ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..
1ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..
3СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
2Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаФилипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДППретседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Тој укажа дека со новото задолжување, „секое новороденче во следните 25 години непосредно после раѓањето ќе должи 6.000 евра“. Дополнително, според анализите на СДСМ, јавниот долг ќе надмине 115% од БДП – „што е полошо и од грчката криза од пред повеќе од една деценија“, потенцираше претседателот Филипче. Филипче реагираше и на нејасните тврдењата на министерката за финансии. „Очигледно е дека тие договори ќе бидат нетранспарентни и во четири очи. Министерката за финансии вели дека ќе се спроведува постапка согласно Законот за јавни набавки, но со странски фирми. Ние направивме проверка – нема да важи законот за јавни набавки“, истакна тој, посочувајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ, партијата која седум години критикуваше за корупциски договори, сега самата создава простор за сериозни сомнежи.“ „Сите гледаме што се случува, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во амбис“, порача Филипче. Претседателот на СДСМ ја отвори и темата за можниот политички дел од договорот – миграцијата. „Сериозни медиуми од Велика Британија известуваат дека земјите од Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, ќе станат центри за прифаќање бегалци непожелни во Велика Британија. А премиерот – молчи, нема став“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМ - Центар за комуникации со јавностаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола и цени на енергенсите најниски во регионотСООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Тешко е да се биде СДС во опозиција изминатиов период. До толку се дојдени во исклучително тешка состојба, што веќе ниту знаат каде тераат, ниту умеат да ги читаат официјалните податоци, па преминуваат на она што најдобро знаат, со лаги и манипулации да ги заплашуваат граѓаните дека недостигаат пари. ПИОМ е во стабилна состојба, пари има и пензиите редовно се исплаќаат, ниту еден денар на граѓаните не е загрозен. Напротив, над 300 илјади пензионери за две и пол години добија покачување на пензиите за седум илјади денари. Тоа им смета на СДС кои, очигледно, сакаат пензионерите да бидат како во нивно време, понижени, непочитувани и без соодветни примања за достоинствен живот. СДС имаат замерки и за платите кои не знаат или не сакаат, да ги читаат официјалните податоци и показатели, или пак не им одговара што платите во сите сектори, согласно и со колективни договори, се зголемуваат. Пред некој ден Државниот завод за статистика излезе со официјални податоци за месец септември, според кои реалната нето-плата споредено со септември 2025 година е зголемена на 5,2%. Од друга страна зборуваат за поскапувања, а не гледаат дека инфлацијата во Македонија е најниска од земјите во регионот и далеку под европскиот просек, а економски раст десетти квартал по ред, откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата, е над 3%. А во ек на светска енергетска криза Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со преземените конкретни мерки и активности успева цените на нафтените деривати да ги задржи на најниско ниво од земјите во регионот. Сумирано, пензиите се стабилни, покачени и тие редовно се исплаќаат, платите се зголемуваат, економијата се стабилизира и заживува, инфлацијата е под контрола и далеку под европскиот просек, а цените на енергенсите се најниски во регионот. Исто така, сметаме дека и оваа не е доволно, затоа што граѓаните заслужуваат уште повеќе и подобри услови и животен стандард и за тоа ќе се бориме и ќе работиме секој изминат ден. Така што, со вакви показатели во најтешка состојба се токму СДС. Нека им е со лесно, ние нема да се откажеме од подобар живот за македонските граѓани, за на нив да им биде полесно. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и макотрпно да работи за повеќе инвестиции, повеќе капитални проекти, повеќе работни места и поголем економски раст. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во бракСветската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември. Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс. Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите. Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост. 🔗: https://t.co/j7MTVCtFxm #MileyCyrus can buy herself flowers, but this time #MaxxMorando brought the ring. 💍🥹 The couple said “I do” in an intimate Palm Springs ceremony on Nov. 21. Swipe to see exclusive photos from the newlyweds’ special day and head to the link for more. 📷: Backgrid — People (@people) November 22, 2026 „Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. 🚨 EXCLUSIVE: Miley Cyrus was seen wiping a tear away from her face in emotional photos and video from her Palm Springs wedding ceremony ... offering the first look of her stunning wedding dress. 🤍✨ 🎥 BACKGRID https://t.co/EUf3qXoYAY — TMZ (@TMZ) November 22, 2026 Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот. Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година. „Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој. Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“. На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во АтинаНа покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook