Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било - Канал 5

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Фасцинантно е како денеска, повеќе од еден век подоцна, се живи и актуелни идеите, пораките и вредностите на нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Филипче кој положи цвеќе во црквата „Свети Спас“ каде беше одбележана 122-годишнината од смртта на Делчев, потенцира дека како општество се уште имаме многу работа пред себе.

-Дел од визиите на македонскиот револуционер денеска звучат дури и поактуелно отколку во неговото време. Тоа е јасен сигнал дека како општество се уште имаме многу работа пред себе, дека треба да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија, истакна Филипче.

Тој повика, во време на глобална технолошка трансформација, доминација на вештачка интелигенција и социјални медиуми, да се вратат суштинските вредности што ги промовирал Делчев: единство, заедништво, културен натпревар и градење национален идентитет преку прогрес, а не преку изолација или пасивност.

-Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока – а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа – да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности, подвлече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос Анџелес

Светската музичка ѕвезда, Шакира и Бурна Бој ќе ја изведат официјалната песна „Dai Dai“ на отворањето на Светското фудбалско првенство 2026 во Мексико Сити, соопшти ФИФА. 

Шакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос Анџелес

Настапот ќе се одржи на 11 јуни, пред првиот натпревар на турнирот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.

Церемонијата на свеченото отворање ќе започне 90 минути пред стартот на натпреварот, а покрај Шакира и Бурна Бој, на сцената во Мексико Сити ќе настапат и Алехандро Фернандес, Белинда, Дени Оушн, Џеј Балвин, Лила Даунс, Лос Анџелес Азулес, Мана и Тјала.

YouTube video

„Dai Dai“ е официјална песна на Светското првенство 2026 и е поврзана со FIFA Global Citizen Education Fund, иницијатива што има цел да собере 100 милиони долари за пристап до квалитетно образование и фудбалски можности за деца ширум светот.

ФИФА за ова издание на Мундијалот планира три церемонии на отворање — по една во секоја земја домаќин: Мексико, Канада и САД. Во Торонто, на 12 јуни, пред натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, ќе настапат Аланис Морисет и Мајкл Бабл. Во Лос Анџелес, истиот ден, пред дуелот меѓу САД и Парагвај, најавени се Кети Пери, Лиса, Рема, Анита и Фјучер.

Шакира има долга историја со Светските првенства: настапуваше и на претходни мундијалски изданија, а нејзината „Waka Waka“ од 2010 година останува една од најпознатите фудбалски химни во светот. Со „Dai Dai“, таа повторно се враќа на најголемата фудбалска сцена, овојпат заедно со нигериската ѕвезда Бурна Бој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инвеститори веќе нудат 150 милијарди долари за компанијата на Маск

Светот полуде по акциите на компанијата на Маск - Инвеститорите веќе нудат 150 милијарди долари.

Инвеститори веќе нудат 150 милијарди долари за компанијата на Маск

Интересот на инвеститорите за првичната јавна понуда на акции (IPO) на вселенската компанија SpaceX моментално е приближно двојно поголем од планираниот износ на емисија од 75 милијарди долари, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Изворите наведуваат дека инвеститорите досега изразиле побарувачка во вредност од околу 150 милијарди долари. Иако таквото ниво на интерес не е невообичаено за помали јавни понуди, аналитичарите проценуваат дека тоа претставува значаен сигнал за доверба на пазарот, имајќи предвид дека станува збор за најголемата IPO во историјата.

Конечната цена на акциите треба да се утврди на 11 јуни, додека почетокот на тргувањето на берзата Nasdaq е планиран за 12 јуни. SpaceX планира да собере 75 милијарди долари по акција, со цена од 135 долари, што би ја вреднувало компанијата на околу 1,75 трилиони долари.

Компанијата, основана и предводена од американскиот претприемач Елон Маск, е најголемата приватна вселенска компанија во светот и лидер во областа на лансирање ракети и сателитски комуникации.

Нејзината сателитска мрежа Starlink обезбедува интернет услуги низ целиот свет, додека компанијата развива и напредни проекти поврзани со истражување на вселената и вештачка интелигенција. SpaceX доверливо поднесе барање за IPO во април, а се очекува нејзината јавна понуда да стане најголема во историјата на пазарот на капитал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: ИЈЗ беше институција која тонеше во долгови, а денес инвестира во опрема

ИЈЗ беше институција која тонеше во долгови, а денес инвестира во опрема , во инфраструктура и придонесува за јавното здравје

Мицкоски: ИЈЗ беше институција која тонеше во долгови, а денес инвестира во опрема

„Добар ден и од мене би сакал да не се повртoрувам со тоа што досега беше кажано. Би сакал да честитам на тоа што е направено; од една институција која што тонеше во долгови денеска имаме инстиуција која што инвестира во опрема, во реновирање на инфраструктурата. Институција која што генерално се грижи за јавното здравје, за разлика од институција во минатото, а вие сте сведоци за оние ревозирски извештаи коишто се од минатото на која што служела за се, само за она за што требала да служи, а тоа е да се грижи за јавното здравје.

Би сакал да се заблагодарам на директорката која што со своето залагање допринесува да секој ден имаме пријатни изненадувања од оваа институција, да се заблагодарам на министерот, на луѓето во министерството, на директорот на здравствениот фонд за поддршката за цело време што ја даваат во оваа институција и се разбира најголема благодарност до вработените во Институтот за јавно здравје, до сите оние кои што се борат, се трудат, работат тука секојдневно за да постигнат резултат повеќе. Тие се оние херои коишто треба да им одадеме една голема благодарност.

Така што јас би сакал што почесто да се гледаме на вакви поводи каде што ќе можеме да ги поправаме грешките кои што се потсетник на едни минати времиња кои што никој не сака да ни се повторат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер