Филипче: Покрај Ковакс и „Фајзер", се разгледува можност за набавка и на кинески вакцини - Канал 5

Филипче: Покрај Ковакс и „Фајзер", се разгледува можност за набавка и на кинески вакцини

Чекаме детали во однос на договорот, цената и испораката и верувам дека до крајот на оваа недела сите овие детали ќе ги имаме. 

Филипче: Покрај Ковакс и „Фајзер", се разгледува можност за набавка и на кинески вакцини

Здравствените власти во земјава сериозно ја разгледуваат можноста за набавка на вакцините против ковид-19 на кинеските производители „Синовак" и „Синофарм", потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју телевизиско интервју. Со помош на кинеската амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини.

– Чекаме детали во однос на договорот, цената и испораката и верувам дека до крајот на оваа недела сите овие детали ќе ги имаме. Сега не би сакал да зборувам за рокови, меѓутоа, суштината е во тоа што очигледно е дека производителите кои први успеаја да излезат на пазарот, а тоа е „Фајзер", на пример, имаат проблем со капацитетот. Повеќе европски земји најавуваат и тужби поради неисполнување на договорите, Хрватска го прекинува процесот на имунизација и тоа е нешто што не тера да работиме буквално на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизација, секако, со сите овие безбедни вакцини", вели Филипче.

Според него, проблем не би требало да претставува тоа што кинеските вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови.

– Сосема соодветни се документите, сертификатите што сите производители на вакцини ги имаат од своите матични земји. Во таа смисла, начинот на кој се евалуираат сите резултати од клиничките студии, процесот на изработка на вакцините, конкретно овие за кои зборуваме, е одлично познат на нашите експерти. Токму тоа го анализираа буквално за сите вакцини кои се сега на пазарот, така што, нема никаква административна пречка и, секако, дека нема сомнеж во нивниот квалитет, истакна Филипче

Сепак, вели дека земјава не се откажува од планираните дози преку Ковакс-механизмот, за што е најавен состанок в петок на кој треба да се прецизира кога и колкава количина вакцини ќе дојдат во земјите кои аплицираа преку овој механизам. Се чека и одговор на „Фајзер" во делот на деталите од договорот и дозвола за количините кои треба да пристигнат од Србија.

Најавата за можно набавување на вакцини од Кина доаѓа во услови на доцнење на испораката на вакцините на „Фајзер" и на другите западни производители, за што некои држави членки на ЕУ најавија и судски спорови. Филипче вели дека се обидуваат да обезбедат количини од сите производители за кога ќе започне процесот на имунизација да нема пауза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ 

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“

Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани.

Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден.

Програма за 9 август (недела) Локација: Europe House Struga 17:00 Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани 19:00 Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма Grandpa's Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на мешана натпреварувачка програма Меѓународна програма Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss Регионална програма SOS, режија: Anita Morina Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma' Awawdeh Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.

Со почит, тимот на Дрим Шорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

Лицата се лишени од слобода, следуваат пријави по брза постапка.

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

На 8 септември се одбележуваат три и пол децении откако граѓаните во 1991 година ја донесоа историската одлука за суверена и самостојна држава.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

Прогласувањето на независноста не беше само формален политички чин, туку крунисување на вековниот стремеж за сопствена татковина. Овој јубилеј е потсетник за сите предизвици, успеси и клучни пресвртници кои го дефинираа македонскиот идентитет во изминатите 35 години.

По тој повод е изработен и видео спот кој потсетува на сите значајни моменти во овие изминати 35 години, прогласувањето независност, воведувањето на денарот како македонска валута, спортските успеси, достигнувањата во кинематографијата, музиката и т.н.

Видео спотот завршува со прекрасна порака: „Приказната продолжува, а најубавите страници допрва треба да ги испишеме.“

Видеото е изработено со цел да се промовира музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден!“, кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер