Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки
1Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки
3Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)
МакедонијаФилипче: Се очекува до крајот на неделава да имаме подобра слика за состојбата со Ковид-19 Прогнозите се дека ќе имаме поинаква многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден. Мора да сфатиме дека сите сме одговорни пред ова, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат: бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати. – Но, одлуките и препораките ги носиме врз основа на две работи – прво тие бројки кои секојдневно се анализираат и деталната анализа на епидемиолошките анкети од каде учиме кои се податоци што пациентите ги даваат за начинот на трансмисија, меѓутоа и пресеците во претходните две недели секоја последователно, рече Филипче. Потенцира дека вирусот е тука, тој нема да исчезне, и мора да научиме да живееме со него. – Новите проекции за одвивањето на епидемијата, епидемиолошката крива во светот се и до 2025 година со прогноза за пикови и во 2022 година, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата пред Секретаријатот за европски прашања по повод испораката на преостанатите осум уреди за механичка вентилација и различни единици на лична заштитна опрема од поддршката на ЕУ за земјава за борба против Ковид-19. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТаткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
МакедонијаТаткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се меркиОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот. Постапка е поведена и против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата. На 20 јуни, во возило ја влечел и се заканувал на жената, а во еден момент сакал да ја удри со стаклено шише. Оштетената во возење ја отворила вратата и скокнала од возилото, а осомничениот застанал и се обидел на сила пак да ја внесе внатре. На жената и нанел телесна повреда, што е казниво според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во двата одвоени настани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кои вклучуваат: забрана на осомничените да го напуштаат живеалиштето, обврска да се јавуваат во судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените и забрана за посетување на локациите каде тие се движат, соопшти Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТаткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
МакедонијаОбвинителството бара притвор за педофил од Штип- нападнал девојче на патеката покрај Брегалница Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала. Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од ОЈО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТрагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)Три момчиња загинаа на плажа во близина на Тарагона во шпанската Каталонија каде што беше подигнато жолто знаме поради високи бранови, објавија денеска властите.Несреќата се случила во петок кога група од 6 момчиња скокнале во морето од карпите. Тројца од нив успеале сами да стигнат до брегот, додека тројца други биле извлечени од спасувачите. Дванаесетгодишно момче починало на местото на настанот и покрај напорите за реанимација. Две 13-годишници биле однесени во болница каде што починале, соопштија регионалните служби за итни случаи. Претседателот на Каталонија, Салвадор Иља, изјавил дека е „длабоко тажен“. „Во овој момент нема зборови за толку голема болка“, рекол тој на X. Градската администрација на Тарагона прогласи тридневна жалост. „Не треба да преземате непотребни ризици. Не треба да скокате од карпите под никакви околности“, изјавил градоначалникот на Тарагона, Рубен Винуалес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter