Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите - Канал 5

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите

Да биде јасно: оваа борба не е само за СДСМ. Ова е борба за достоинството на секој човек што живее од својата плата. 

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во Велес, испрати силна порака дека борбата која ја води СДСМ не е само политичка, туку човечка, врз социјалдемократските вредности за достоинството на секој човек што живее од својата плата, за младите што ја гледаат својата иднина дома, и за пензионерите што заслужуваат сигурна старост.

„Да биде јасно: оваа борба не е само за СДСМ. Ова е борба за достоинството на секој човек што живее од својата плата. Ова е борба за работничката класа, за младите што не сакаат да заминат, за пензионерите што не треба да бројат денови до следната пензија,“ истакна Филипче.

Тој нагласи дека сега е вистинскиот момент граѓаните повторно да се обединат и да ја изградат силата што ќе ја врати државата во рацете на народот.

„Да ја вратиме надежта дека во Македонија може да се живее чесно, со труд, со работа што се цени. СДСМ е движење за слобода, за правда и за еднаквост,“ рече лидерот на СДСМ.

Филипче додаде дека СДСМ е партија која секогаш била со народот и дека без СДСМ нема борба и нема слобода.

„Без вас нема СДСМ, без вас нема борба, нема слобода. Затоа, токму од Велес да испратиме порака: се бориме за нашите луѓе. Се бориме за нашите плати. Се бориме за нашата иднина,“ потенцираше Филипче.

Тој нагласи дека 19 октомври ќе биде ден кога граѓаните ќе покажат дека не се плашат и ќе испратат јасна порака дека знаат кој работи, а кој лажи и манипулира.

„Да покажеме дека Велес е социјалдемократски град – град на трудот, чесноста и солидарноста,“ порача д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која се одржа вечерва во Велес.

Скопје, 04.10.2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Пјонгјанг на почетокот од следната недела, на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија денес севернокорејските државни медиуми.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кина, исто така, ја потврди посетата на Си Џинпинг на Пјонгјанг во понеделник и вторник, 8 и 9 јуни, објави Јонхап.

Ова ќе биде прва посета на Си Џинпинг на Северна Кореја по речиси седум години.

Кинескиот претседател последен пат беше во официјална посета на Пјонгјанг на 20 и 21 јуни 2019 година, што беше негова прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата кон крајот на 2012 година.

Претседателите на двете земји последен пат се сретнаа во септември минатата година, кога Ким Јонг Ун го посети Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина, каде што присуствуваше на воена парада.

Ким Јонг Ун го посети Пекинг пет пати откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко, Ким Јонг Ил, во декември 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

 Во собранието вчера почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот, но надвладеа мнозинството тој да се носи со мал, а не со голем Бадентер.

Тоа, значи дека предлог – законот треба да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

На расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците, пратениците на европскиот фронт обвинуваа дека законот се коси со рамковниот договор, додека влен, дека ги штити правата на етничките заедници.. Седницата заврши со гласање на кое беше одлучено за предлог законот да се одржи јавна расправа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Во Тиват денеска се одржува  Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот.

Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер