Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус - Канал 5

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

„Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. Поскапени се основните прехранбени производи јајцата, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, а знаеме дека кога тие продукти еднаш ќе поскапат назад цените нема да се вратат.

За жал Владата не направи ништо не воведе ниту една мерка да им помогне на овие категории на граѓани. Гледаме како земјите во регионот се справуваат. Потребни се мерки како што ние и нашата влада имплементираше и воведуваше за време на справувањето со кризите, за време на ковид кризата, тогашната енергетска криза, кога почна војната во Украина, поради тоа што само со такви мерки директни кон одредени категории на граѓани посебно најзагрозените тие коишто сега најмногу се жалат што очекувано дека не можат да се прехранат, најсиромашните категории пензионери, социјалните случаи, семејствата со многу деца, најслабо платените работници, мораат да видат да видат некаква помош од државата.

Еве на пример вчера го слушнавме хрватскиот премиер воведоа конкретни мерки. Освен што се ограничија цените на горивата на бензините, на гасот, одредени категории на граѓани добија помош - земјоделци, социјални случаи, рибари итн, тие на коишто најмногу им е потребно.

Во нашите влади за време на соочување со кризита беа поделени 2 милијарди евра директна помош кон граѓаните и тоа беа овие најзагрозени категории на граѓани. Дополнително имаше помош за ученици, за студенти, за луѓе со посебни потреби итн.

Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата. Но не сака да се скрати од сопствените приходи од луксуз.Затоа што кога ќе намалите ДДВ на нешто на што цената веќе основата цена пораснала, вие не го намалувате приходот во буџетот, во најмала рака останува ист, значи има пари за луксузирање на владата а нема директна помош кон граѓаните. Дополнително оваа мерка само со намалувањето на ДДВ-то на горивата никако не ја чувствуваат како бенефит компаниите. Зошто, поради тоа што компаниите имаат поврат на ДДВ-то од горивата. Тоа значи дека тие тие пари колкав и процент да се ќе си ги вратат нив им претставува тежина основната цена на горивата која што зависи од светските берзи. Значи компаниите, меѓу кои транспортните и во другите сфери кои директно учествуваат на модифицирањето и растот на цените на сите други производи, практично немаат никаква помош. И единствено што може да се очекува е да има континуиран раст на цените кои што да ве потсетам уште крајот на минатата година почеток на оваа година, пред почетокот на војната во Иран практично беа во раст. Значи ова е само еден дополнителна причина зошто кај нас цените ќе растат.

Апелирам, сметам дека владата мора да направи две работи, прво да ги прифати нашите мерки поради тоа што тие се тие мерки коишто реално ќе дадат некаков резултат и цените на горивата ќе се намалат, а ќе се стави на некој начин и пречка во дополнителниот раст на цените на храната. Да се намали освен ДДВ-то на горивата да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0%, да се намали акцизата за 4 денари. Тогаш ќе има вистинско поевтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните сега не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то поради тоа што и покрај намалувањата на ДДВ-то цените пораснаа. Со намалување на акцизата цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа во дополнителниот синџир на раст на другите цени на коишто бизнисот влијае поради тоа што се случува со поголема цена на горивата.

Понатаму, намалување на цените на патарините. Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза. Дополнително како втора работа на сето ова, посебни пакети мерки за посебни категории на граѓани, за социјално загрозените, луѓе се посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓе со ниски примања, семејства со повеќе деца. Се тоа што ние го правевме за време на кризите.

Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата. Кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза. Како да предвидовме дека криза можеби ќе има.

Дефицитот е веќе пораснат од предвидените 3,5 % е пораснат на 5,1 %, толку од предвидувањата и од менаџирањето на буџетот од премиерот поради тоа што очигледно е дека се нема капацитет оваа држава да се води како што треба.“- вели Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 50.000 луѓе во Европа починале годинава како последица на екстремните горештини

Повеќе од 50.000 луѓе починаа во Европа ова лето поради екстремна топлина, а околу 32.000 смртни случаи може да се припишат на климатските промени, покажаа две студии објавени во академското списание „Nature Health“.

Над 50.000 луѓе во Европа починале годинава како последица на екстремните горештини

Истражувањето на научници од Империјал колеџ во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина опфати 854 градови во Европската Унија, Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија, кои се дом на околу 40 проценти од населението на 30 земји, објави денес „Политико“ со седиште во Брисел.

Според резултатите од студијата, летото 2026 година беше најсмртоносното во овој век во однос на смртните случаи поврзани со топлината, значително надминувајќи ги претходните рекорди од 29.000 смртни случаи во 2022 година и 28.000 во 2003 година.

Речиси една третина од смртните случаи поврзани со топлината ова лето се случија за време на топлотниот бран кон крајот на јуни, кој собори неколку температурни рекорди.

Лицата над 85 години учествуваа со околу половина од проценетите смртни случаи, додека околу 6.000 лица под 65 години беа меѓу починатите.

Научниците, исто така, проценија повеќе од 800 дополнителни смртни случаи кај луѓе на возраст од 20 до 44 години.

