Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом д-р Хаим Абраванел во Битола - Канал 5

Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом д-р Хаим Абраванел во Битола

За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во ЗД д-р Хаим Абраванел во Битола. 

Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом д-р Хаим Абраванел во Битола

Овој проект опфаќа комплетна обнова на внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар.

По овој повод денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче го посети Здравствениот дом во Битола каде оствари средба со директорката д-р Весна Спиркоска и целокупниот медицински персонал и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Во изјавата за медиуми тој најави и дополнително унапредување на услугите кои овој Здравствен дом им ги нуди на граѓаните. Наскоро преку таа донација за Здравствениот дом во Битола ќе стигне ново амбулантно возило.

-Во овој Здравствен дом не е направена никаква инвестиција од 50тите години. Оваа установа опфаќа голем број на граѓани - пациенти на кои им пружа здравствена услуга. Целокупниот процес на реновирање ќе се финализира со замена на кровот во периодот којшто следува и помошта која се очекува да пристигне од делегацијата на ЕУ со што ќе се обезбеди ново амбулантно возило за потребите на жителите во Битолскиот регион. Честитки до директорката и целокупниот здравствен персонал кои покажаа дека може да се справат со менаџирањето на ковид кризата, но и целокупниот процес на вакцинирање во салата за масовна имунизација во Битола. - изјави министерот Филипче.

Во период од 2019 и 2020 година беше реновиран целокупниот Здравствен дом со ходниците, влезот и скалите. Во целост беше реновирана детската превентивна стоматологија и служба за здравствена заштита од 7 до 18 години. Службата за здравствена заштита на деца од 0 до 7 години, а беше набавена и нова опрема од три хематолошки бројачи, стрес тест трака, подоскоп, хелио ламби за стоматологија и два фрижидери за вакцини.

Пред две години, целосно беше реновирана службата на Итната медицинска помош, а финализирање на целокупниот процес на обнова ќе се заокружи со замена на кровот на установата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“. Трамп потенцираше дека САД, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската теснина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер