Филипче: Огромен процент од дијагностицираните случаи се со лесна клиничка слика - асимтоматски, а само 8 пациенти се на механичка вентилација

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на прес-конференција информираше дека денеска се регистрирани 7 оздравени пациенти, починати се три лица, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 3152. 

Бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343. Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид-19.

Во однос на состојбата на пациентите во јавно-здравствените установи, тој истакна дека на Инфективната клиника има вкупно 71 пациент и нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ има 42 пациенти, на респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти.

„Во изминатите денови, практично цела измината недела, се направи таргетирано тестирање- скрининг на контакти на заболени. Екипите на центрите за јавно здравје интензивно работеа на терен во кризните региони и бројката која ја гледаме овие неколку дена е резултат на тоа. Ова беше сосема очекувано и ние тоа го најавивме. Таквото тестирање беше рана дијагностика и навремена изолација на контактите на лицата кои се носители на вирусот во рамки на познатите кластери. Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни и други собири, па со ваквата стратегиja практично ги изолиравме сите контакти на заболените кои се без симптоми. Полицискиот час за викендов дозволи многу полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти што претходно беше многу отежнато во последните денови. Позитивно е што покрај првичниот отпор кај дел од контактите сега веќе имаме подобра соработка и успеваме полесно да пристапиме и тестираме. Апелирам уште еднаш граѓаните максимално коректно да соработуваат со епидемиолозите и да даваат точни податоци. Огромен процент од дијагностицираните случаи се со лесна клиничка слика или се асимтоматски и од вкупниот број само 8 пациенти се на механичка вентилација“, потенцираше министерот Филипче.

Тој истакна дека околу 65% од активните позитивни случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а од нив 90% припаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите 3 кризни региони каде најголем процент од заболените и тие се рамките на истите кластери.

„Кластерската анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир, прослава во период на 24ти и 25ти мај, односно точно пред две недели, а на што укажа деталната анализа во епидемиолошките прашалници. Овој бран е резултат на ова и повторно ќе кажам, непочитувањето на мерките не доведоа до овој нов бран. Анализата во текот на поседните 7 дена покажува дека успеваме жариштата да ги задржиме во рамки на одредени територијални целини, односно дека нема значајно ширење надвор од нив. Една од дилемите кои се појави е ширењето во други општини во Скопје, надвор од првичните кризни Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел. Тоа е очкувано затоа што Скопје функционира како една целина дека голем дел од овие кои се нови во други општини се исто така поврзани со настаните од ист период. Во периодот кој следи комисијата ќе предложи до Владата, во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето“, рече министерот Филипче и додаде дека непочитувањето на мерките за заштита го донесе вториот бран во земјата и сите треба да извлечеме поука од ова.

Тој изјави дека успеавме добро да го амортизираме првиот бран и многу побезболно да ја ставиме епидемијата под контрола.

„Во даден момент, оние што не ги почитуваа мерките ниту оние за лична заштита, ниту рестриктивните кои беа воведени го загрозија и сопственото и колективното здравје и ги ставија во многу незавидна позиција сите останати граѓани кои доследно се придржуваат до мерките. И овој пат потенцирам, дека вирусот е тука, тој останува и мора да научиме да живееме со него. Целиот свет продолжува да живее со вирусот, а овие превентивни мерките се универзални насекаде, носење заштитна маска, дистанца, хигиена и дезинфекција, други во моментов нема ниту тука ниту било каде во светот. Само со почитување на овие принципи можеме да ставиме крај на епидемијата. Дисциплина на граѓаните, лична и колективна одговорност побрзо ќе не врати на патот кон нормализирање на нашиот живот. Апелирам до граѓаните да се почитуваат мерките, до надлежните институции за контрола на спроведувањето на мерките, заради тоа што секое прекршување мора да се детектира и санкционира“, посочи министерот Филипче.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер