Филипче: Политичката изолација што ја создаде Мицкоски води кон економско пропаѓање - Канал 5

Филипче: Политичката изолација што ја создаде Мицкоски води кон економско пропаѓање

Во текот на вчерашниот ден и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. 

Филипче: Политичката изолација што ја создаде Мицкоски води кон економско пропаѓање

По најавата за така наречениот „супер вторник“, тоа е следниот вторник, на 14 јули, кога ќе се одржат повеќе меѓувладини конференции за четири земји, очигледно идните земји-членки, а сега кандидати за членство во Европската Унија, со што ќе се отворат повеќе кластери и ќе се затворат повеќе поглавја.

Ќе се отворат кластери за преговори за Украина и за Молдавија, ќе се затворат повеќе поглавја, две односно три, за Црна Гора и Албанија.

Притоа, со конкретни чекори Европската Унија кажува дека проширувањето е високо на листата на приоритети во нивната агенда.

А притоа, и за време на последната посета на еврокомесарката Марта Кос, која јасно, гласно и недвосмислено кажа дека треба Македонија јасно да каже дали останува на европскиот пат, очигледно е дека, благодарение на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ние на тој пат повеќе не сме.

Очигледно е дека сме заложници на личната немоќ на премиерот Мицкоски да се справи со ова најважно прашање за нашата иднина, за иднината на граѓаните на Македонија, а тоа е членството во Европската Унија.

Заложници сме на неговата некапацитетност да изгради државна стратегија за тоа како ќе станеме земја-членка на Европската Унија.

Заложници сме на лагите со кои тој дојде на власт и сега со истите лаги останува на власт. Тоа што не ни бега и што е очигледна иднина на оваа држава, која во овој момент ја води Христијан Мицкоски, е очигледната изолација.

Кога има сè повеќе информации и официјални извештаи на Европскиот парламент кои укажуваат дека има силно руско влијание во регионот, дека има центри во Србија на разузнавачките руски служби кои влијаат на земјите во регионот и го поткопуваат нивниот суверенитет и го забавуваат пристапувањето во Европската Унија, очигледно е дека една од тие земји во кои овие активности имаат резултат е Македонија.

Остануваме надвор од сите европски текови, подложни на силно влијание на процеси кои му штетат на евроинтегративниот процес, кој со децении наназад е стратешка определба на нашата земја.

Се поставува прашањето: гледаат ли граѓаните што се случува и каде и на кој начин Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја водат земјата?

Иднината на државата е неизвесност. Наместо да се спроведуваат реформите, наместо да се чекори напред кон Европската Унија, сега, кога очигледно вратите се отворени како никогаш досега, кога никогаш досега немале поддршка земјите-кандидати да станат земји-членки на Европската Унија, меѓу другото и поради во овој момент многу карактеристичните геополитички и геостратешки придвижувања насекаде во светот, посебно во Европа, ние остануваме на страна.

Остануваме под влијание на други земји кои немаат интерес регионот и Македонија да се интегрираат во Европа.

Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во следниот седумгодишен буџет на Европската Унија се предвидени над 3 милијарди евра неповратни средства, додека ние се задолжуваме во милијарди евра од непознати кинески извори, со кој знае колкави камати, кои ќе ги враќаат следните генерации.

Каде води тоа? Тоа води таму каде што веќе сега ги чувствуваме првичните резултати: пад на странските инвестиции, пад на индустриското производство, стагнација на платите, на просечната и на минималната плата, стагнација на платите во здравството, во образованието, стагнација на примањата во социјалните трансфери, несигурност кај пензионерите, затоа што не се знае и Владата не кажува што се случува со вториот пензиски фонд, кој треба да се менаџира за идните пензионери да примаат пари од таму.

Напротив, се поткрева и кај нив сомнежот за тоа дали воопшто ќе има пари за исплата на пензиите.

Понатаму, хаос во земјоделството, луѓе кои не можат да преживеат поради тоа што немаат доволно средства, немаат субвенции од државата, и сето тоа Владата на некој начин сака да го маскира со тоа што предлага еден ребаланс кој не е ништо друго туку бројки на хартија, кои никако нема да можат да се остварат, впрочем како што не се оствари ниту овој буџет што се носеше на почетокот на годината.

Префрлување од едно место на друго, закрпување дупки, нешто од што ниту граѓаните ќе видат некаков бенефит, а уште помалку државата во целост, во контекст на остварувањето на стратешките цели.

Притоа, единственото нешто што го прави премиерот е да раскажува приказни. И тоа е единственото нешто во што е добар.

За жал, граѓаните веќе не му веруваат. Тоа дека сме биле трета економија во Европа, тоа дека тука течат мед и млеко, но граѓаните знаат дека тоа не е вистина, затоа што фрижидерите и паричниците едноставно им се сè попразни.

Следуваат тешки есенски месеци, во кои не се знае колкава ќе биде цената на струјата, што ќе покрене дополнителен бран на поскапувања.

Политичката изолација носи економско упропастување на земјата. Со блокадата на европската иднина ризикуваме да останеме последни во регионот.

Ризикуваме да останеме слепо црево на Балканот, на Европа, земја од која младите единствено ќе мислат како да се иселат, поради тоа што нема да имаат можности тука и ќе сакаат да живеат и да работат во нормални, европски, развиени земји.

Очигледно е дека сме заложници на Христијан Мицкоски и на неговата криминална група, за која единствено нешто за кое работи се нивните лични интереси.

YouTube video


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и на турското малцинство,.

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и на турското малцинство, посочувајќи на заплашување, кривичен прогон и на попречување на културните активности на двете заедници.

Во соопштението се наведува дека во леринскиот округ, грчките власти ги попречувале традиционалните фестивали на кои се пеат песни и се играат ора на македонски јазик. Меѓу примерите се наведуваат прекинување на културни настани во леринските села, како и кривични пријави против припадници на македонската заедница.

ЕФА реагира и поради неспроведувањето на пресудите на европскиот суд за човекови права во предмети поврзани со македонските и со турските организации, чии пресуди остануваат неспроведени 18 години.

Од организацијата бараат Грција да ги спроведе пресудите од Стразбур и да им овозможи на македонските и на турските културни организации слободно да работат и да преземе мерки за заштита на малцинствата од говор на омраза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери во Франција се обиделе да ги уништат залихите на крв

Француските власти потврдија дека е спречен сајбер-напад врз неколку француски банки за крв, пред тој да предизвика штета на крвните продукти.

Хакери во Франција се обиделе да ги уништат залихите на крв

Напаѓачите се обиделе од далечина да ја зголемат температурата во просториите за складирање, но обидот бил навреме осуетен, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Инцидентот се случил набргу откако неколку супермаркети низ Европа пријавија слични проблеми претходно оваа недела.

По хакерскиот упад во нивните системи, температурите во фрижидерите и замрзнувачите се зголемиле, што довело до расипување на големи количества храна и предизвикало штети во вредност од милиони.

Француската установа за крв (EFS) соопшти дека во понеделникот, на три локации за складирање плазма, „поставките за температура и одмрзнување биле зголемени на екстремно високи нивоа“. Во објектите се наоѓале ќеси со плазма наменета за трансфузија, како и плазма што се користи во производството на лекови.

Сите крвни продукти се преместени на безбедна локација или на друг начин се обезбедени. Од EFS изјавија: „Не се утврдени никакви последици по здравјето, а не е изгубен ниту еден крвен продукт“. Нападот бил насочен кон добавувач на опрема за ладење, кој соработува со EFS на тие три локации.

Од институцијата објаснија како е спречена штетата: „Системите за следење и предупредување брзо ги открија аномалиите. Ова им овозможи на вработените навремено да реагираат и да осигурат дека крвните продукти и примероците ќе останат зачувани“, се наведува во соопштението.

Од EFS нагласуваат дека собирањето и дистрибуцијата на крв продолжуваат без прекин, со што се гарантира дека редовната грижа за пациентите во болниците и другите здравствени установи останува незасегната. Инцидентот моментално е предмет на истрага од страна на Француската национална агенција за сајбер-безбедност и Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?

Шпанскиот фудбал е потресен од смртта на 30-годишниот Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе, кој почина по судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?

Додека семејството, соиграчите и навивачите се простуваат од починатиот фудбалер, шпанските медиуми пишуваат и за тешката ситуација во која се најде голманот кој учествуваше во кобниот судир. Според извештаите, нему му се заканува повеќегодишна затворска казна.

Овоно, репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, е длабоко потресен од трагедијата. Според информациите од шпанските медиуми, тој е „во целосен шок“ и имал намера приватно да стапи во контакт со семејството на починатиот фудбалер за да им се извини.

Како што претходно објави „Спорт“, голманот сакал да се поврзе со семејството уште пред да биде потврдена смртта на Де Мигел. Сепак, трагичниот исход ја направи и онака исклучително чувствителната ситуација уште потешка.

По натпреварот во кој настрада Де Мигел, Овоно се соочи со лавина навреди на социјалните мрежи, поради што ги избриша своите профили.

Некои навивачи го нарекоа „убиец“ по судирот по кој Де Мигел остана неподвижен да лежи на теренот. До кобниот судир дојде кога Овоно истрча од својот гол обидувајќи се да стигне до топката. Голманот доби црвен картон за прекршокот, а Де Мигел се здоби со тешки повреди, од кои подоцна почина.

Покрај личните последици од оваа трагедија, за Овоно сега би можеле да следат дисциплински санкции, а се поставува и прашањето за можна кривична одговорност.

Според член 102 од Дисциплинскиот правилник на Шпанската фудбалска федерација, за насилно однесување кон противник за време на натпревар, кое резултира со сериозни повреди или други тешки последици, предвидена е суспензија во траење од четири до 12 натпревари.

Оваа одредба би можела да се примени и во случајот на Овоно, но конечната одлука ќе ја донесе надлежното дисциплинско тело откако ќе ги разгледа сите околности. Казна од осум, десет или 12 натпревари би била во рамките на пропишаниот опсег, но не постои автоматска санкција во случај на смрт на фудбалер. Шпанските медиуми известуваат дека може да се очекува изрекување на најстрогата предвидена санкција.

Покрај спортската санкција, се поставува прашањето дали Овоно може кривично да одговара за смртта на противничкиот фудбалер.

Според член 142 од шпанскиот Кривичен законик, како што пренесува „Марка“, за лишување од живот од небрежност (поради груба небрежност) предвидена е казна затвор во траење од една до четири години. За полесен облик на небрежност предвидена е парична казна, чиј износ се одредува според системот на дневни износи.

Сепак, фактот што еден фудбалер починал по судир, не значи автоматски дека другиот сторил кривично дело. За да постои евентуална кривична одговорност, би било неопходно да се докаже дека Овоно сериозно ја прекршил должноста за внимателност што се очекува при спортска активност, дека фаталниот исход бил објективно предвидлив и можел да се избегне, како и дека постои неопходна причинско-последична врска помеѓу неговите постапки и смртта на Де Мигел.

Полицијата отвори истрага за смртта на фудбалерот. Шпанската полиција веќе отвори истрага за смртта на Хесус де Мигел, а случајот е под судски надзор. Како што пренесуваат шпанските новински агенции EFE и Europa Press, како и јавниот телевизиски сервис RTVE, и државното обвинителство спроведува прелиминарни истражни дејствија.

Надлежните органи нагласуваат дека истрагата се покренува автоматски во случаи на смрт што не настапила од природни причини. Нејзиното покренување не значи дека Овоно е осомничен или обвинет за кривично дело. Евентуалната дисциплинска постапка од страна на Шпанската фудбалска федерација и можната кривична одговорност се две посебни прашања.

Фудбалската федерација ќе треба да го оцени однесувањето на голманот согласно со сопствениот Дисциплински правилник, додека евентуалната кривична одговорност би требало да се утврди во соодветна правна постапка.

Правилата на самата федерација предвидуваат независност помеѓу спортската и кривичната одговорност, како и можност случајот да се препрати до државното обвинителство доколку постојат индиции дека е сторено кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер