МакедонијаФилипче: Постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕПретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.Филипче рече дека СДСМ го поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања околу контролата и управувањето со податоците што ги собира системот. „Што се случува со податоците. Како да поддржиме закон во кој што никако не е регулирано што се случува со податоците кои што системот „Сејф сити“ ги собира. Ве снимаат сегаде низ градот, никој не знае каде сеподатоците, ниту кој ги контролира. Имаме сознанија дека има регистарски таблички на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои што преку системот „Сејф сити“ се тргнати да не се регистрираат, да не ги казнуваат своите луѓе“, рече Филипче. Тој додаде дека ваквите информации се сериозни и дека во наредниот период очекува да има дополнителни детали. „Тоа се информациите кои што стигнуваат до нас и ќе видиме во следниот период какви се информации ќе доаѓаат“, рече Филипче. Во интервјуто Филипче потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не покажува волја за системски решенија кои се во интерес на граѓаните. „Нема желба оваа влада да се направи нешто суштински што е во интерес на сите.Оваа влада е најлошата влада во историјата на државата, ниту имаат знаење, ниту капацитет, ниту искуство како се води државата, ниту имаат желба да направат нешто добро за граѓаните“, рече Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часаПовеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи. Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648. На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле. Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран. Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter