1Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаФилипче: Почнуваат со работа модуларната болница до Инфективната клиникаПочнуваат со работа модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември" и три тријажни центриОд денеска почнуваат со работа модуларната болница до Клиниката за инфективни болести, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември", еден дополнителен тријажен центар на Институтот за ТБЦ и два тријажни центри во рамките на Здравствениот дом, веројатно тоа ќе бидат поликлиниките „Јане Сандански" и Ѓорче Петров. Направен е распоред на лекарите и согласно тој систем на постојана комуникација која ја имаме ќе бидат препраќани пациентите со цел да им се даде соодветно болничко лекување. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека евидентно е дека и понатаму расте бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19, а се зголемува и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. – Најголем притисок има во болниците во Тетово и во Гостивар, во Струга исто така се засилува. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар 70 пациенти, нивните интерни инфективни одделнија се со исполнет капацитет и имаат простор за уште неколку дополнително делови од одделенијата. Болницата во Лешок е полна со пациенти на кои им е потребен прием и согласно тоа утрово направивме координација во однос на тоа каде да се праќаат пациентите. Викендов имаше голем притисок како од тие градови, така и тука од Скопје во однос на Клиниката за инфективни болести и Институтот за тубекулоза, и тие капациетти се целосно исполнети, рече Филипче. Потенцира дека вакцинацијата добро се одвива после најавените мерки, што, според него, е добар сигнал. – Верувам дека истите трендови ќе продолжат. Минатата недела имаше денови кога достигнавме до бројка и до 8000 граѓани кои се пријавија да примат прва доза вакцина. Некаде 50 000 вакцини се дадени минатата недела, верувам дека тој тренд ќе продолжи за да со забрзано темпо се зголемува опфатот со вакцинација, која изнесува 35 проценти на територијата на целата држава. Процентот на вакцинирано население над 70 години од 63 порасна на 70 проценти и на граѓаните над 50 години од 45 до околу 50 проценти. Гледаме дека има голем број пациенти во градовите каде опфатот со вакцинација е понизок. Градовите каде има висок процент на вакцинирани се Охрид, Битола, Штип, нема пациенти со болниците, што верувам дека и натаму ќе остане така, истакна Филипче. Додаде дека досега се вакцинирани 4000 деца на возраст до 18 години во сите возрасни категории, а најмногу се вакцинираат на возраст од 16, 17 и 18 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Можна е средба со Русите во МајамиОфицијални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места. „Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“. Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс. „САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали. Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook