва во Аеродром. Филипче се осврна и на актуелната локална власт во Аеродром, истакнувајќи: „Се чудам како ВМРО-ДПМНЕ повторно го предлага актуелниот градоначалник на Аеродром. Полош градоначалник, според мене, Аеродром никогаш немал“. Филипче: Последниот авторитарен лидер во Европа го фали нашиот премиер „Слушнавме како Орбан го фали Мицкоски, практично негова продолжена рака во овој дел на Балканот. Последниот авторитарен лидер во Европа доживеавме да го фали нашиот премиер дека бил брана за бегалците. Пазете каква иронија. Човекот којшто направи сè Унгарците да влезат во ЕУ, да ги користат сите бенефити, да бидат заштитени, сега ние сме брана за бегалците надвор од Европа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со членовите на општинската организација Аеродром. А вистината не е таква, Договорот за Фронтекс, кој што е потпишан, меѓу другото, и на македонски јазик, благодарение на нашите политики е „браната“, додаде Филипче. “Договорот за Фронтекс, на чист македонски јазик во Европска Унија – без фусноти и без ѕвездички, е наша заслуга. Тоа е "браната" за мигрантите. Значи, повторно еден систем европски – од којшто нашата влада нè држи на страна“, потенцираше Филипче. Претседаелот Филипче додаде дека власта со своите политики ја уназадува државата, а ВМРО-ДПМНЕ продолжи таму каде што застана Никола Груевски. „Ситуацијата во државата никој не треба да ја објаснува – многу добро гледаме секој ден како владее ВМРО-ДПМНЕ. Продолжија таму каде што запре Никола Груевски. Сè е исто,“ истакна Филипче. Центар за комуникации со јавноста на СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: САД и Иран имаат „многу добри разговори“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација имала „многу добри разговори“ со Иран за време на вчерашните целодневните преговори, поттикнувајќи ги очекувањата за крај на петмесечниот конфликт.Утринава цените на нафтата паднаа, со надеж дека наскоро би можел да се постигне договор за обновување на сообраќајот низ блокираниот Ормутски теснец. „Тие имаа целодневни преговори“, изјави Трамп за емисијата „ Night“ на Фокс њуз. Ормутскиот теснец „ќе биде отворен многу наскоро“, додаде Трамп. „Ако повторно се повлечат, ќе бидат силно погодени“. Трамп честопати се закануваше со масовни напади доколку Техеран не постигне договор, а потоа се повикуваше на напредок во разговорите кои досега не успеаја да ги прекинат непријателствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУЕФА го укинува правилото што со години ги збунуваше навивачитеЕвропската фудбалска унија (УЕФА) воведе две важни измени во правилата за своите клупски натпреварувања. Веста се однесува на системот на суспензии поради жолти картони, но и на прикажувањето на времето на стадионите за време на натпреварите. Двете измени стапуваат на сила веднаш и ќе важат за сите три клупски натпреварувања на УЕФА – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Една од најважните промени се однесува на акумулираните жолти картони. Според новите правила, играчот ќе добие суспензија од еден натпревар дури по четвртиот жолт картон, наместо по третиот, како што беше случај досега. Оваа промена им овозможува на играчите да одиграат повеќе натпревари пред да бидат принудени да паузираат поради акумулирани јавни опомени. Уште една промена ќе биде веднаш забележлива на стадионите. УЕФА ја укина долгогодишната забрана според која официјалните семафори не смееја да го прикажуваат времето по 45-тата и 90-тата минута од натпреварот. Тоа значи дека отсега часовникот на стадионот ќе продолжи да го мери времето и за време на судиското надополнување – практика што веќе постои во некои национални првенства, вклучително и во Премиер лигата. На тој начин, навивачите на трибините ќе имаат подобар преглед за тоа колку време преостанува до крајот на натпреварот за време на судиското надополнување.Тагови: УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за МакедонијаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија. Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата. Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар. Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија. Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем. Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter