Филипче повика на внатрешен консензус по средбата со Марта Кос - Канал 5

Филипче повика на внатрешен консензус по средбата со Марта Кос

ЕУ да најде начин да се деблокираат евроинтергациите, а дома да се изгради национален консензус, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Филипче повика на внатрешен консензус по средбата со Марта Кос

ЕУ да најде начин да се деблокираат евроинтергациите, а дома да се изгради национален консензус, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која ги повтроил оценките дека во изминатата година имало стагнација на евроинтеграциите поради како што кажа, отсуството на стратегија и политички дијалог.

-Жалам што во изминатата година има стагнација на тој пат, некако отсуствува и стратегија и полтички дијалог и за жал се отвораат затворени прашања. Во таа смисла побарав поддршка од еврокомесарката и од неа лично и од сите европски институции да се откочи нашиот евроинтегративен пат и сакам да порачам дека ова не е време ниту за калкулации ниту за тесно и ситнопартиски интереси+ што му одговорила,- изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

На смитот ЕУ – Западен Балкан присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама чие што доаѓање го искористи лидерот на ДУИ Али Ахмети за заедничка средба на која, како што објави Ахемти, се дискутирало и за сериозните закани за Охридскиот рамковен договор, актуелната состојба со меѓуетничките односи во земјава, потребата за продлабочување на билатералната соработка помеѓу Скопје и Тирана и евроинтеграциите.

Пред средбата Ахмети на прашање на медиумите ја кометираше одлуката на Уставен за пописот дека незаконски било вградувањето на категориите „резидентно“ и „нерезидентно“ население во методологијата

-Албанците никогаш не биле поделени и никогаш нема да бидат поделени. Пописот на населението е во рамките на договорите,- изјави – Али Ахмети – Претседател на ДУИ.

Албанскиот примиер Рама утрово во придружба на амбасадорот на Албанија Мејдани прошетал и низ Старата скопска чаршија, а според објавите на медиумите седнал на кафе разговор и со функционерот на ДУИ Бујар Османи, како и Арбен Таравари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер