Филипче: Ситуацијата е прилично стабилна, не се планираат дополнителни рестриктивни мерки

Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години.

Кај нас ситуацијата е прилично стабилна, на тоа упатува малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием, а во исто време има и мал број на прегледи во болница за прием и мал прием на преглед во болниците. Тоа е нешто што го комуницираме на дневна основа, изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска по одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството во организација на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина.

Филипче најави дека во оваа ситуација, во овој следен период што е пред нас, како што рече, не планираат никаква рестрикција, ниту дополнителни мерки поради тоа што не гледаат некаков ризик.

– Но, морам да потенцирам, будно ја пратиме состојбата не само кај нас, туку и во околните земји поради тоа што многу често за временска разлика од една до две недели се случуваа промени во сите земји во регионот. Продолжуваме со овие мерки и продолжуваме да ја пратиме ситуацијата, изјави меѓу другото Филипче.

Тој информира дека в петок се очекува да пристигне голема количина на вакцините „Фајзер". Оваа недела, најави, ќе бидат проследени четири илјади вакцини што ги имаме во моментов и 11 илјади, како што рече, што ќе стигнат денеска. Според него, околу 15 илјади вакцини ќе бидат аплицирани во текот на оваа недела.

Потсети дека во нашата држава има околу 240 илјади вакцинирани граѓани заклучно со крајот на минатата недела, а околу 180 илјади граѓани чекаат во овој момент за вакцинација.

– Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години. Повторно ќе кажам, првиот момент ако видиме дека има таков ризик повторно ќе воведеме мерки, рече министерот Филипче.

Додаде дека има доволно количини на вакцини, а имаше, подвлече и минатата недела.

– Со истата динамика продолжува и оваа недела. Значајно ќе се зголеми бројката на почетокот на следната недела кога очекуваме да стигнат поголема количина на вакцини, рече Филипче.

Во однос на индискиот сој, истакна министерот Филипче, нема сè уште прецизни податоци.

– Сè уште нема доволни испитувања каде било во светот за да знаеме точно каков е ризикот за заболување, дали лицата коишто се вакцинираат имаат ризик да заболат. Тоа што досега се знае е дека ризикот да заболат лицата кои се вакцинирани е навистина мал. Но, во исто време и дека вакцината штити од тешка форма на болест од смртност дури и кај оваа форма на вирусот. Има некои публикации сега, излегуваат и некои други од западноевропските земји, меѓутоа, се уште е рано да со сигурност се тврди нешто во врска со ова прашање, појасни тој.

Уште еднаш повтори дека во овој временски период нема дополнително да препорачаат рестрикција за да се спречи евентуално ширење на индискиот сој, во моментот имаат информации дека само две земји Велика Британија која што ги успори процесите на олабавување на мерките и Португалија која што е единствена земја која што има некаква дополнителна рестрикција. Сите други, потенцира,вклучувајќи ги и сите земји кај нас во регионот одат кон попуштање на рестриктивните мерки.

Се осврна и на тоа дека минатата недела во рамки на Берлинскиот процес, имале состанок на министрите на сите земјите од Западен Балкан, на кој се дискутирало дека епидемиплошката ситуација спласнува.

Судијата го одби барањето за поништување на судењето на Трамп за скандалот со порно ѕвездата

„Како можеме да излеземе од ова на начин што е фер за претседателот Трамп“, рече Бланш.

Судијата во кривичната постапка против Доналд Трамп во вторникот го одби барањето за поништување на судењето на адвокатот на Трамп, Тод Бланш, кој тврдеше дека сведочењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната наводна афера во 2006 година е ирелевантно и само ќе ги разгори страстите на поротата.

„Како можеме да излеземе од ова на начин што е фер за претседателот Трамп“, рече Бланш.

Судијата Хуан Мерчан рече дека се согласува дека има елементи во нејзиното сведочење што би било подобро да не се кажат.

„Мислам дека беше малку тешко да се контролира сведокот. Мислам дека не сме во фаза кога поништувањето на судењето е оправдано“, рече Мерчан.

Предлогот беше поднесен неколку часа по нејзиното сведочење. Таа пред поротата кажа за нејзината наводна врска со Трамп и митото од 130.000 долари што го добила за да молчи кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година.

Даниелс (45) рече дека одлучила тој инцидентот да остане приватен откако добила закана на паркинг во 2011 година, но се предомислила за време на кампањата во 2016 година, кога биле изнесени неколку обвинувања за сексуален напад против Трамп.

„Мојата мотивација не беа парите, сакав да ја раскажам приказната“, вели таа.

Трамп (77) се изјасни дека не е виновен за фалсификување деловни книги за да се прикрие давање мито на Даниелс.

Тој негира дека имал секс со Даниелс, а неговите адвокати тврдат дека таа го измислила затоа што сакала да се појави во шоуто на Трамп „The Apprentice“.

Даниелс потврди дека се надевала дека Трамп ќе ја ангажира во шоуто по нивниот однос.

Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека не е задоволен од новиот предлог на Хамас за прекин на огнот, а Хамас предупреди дека нема да има договор доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Нетанјаху кажа дека новиот предлог на Хамас за прекин на огнот е далеку од основните барања на Израел, додавајќи дека сè уште е неопходен воен притисок за ослободување на заложниците што Хамас ги држи во Појасот Газа.

Израелските сили вчера рано утрината ја окупираа палестинската страна на граничниот премин во Рафа, што Нетанјаху го оцени како „многу значаен чекор кон уништување на преостанатите воени капацитети на Хамас“.

Со оваа воена операција е прекинат клучниот пат за помош до Појасот Газа, што веќе е на работ на глад.

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан, вчера предупреди дека нема да има прекин на огнот доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Хамдан ова го изјави на прес-конференција во Бејрут, а делегацијата на Хамас во меѓувреме пристигна од Доха во Каиро за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот, соопшти Хамас.

-Тврдиме дека воената операција во Рафа нема да биде пикник за (израелската) армија, рече Хамдан.

„Топката е во теренот на Нетанјаху“, додаде тој.

Тој посочи дека новиот предлог за прекин на огнот со кој се согласи Хамас е „минимумот што одговара на барањата на нивниот народ и неговиот отпор“.

-Преминот Рафа беше и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин, рече Хамдан.

Состојба на патиштата

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер