По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство
2По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство
Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаФилипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче. Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад. „Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче. За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина. Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година. Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. „Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче. Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата. „Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаДимовски: Пари, но и авантуризам и идеологија се чести причини за вклучување во тероризам Дали македонските граѓани се лесна мета за врбување во терористички и паравоени организации но и колку наши жители се ставени во функција на странски терористички ќелии? Овие прашања се актуелизираат по апсењето на четворица македонски државјани под сомнение дека планирале атентат во Грција како дел од меѓународна терористичка организација. На оваа тема Афродита Рамос разговараше со Злате Димовски - професор од Факултетот за безбедност. Во видеото погледнете го целиот разговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство Законско решение за борба против насилствата врз жени и семејното насилство постои, но потребна е негова итна имплементација. Ова го бараат од Националната мрежа против насилство врз жени, особено по последниот случај во Охрид со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и неодамнешниот фемицид во Богданци, во кој од својот партнер беше убиена 17-годишната Билјана Ќириќ. Според Елена Димушевска од националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, институциите и досега можеле навреме и координирано да реагираат во повеќе случаи кои за жал завршија трагично, но нагласува дека предложените измени на овој закон, сепак ќе им дадат поголеми овластувања на полицијата и другите надлежни институции. За Димушевска клучно е и државата да оддвои доволно финансиски средства за превенција и заштита на жртвите. – Предлог измените во законот ќе дадат поголеми овластувања на полицијата, ќе обезбедат подобра заштита за жените жртви – се предвидува можноста за она што сега е доста актуелно, а тоа се електронските алки односно електронско следење на движењето на насилникот во случаи кога има привремена мерка за заштита...Но повторно ќе напоменам, ова е само унапредување на нешто што е постоечко. Случаите на насилство и насилството во нашата држава се случува заради неитна реакција на оние коишто треба да реагираат. Дали понатаму заштитата за жртвите ќе биде унапредена зависи и од друг еден значаен фактор – а тоа е одвојување финансиски средства,-изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Измените на законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се доставени до Собранието уште од 26 август, но до денеска не се усвоени и поркај притисокот од јавноста. Во новите измени се предвидени и електронски алки за следење на насилниците, но и поголеми овластувања на полицијата. -Полициските службеници и стручните работници во центрите за социјална работа ќе треба да направат проценка на ризик најдоцна во рок од 12 часа. Полицијата ќе може на самото место да издаде усна наредба за итни мерки: отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контактирање со жртвата.– Предлог за изменување на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. -Токму за поголема координираност меѓу институциите во случаите со семејно насилство, се обврзаа министрите за внатрешни работи и социјална политика на состанок со обвинителот Савески, но според Димушеска, поголемото прашање е – дали лицата кои ќе интервенираат на терен се навистина професионалци и подготвени да им помогнат на жртвата. Таа нагласува дека институциите треба да реагираат и кога има родово-базирано, а не само семејно насилство. – Прашањето е кој ќе ги импелемтира, кои се професионалците што ќе бидат дел од овие тела – дали тие ќе бидат во доволен број или дали тие ќе бидат доволно обучени за да направат проценка на ризик, затоа што знаете од проценката на ризик зависат сите следни чекори. Ако не се направи соодветна процена на ризик , тогаш и чекорите кои ќе се направат понатаму може да не обезбедат соодветна заштита за жртвата. Ова не смее да остане само за случаи на семејно насилство, како што го прочитав заклучокот од нивниот состанок, ние не смееме да останеме само на семејно насилство, ние мораме да дискутираме за родово базирано насилство, затоа што случајот во Охрид, во Битола, во Богданци се случаи на родово базирано насислтво, не на семејно, тие не живееле заедно,--изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Барањата за поголема заштита на жените кои се жртви на насилство беа истакнат и на мирен протест вчера во Охрид. Граѓаните преку марш од плоштадот до полициската станица во Охрид го искажаа своето незадоволство од непостапувањето на институциите и побараа во иднина да се стави крај на ваквите случаи. Граѓанската организација ниту една повеќе пак и платформата за родова еднаквост со блокада пред Влада во петокот побараа институциите навремено и брзо да реагираат при семејно насислтво и насислтво врз жени, а нов протест во главниот град е закажан за 25 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоЗаладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33