Една студија анализирала смртни случаи поврзани со топлината и климатските промени помеѓу 2000 и 2025 година и открила вкупно 430.000 смртни случаи, од кои околу половина се припишуваат на климатските промени.

Водечката авторка на студијата, Клер Барнс, истражувачка за екстремни временски услови на Империјал колеџ во Лондон, изјави дека летото 2026 година веројатно било најлошото досега за смртни случаи поврзани со топлината во поголемиот дел од Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл постариот, наводно е под истрага поради сомнение дека поседува материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. 

Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)

Контроверзниот материјал во неговиот дом на Филипините наводно го пронашол неговиот син Томас Маркл помладиот, полубрат на Меган, пишува The Sun.

Што е пронајдено во неговиот дом?

Спорниот материјал наводно е пронајден во домот на Томас Маркл постариот во Себу, Филипини. Според неговиот син, станува збор за четири големи кутии што содржат „стотици, ако не и илјадници“ фотографии што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

Томас помладиот тврди дека меѓу материјалите пронашол видеа од девојчиња кои биле сексуално злоупотребени на возраст од 10 или 11 години, како и 15-минутно видео од голи девојчиња на стариот мобилен телефон на неговиот татко. Тој исто така наведува дека пронашол три фотографии од голи девојчиња, од кои едната, според него, е направена во поранешниот дом на неговиот татко во Росарито, Мексико.

Синот бил ужаснат од откритието, го пријавил својот татко во полиција

Томас помладиот (60) изјавил дека го пријавил својот 82-годишен татко во полиција. Филипинската полиција сè уште не одговорила на барањето на списанието „Пипл“ да ги потврди обвинувањата. Претставници на принцот Хари и Меган Маркл одбиле да коментираат за случајот.

На 10 јули, Томас помладиот го пријавил своето откритие во ФБИ, Националниот центар за исчезнати и сексуално експлоатирани деца на САД и во државната полиција на Пенсилванија, каде што живеел неговиот татко во тоа време. „Кога го пронајдов тој материјал, бев ужаснат и немав друг избор освен да го пријавам мојот татко“, изјавил Томас помладиот за „Сан“.

„Со години го поддржував, се грижев за него и му помагав, но тоа сега е завршено.“ Томас помладиот се грижел за својот татко поради неговите здравствени проблеми, вклучувајќи ги и последиците од мозочниот удар што го претрпел во 2022 година.

„Никогаш повеќе нема да разговарам со него, освен ако не бидам повикан да сведочам против него“, додаде тој. „Ми се слоши од она што го видов. Бев во шок и не знаев што да правам“, рече тој. „Веднаш знаев дека станува збор за нелегален материјал и дека ако не направам нешто, би можел да завршам во затвор. Се чувствував предаден, лут и згрозен. Знаев дека морам да го пријавам.“

Се наведува дека се води истрага на Филипините и САД

ФБИ потврди дека го примиле извештајот на Томас помладиот и наводно подготвува сопствена истрага. „Агентот на ФБИ веќе побарал контакт информации на истражителите кои работат на случајот на Филипините“, изјавил извор запознаен со случајот за The Sun.

YouTube video

Во меѓувреме, Филипинскиот меѓуагенциски совет за борба против трговијата со луѓе наводно формирал специјална работна група, предводена од полициска единица специјализирана за заштита на жени и деца.

Меган не разговарала со својот татко од 2018 година

Меган Маркл е надвор од контакт со својот татко уште од подготовките за нејзината свадба со принцот Хари во мај 2018 година. Томас Постариот требало да ја одведе својата ќерка до олтарот, но на крајот не присуствувал на свадбата. Неговото отсуство следува по скандалот со лажни папарацо фотографии и здравствени проблеми.

Наместо тоа, Меган беше придружувана дел од патот до олтарот од тогашниот принц од Велс, денешниот крал Чарлс III. Оттогаш, односот меѓу Меган и нејзиниот татко е затегнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 16 загинати во земјотресот од 7 степени во Кина (ВИДЕО)

Најмалку 16 лица загинаа, а 32 се повредени во земјотрес со магнитуда од 7 степени што го погоди Тибет, Кина, во четврток вечерта. 

Најмалку 16 загинати во земјотресот од 7 степени во Кина (ВИДЕО)

11 од повредените се во сериозна состојба. Најмалку 339 куќи се урнаа.

Земјотресот го погоди округот Бакинг, градот Нагку во северен Тибет, во 22:33 часот по локално време. Кинескиот центар за земјотресни мрежи процени дека епицентарот бил длабок 10 километри, додека Американскиот геолошки завод (USGS) ја процени длабочината на 18 километри.

Спасувачките екипи продолжија да пребаруваат и да им помагаат на жителите. Полицијата и пожарникарите поставија шатори за луѓето раселени од земјотресот.

Кинеската државна телевизија CCTV објави дека тоа е најсилниот земјотрес што го погодил регионот во последните пет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер