Сиљановска-Давкова свечено го отвори 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
1Сиљановска-Давкова свечено го отвори 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
МакедонијаФилипче: Позади кредитот од шест милијарди евра се крие антологиски грабеж„Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж“, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип.Филипче ги разобличи нетранспарентните и штетни политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди на огромните последици од ваквиот потег: „Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи. “ Филипче ја посочи и тешката реалност со која се соочуваат граѓаните секој ден. „Штипјани веќе ја чувствуваат тежината од лошите политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ – животниот стандард е на дното, платите стагнираат, младите си заминуваат. Вистината за бездната во којашто ја туркаат државата допрва ќе излегува на виделина.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во Штип. Центар за комуникации со јавност на СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова свечено го отвори 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва во Прилеп, го прогласи за отворено 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.Јубилејниот фестивал започна со изложба „60 години Војдан Чернодрински – Прилеп“ во рамките на којашто на повеќе локации се поставени артефакти од неговата долгогодишна традиција. На свеченоста беа доделени награди за животно дело: на режисерот Сашо Миленковски, на театарскиот деец Љубомир Чадиковски, на актерот и пeдагог Атила Клинче и на Веби Ќерими актер, режисер и педагог. Годинашното издание на „Војдан Чернодрински“, се одржува под покровителство на претседателката, на која во рамките на свеченото отворање ѝ беше врачена благодарница. Во своето обраќање Сиљановска-Давкова посака овој јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувана директорке на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, Почитуван министер за култура, Зоран Љутков, Почитуван градончалник, пратеници, уметници, љубители на театарската уметност, Драги пријатели, Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност. Прилеп видел генерации талентирани и расни актери, режисери, драматурзи и сценски творци, носители на улоги и претстави, коишто продолжуваат да живеат и по спуштањето на завесата. Од античката аристотеловска катарза со која се соочува човештвото денеска, преку шекспировото драмско огледало, до чернодринскиот фестивал, театарот останува ретко место каде што човекот доброволно, вклучувајќи ме и мене, се соочува со вистината. Во трагедијата ја чувствуваме тежината на изборот, во комедијата се чудиме и се смееме на сопствените слабости, во драмата ги препознаваме човечките премрежиња, во гротеската се соочуваме со нашите, човекови парадокси. Во овој дом, свет дом, се одвивале илјадници дијалози меѓу човекот и совеста на универзален театарски јазик. Тука, меѓу овие ѕидови е отелотворен уметничкиот дух, меморирана е актерската реч, вграден е вашиот говор на телото. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели коишто инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат. Денес, во време на брзи слики и куси сеќавања, театарот нè повикува не само да гледаме, туку и да чувствуваме и да проникнуваме во себе. Може ли една претстава да нè освести до болка или да нè израдува до делириум? Може ли еден актер да ни го открие човекот во нас? Може. Театарот изнедрува храбри луѓе, личности со достоинство, интегритет, ерудиција. И кога, ако не тука, ако не сега, каде што и воздухот мириса на театар, како што вели нашиот голем драмски автор, Јордан Плевнеш. Посакувам овој јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни. Јас сум почестена, исто колку и лауреатите. Чест ми е да го прогласам за отворено, јубилејното, 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечен да е.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА финале: Њујорк поведе со 2-0 , Вемби трагичар Кошаркарите на Њујорк Никс поведоа со 2-0 во големото финале на НБА, откако во вториот натпревар ги победија Сан Антонио Спарс со резултат 105:104 со што направија голем исчекор кон шампионскиот прстен.Карл-Ентони Таунс беше најефикасен во победничкиот тим со 21 поен, додека Џејлен Брансон и Микал Бриџис додадоа по 20. Кај поразените Спарси, Виктор Вембањама постигна 29 поени, но на 12 секунди пред крајот ја загуби топката , по што Ниси стигнаа до поени од слободни за триумф. Во поголемиот дел од натпреварот, Никсите ја имаа контролата врз резултатите и се чинеше дека прават сигурен чекор кон својата втора победа на гостински терен. Сепак, Спарс не се предадоа. Предводени од фантастичниот Виктор Вембанџам, успеаја да се вратат во натпреварот и да го доведат до драматична завршница. Како што се приближуваше крајот на натпреварот, домашниот тим ја надмина негативата и стигна до нерешен резултат, па на семафорот во последната минута беше 104:104. Потоа дојде моментот на одлука. Сан Антонио имаше напад за водство или последниот шут, но на 12 секунди до крајот на Вембанџам, направија фатална грешка и ја загубија топката. Никсите веднаш го искористија подарокот на противникот, постигнаа гол од пенал, а потоа Вембанџама промаши шут за победа и тимот од Њујорк оствари голема победа. WEMBY JUST THREW THE GAME AWAY 😭 pic.twitter.com/FWWzCYFHZM — BrickCenter (@BrickCenter_) June 6, 2026 Сега финалето се сели во „Медисон Сквер Гарден“, каде што „Никсите“ ќе имаат можност да направат уште два чекори кон својата прва титула во НБА по повеќе од половина век пред своите навивачи.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД ги нападнаа иранските радари откако соборија беспилотни летала над ОрмузАмериканските сили денес ги нападнаа иранските крајбрежни радарски системи откако соборија беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот теснец, соопшти американската војскаАмериканските сили денес ги нападнаа иранските крајбрежни радарски системи откако соборија беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот теснец, соопшти американската војска, во најновата ескалација што дополнително ги комплицира напорите за завршување на војната меѓу двете земји. Американската војска верува дека четирите ирански беспилотни летала биле насочени кон поморскиот сообраќај во регионот, изјави американски функционер за Ројтерс. Американската централна команда (CENTCOM) објави на социјалната мрежа X дека потоа биле извршени напади врз иранските надзорни позиции во Горук и на островот Кешм, кои се наоѓаат долж Ормутскиот теснец. Иранската револуционерна гарда соопшти дека како одговор на американските напади, испукала ракети кон американските бази во регионот и отворила оган врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ теснецот без нејзина дозвола. Кувајската воздушна одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала од непознато потекло, објавија државните медиуми, додека сирените се огласиле во Бахреин и на жителите им било наредено да побараат засолниште. Иран тврди дека ги погодил американските бази во двете земји со балистички ракети, но американската војска вели дека шест ракети биле пресретнати, додека седмата ја промашила целта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57