МакедонијаФилипче: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права ќе растат„За работниците направивме најмногу, мора да знаат дека со социјалдемократијата нивните права и стандард ќе растат. “Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусијата „Прогресивен одговор на кризата на демократијата“, во рамките на втората Меѓународна конференција за демократија и социјална правда, организирана од Институтот „Алексис Ципрас“ во Атина. На панелот, на кој учествуваа професори од неколку светски универзитети и други говорници, меѓу кои и од Универзитетот Харвард, Филипче, како претседател на СДСМ, ги сподели своите ставови за тоа како да се заштитат темелите на демократските општества, кои сè почесто се загрозени од дејствувањето на авторитарните режими. „Мораме да ги потсетиме нашите традиционални гласачи – работниците. Треба да признаеме дека во изминатите изборни циклуси многу од нив гласаа за десните партии, заоа што се чувствуваа напуштени од нас.“, изјави Филипче. Тој го посочи примерот со Македонија, каде што, и покрај реалните вложувања и мерки за поддршка на работничките права, политиките не допреле до гласачите поради влијанието на хибридни инструменти што ги користат авторитарните режими. „Тоа е парадоксот – ова е групата граѓани за кои направивме најмногу. Го зголемивме минималецот, обезбедивме социјална поддршка, но тие не ги препознаа придобивките од нашата политика“, рече Филипче, додавајќи дека мора да се преземат конкретни мерки против овие хибридни закани. Како втора мерка, тој го нагласи значењето на подобар социјален и економски статус за работниците. „Мораме да ги поврземе нивниот социјален и економски статус со животниот стандард, за да сфатат дека тоа е демократија – систем што им овозможува да ги остварат своите идеи и да постигнат благосостојба“, појасни Филипче. Третата насока, според него, е справувањето со неконтролираниот капитализам. „Особено сегашните и многу модерни, јас ги нарекувам технофеудалисти, кои успеаја да ги придобијат нашите традиционални гласачи, не затоа што им понудија подобри услови, туку затоа што го искористија нивниот страв од глобализацијата и имиграцијата“, рече тој. Социјалдемократските и прогресивните либерални сили треба заеднички да ги искористат своите капацитети за запирање на подемот на авторитарните режими ширум светот. Филипче подвлече дека клучот лежи во отворената комуникација со граѓаните. „Без разлика колку некое прашање изгледа ирационално, мора да разговараме за тоа, бидејќи кога луѓето се плашат од нешто и нешто не им е јасно, тогаш тие одат кон авторитарните режими, затоа што се чувствуваат побезбедно“, истакна тој. Како заклучок, Филипче посочи дека иако предизвиците се големи, постои капацитет меѓу прогресивните сили да се здружат и да ги надминат опасностите што се закануваат на темелите на демократијата. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
ЕкономијаПросечната нето-плата во септември достигна 49.141 денарПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи растод 8,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.Реалниот раст на просечната нето плата, изнесувал 5,2%. На врвот на листата на исплатени плати се наоѓа и натаму ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното од листата се е сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари, со што највисоката просечна плата во земјава е два и пол пати повисока од најниската просечна плата за над 50 илади денари Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаЃорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека по години негрижа, темелно е исчистен подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.- Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува оттука. Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек. Затоа, апелирам до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците. Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици. Грижата за Скопје е секојдневна. Ние ќе продолжиме да го чистиме. Да го чуваме заедно – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВонредна состојба во Франција- итна евакуација поради силно невреме (ВИДЕО)Околу 450 лица се евакуирани поради поплави во департманот Па де Кале во северна Франција, каде што обилните дождови предизвикаа излевање на реките и поплавување на неколку села, соопштија денес официјални лица.Надлежните служби активираа план за вонредни состојби, а околу 130 училишта се затворени како мерка на претпазливост, објави префектурата на департманот Па де Кале, според телевизијата BFM. Од почетокот на бурата се регистрирани 302 интервенции, од кои 87 во текот на ноќта, додека 207 се извршени во претходните 24 часа. Четири лица мораа да бидат сместени во специјални приемни објекти, се вели во соопштението на префектурата. Француската метеоролошка служба го стави департманот Па де Кале под портокалова временска тревога поради обилните дождови и ризикот од поплави, која е на сила од вторник до денес во 14 часот. Поради влошувањето на ситуацијата, префектот вчера го активираше планот ORSEC, кој ги организира активностите на службите за итни случаи под негова надлежност во вонредни околности. 300 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост од невреме во градовите Монтре-сур-Мер и Невил-су-Монтре, додека уште 17 лица беа евакуирани во други делови од департманот, а 74 лица, вклучувајќи 35 ученици, беа преместени на безбедни локации. 🌧️ Dans le Pas-de-Calais, les cumuls de pluie sur 72h dépassent parfois les 100 mm et les inondations se multiplient, ici à Fruges. 🌊 (© Sandy Boulogne) https://t.co/Cv3GkVGCbw — Météo Express (@MeteoExpress) November 19, 2026 Спасувачките екипи, исто така, спроведоа пет операции за спасување. Според префектурата, засега нема жртви. На терен се распоредени повеќе од 200 пожарникари, 92 жандарми и 41 полицаец. Обилните дождови и површинските води погодија околу 100 општини, а ситуацијата е особено тешка во околу 30 населени места, каде што куќите се поплавени, а пристапот до некои области е многу тежок. Вкупниот број на оштетени станбени згради сè уште не е утврден. Во градот Брексан-Енок, учениците од основно училиште беа евакуирани, а 16 од нив беа однесени на горниот кат од градското собрание, каде што им беше дадена вода и ужина, изјави градоначалникот Ив Себер. Потоа децата биле транспортирани со трактор и приколка до сала за забави во соседниот град, каде што нивните родители ги зедоа. Две реки во департманот, вклучувајќи ја и крајбрежната река Канче, се ставени на портокалова тревога поради можност за поплавување, додека други се под жолта тревога. Префектурата издаде посебно предупредување за реката Канче, чие ниво на вода достигна ниво на кое е загрозено од поплавување. Ограничувања во сообраќајот и алтернативни правци се воведени на околу 40 регионални патишта поради поплавите.Тагови: невреме Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter