ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
2ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
3Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
МакедонијаФилипче: Подготвени сме да разговараме за една изборна единицаФилипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии. По повикот на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера на седницата за пратенички прашања ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии. - Подготвени сме да разговараме за било што, меѓутоа тоа е работа во која треба да учествуваат сите политички партии затоа што не е само прашањето за една изборна единица, туку тука е и прашањето за цензусо, за отворените листи, изјави денеска Филипче пред почетокот на настанот „Прогресот на Македонија во Берлинскиот процес и Планот за раст“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС). Премиерот Мицкоски вчера од собраниската говорница рече дека со измените ќе и се овозможи и на дијаспората да гласа и нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за измените. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: САД и Иран имаат „многу добри разговори“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација имала „многу добри разговори“ со Иран за време на вчерашните целодневните преговори, поттикнувајќи ги очекувањата за крај на петмесечниот конфликт.Утринава цените на нафтата паднаа, со надеж дека наскоро би можел да се постигне договор за обновување на сообраќајот низ блокираниот Ормутски теснец. „Тие имаа целодневни преговори“, изјави Трамп за емисијата „ Night“ на Фокс њуз. Ормутскиот теснец „ќе биде отворен многу наскоро“, додаде Трамп. „Ако повторно се повлечат, ќе бидат силно погодени“. Трамп честопати се закануваше со масовни напади доколку Техеран не постигне договор, а потоа се повикуваше на напредок во разговорите кои досега не успеаја да ги прекинат непријателствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА го укинува правилото што со години ги збунуваше навивачитеЕвропската фудбалска унија (УЕФА) воведе две важни измени во правилата за своите клупски натпреварувања. Веста се однесува на системот на суспензии поради жолти картони, но и на прикажувањето на времето на стадионите за време на натпреварите. Двете измени стапуваат на сила веднаш и ќе важат за сите три клупски натпреварувања на УЕФА – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Една од најважните промени се однесува на акумулираните жолти картони. Според новите правила, играчот ќе добие суспензија од еден натпревар дури по четвртиот жолт картон, наместо по третиот, како што беше случај досега. Оваа промена им овозможува на играчите да одиграат повеќе натпревари пред да бидат принудени да паузираат поради акумулирани јавни опомени. Уште една промена ќе биде веднаш забележлива на стадионите. УЕФА ја укина долгогодишната забрана според која официјалните семафори не смееја да го прикажуваат времето по 45-тата и 90-тата минута од натпреварот. Тоа значи дека отсега часовникот на стадионот ќе продолжи да го мери времето и за време на судиското надополнување – практика што веќе постои во некои национални првенства, вклучително и во Премиер лигата. На тој начин, навивачите на трибините ќе имаат подобар преглед за тоа колку време преостанува до крајот на натпреварот за време на судиското надополнување.Тагови: УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за МакедонијаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија. Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата. Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар. Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија. Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем. Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08