СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
2СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
МакедонијаФилипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен животПратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари. Претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, посочи дека на овој начин ќе се обезбеди работниците да имаат достоинствен живот и да ги покријат основните трошоци. Филипче истакна дека сегашната минимална плата од 26.000 денари е недоволна во услови на раст на трошоците за живот, особено на цените на храната и горивата и не обезбедува ниту приближно доволно средства за достоинствен живот, особено имајќи предвид дека огромен број работници живеат со примања меѓу минималната и просечната плата. „Во овој момент минималната плата изнесува 26.000 денари.Сметаме дека во оваа ситуација, на криза, на огромна цена на горивата, практично над 100 денари за литар гориво, за 50% зголемена цената на горивата од почетокот на оваа година, што повлече спирала на поскапување на сите продукти, најмногу на прехранбените продукти, што ја зголеми вредноста на потрошувачката кошничка, оваа минимална плата е апсолутно недоволна за добар, квалитетен достоинствен живот, пред сè, би рекол, на работниците - огромен број на работници, над 70% од работниците кои што живеат со примања помеѓу минималната и просечната плата во земјата“, рече Филипче. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека разликата меѓу минималната плата и реалните трошоци за живот е огромна, а минималната синдикална кошничка од месец во месец се зголемува. „Во услови кога минималната синдикална кошничка изнесува близу 70.000 денари, ако на тоа се додадат пари за закуп на стан, кирија или кредит кој што се враќа за станот, сумата стигнува 90 па и над 90.000 денари, сегашната минимална плата практично покрива само 37, односно 31 % од вкупните трошоци. 37% ако се исклучи сумата на кирија или кредит за стан и 31% од вкупните трошоци ако семејството плаќа кирија или има кредит со кој што отплаќа стан. Ниту три минимални плати не се доволни за да едно семејство да преживее“, рече Филипче. Тој додаде дека СДСМ по трет пат предлага минималната плата да биде 600 евра, откако власта двапати го одби предлогот. „Од оваа Влада не видовме ништо како помош да се надмине кризата, ниту една категорија на граѓани кои што живеат на работна егзистенција, социјалните случаи, семејствата кои што живеат од социјална помош, семејствата со повеќе деца, семејствата кои што имаат низок степен на образование, членовите на семејството, за жал, никој ништо не виде, никаква иницијатива, ниту пак некаква помош, некаков пакет мерки, за да им се помогне на овие семејства“, рече Филипче. На прес - конференцијата Филипче објасни и како да се обезбедат пари за реализација на зголемувањето на минималната плата, посочувајќи дека власта треба ги намали непродуктивните и луксузни трошоци. „Има ставки во Буџетот во кои што стои јасно назначено дека тоа се ставки за луксуз, за мебел, за автомобили, за патни трошоци, за членовите на власт. Нека ги скратат тие трошоци и ете ги парите со кои што ќе се зголеми минималната плата“, рече Филипче. Дополнително, Филипче посочи дека втората мерка што ја предлага СДСМ и коалицијата е државата да ги субвенционира придонесите за приватните компании што ќе ги зголемат минималните плати, со што зголемувањето нема да биде дополнителен товар за работодавачите. „Втората мерка, а тоа е субвенција за придонесите за приватните компании кои што ќе ги зголемат минималните плати и разликата во придонесот да не биде дополнителен терет на приватните компании. Значи и приватните компании да излезат во пресрет, да ги зголемат минималните плати, а разликата во придонесите која што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата со помош, пакет мерки, да го преземе на свој терет власта“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Утре наместа ќе дува силен јуженСпоред УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.Тагови: ветер УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ФудбалКрај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказАнглискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми. Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање. Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати. Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине. Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант. Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“. Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.Тагови: Мајкл Карик Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ.Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал... Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има! За сите! СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка. Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка! Сите што ја отворија вратата и ја внесоа Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик, што ја дале согласноста и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија. Пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини. Прво, кривична одговорност според Кривичниот законик. Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките. Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката. Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму. Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи. Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија. Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган. Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено? Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот. Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата. Почитувани, Во Србија има истрага, одземена е лиценцата на Алта банка, отворен е стечај, приведен е сопственикот Давор Мацура, се истражуваат 380 милиони евра, се споменуваат и фалсификувани пари. Банката била пералница на пари на Вучиќ а во Македонија ја донесоа Мицкоски и Славески. Не може во Македонија ништо да не се презема. Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат. Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон. Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити. Но на сите, буквално на сите, од Мицкоски до Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка едно треба да им биде јасно: Одговорност ќе има! Доаѓа време на правдата! Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34