Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија
1Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ЗдравјеФилипче: Само задоволни здравствени работници може да значат и задоволни пациенти Мора да сме свесни дека сите ние самите сме носители на сопственото здравје. Самите мора да сфатиме дека треба да сме физички активни, да избегнуваме храна во која има штетни докажани предизвикувачи на болести, како и пушење цигари и да одиме на превентивни прегледи. Како здравствен систем ќе правиме сè исто како и во изминатите две години, за да го зајакнеме системот и да ја зголемиме достапноста до здравствените услуги и нивниот квалитет, изјави за МИА министерот за здравство Венко Филипче, упатувајќи препораки до граѓаните за 2020 година. Најави дека ќе продолжи трендот на вработувања, зголемување на платите, иста политика кон сите нови специјализанти, дури и тие кои се запишуваат на специјализација да бидат платени исто како групата која првпат ја платиле пред година и пол. – Од нашите разговори, од секојдневната комуникација со колегите лекари и медицинските сестри тие навистина се задоволни од зголемувањето на платите досега, но посебно и тоа што ќе следи и во февруари заради тоа што ова зголемување е рекордно и никогаш немало вакво зголемување на примањата на здравствените работници, рече Филипче во врска со тоа дали годинава ќе има задоволни доктори и пациенти. Посочи дека ќе продолжат со тој тренд и годинава толку колку што дозволуваат сите економски параметри во државата. Досега, нагласи, бројките се одлични во делот на странски инвестиции, приходите во буџетот, така што само задоволни здравствени работници може да значат и задоволни пациенти и соодветен третман. – Продолжуваме и со проектот за Клинички центар заради тоа што тоа е капитален проект како за секторот здравство така и генерално за нашата економија, заради тоа што нашите граѓани заслужуваат да имаат таков високоразвиен модерен медицински центар во кој ќе ги добијат најсовремените медицински услуги. На фактичката изградба на објектот на Клиничкиот центар, појасни, ќе претходат многу други инфраструктурни проекти, за што ние веќе префрливме пари од Владата, од Министерството за здравство на Општина Ѓорче Петров за инфраструктурно средување во однос на пристапните патишта, водоснабдување, снабдување со електрична енергија и тоа се работи што многу скоро ќе почнат. – Во рамките на Министерството за здравство се одвива конкурентниот дијалог, завршена е првата фаза во која имаа право да аплицираат сите заинтересирани економски оператори, останаа два еден од Франција и еден од Германија и во периодот што следува треба да почне и фазата на дијалог. Паралелено на сето ова во рамките на Министерството за финансии се одвива дијалог со потенцијалните инвеститори заради тоа што сумата што треба да се обезбеди ќе биде од заем, рече Филипче. Во врска со изградбата на Клиничката болница во Штип, рече дека по нешто подолг период на чекање и одложување на работите заради тоа што изведувачот имал промена во политиката и промена на неговите подизведувачи веќе работниците се на терен, се работи на фасадата. Изрази уверување дека во периодот што следува уште поинтензивни ќе бидат активностите и на останатите сегменти од проектот. Годинава, најави министерот, се планира набавка на нова опрема за повеќе јавни здравствени установи. – Првпат магнетна резонанција ќе добијат болниците во Прилеп, Охрид и во Гостивар, компјутерски томограф ќе добие болницата во Гевгелија, каде што при крај е градбата на крилото во кое ќе се добие уште една операциона сала, истакна Филипче. Додаде дека ќе продолжи трендот на регионализација со продолжување на надградувањето на знаењата на лекарите со поддршка од клиниките во Скопје, поради што е сменет Законот за здравствена заштита за да направат одредена услуга подостапна за граѓаните во градовите каде што нема таква експертиза, специјалност. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕкономијаНиколоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во МакедонијаМакедонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8, што ќе значи целосна доизградба на коридорот и целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, истакна на денешното поставување камен темелник на новиот автопат, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според Николоски, станува збор за исклучително важна делница која треба да обезбеди целина на автопатското поврзување на западниот дел од државата, преку Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, овозможувајќи целосно поврзување на Коридорот 8. -Овие 12 километри се исклучително важни и треба да дадат смисла и целина на целокупното автопатско поврзување, не само од Скопје до Охрид, туку и на целиот Коридор 8. Со ова автопатско поврзување, целиот коридор добива смисла, рече Николоски. Тој нагласи дека градежните активности започнуваат токму на локацијата каде што завршува автопатот Охрид – Кичево, од каде трасата ќе продолжи кон Букојчани. Истовремено, на делницата од Букојчани до Гостивар веќе интензивно се работи на изградба на автопатско решение. "Се работи за терен кој што е планински, кој што е исклучително тежок, терен кој што бара многу знаење, многу искуство и сметам дека изведувачите кои што се избрани, заедно со надзорот и со техничката поддршка, ќе можат да завршат одлична работа и сум убеден дека во предвидениот рок од 4 години проектот ќе биде завршен", посочи вицепремиерот Николоски. Проектот, предвидува изградба на современ автопат со две возни ленти во секоја насока, со ширина од по 3,5 метри, како и помошни ленти од по 2,75 метри од двете страни. Проектираната брзина ќе изнесува од 110 до 130 километри на час. "Станува збор за една исклучително тешка задача којашто ќе ја имаат изведувачите, коишто ќе добијат целосна поддршка од Владата, од Министерството за транспорт од ЈП за државни патишта", потенцираше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Тој се заблагодари на премиерот и посочи дека почетокот на изградбата е дел од развојната визија поставена во 2024 година, со која државата треба да се позиционира како значајна крстосница на двата паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. -Сакам да се заблагодарам на премиерот, затоа што овие работи не се случајни, ова е дел од визијата која што беше поставена во 2024год. кога оваа Влада беше формирана. Ние решивме државата да ја развиваме како раскрсница помеѓу двата пан европски коридори - Коридорот 8 и Коридорот 10. Македонија нема излез на море, но има уникатна географска местоположба, која што со силни инвестиции во автопатите и железниците, треба да значи економски напредок за бројни генедариции коишто доаѓаат после нас, го заврши своето излагање министерот за транспорт, Александар Николоски. Изградбата на делницата Букојчани – Кичево претставува значаен инфраструктурен чекор кон подобра поврзаност, побрз и побезбеден транспорт и зајакнување на стратешката улога на Македонија во регионалните транспортни коридори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Демократски сојуз: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорностДемократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.Михајлова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци. Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши. Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија. Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаВо масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица Четворица со тешки телесни повреди по масовна тепачка во село Баница струмичко. На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook