СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
МакедонијаФилипче од Неготино: Ги штитиме лозарите, Владата да го изгласа законот за дополнителни 3 денари по килограм грозјеФилипче на средбата ги информираше лозарите дека денеска пратеничката група на СДСМ во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за вино по скратена постапка.Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, попладнево имаше средба со лозари од неготинското село Тимјаник, на која се разговараше за состојбата со откупот на винското грозје, проблемите со кои се соочуваат лозарите и за нивните предлози како да се унапреди оваа земјоделска гранка. Филипче на средбата ги информираше лозарите дека денеска пратеничката група на СДСМ во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за вино по скратена постапка, кој предвидува воведување на дополнителна финансиска поддршка за лозарите во висина од 3 денари по килограм предадено винско грозје, за сите производители кои ќе предадат грозје кај регистриран производител на вино во периодот од 1 август до 30 ноември 2025 година. Исто така, со измените се предлага укинување на членот од постоечкиот закон што дозволуваше 8% намалување на откупната цена на винското грозје, доколку визбите не ја направат исплатата во рок од 7 дена по откупот на грозјето – со цел да се спречат манипулации со откупната цена. Филипче посочи дека, иако постоечкиот закон што се донесе лани има за цел да ги заштити лозарите, ресорното министерство не го почитува, со што им нанесува директна штета. „Со тоа што Законот предвидува одредување на производна цена – значи лозарот ќе биде заштитен, а сега тоа МЗШВ не го испочитува. Законот е според европските регулативи, и во методологијата за пресметка треба да се вкалкулира колкава е цената на работната рака, на репроматеријалите, на заштитните средства. Винариите имаат обврска да го откупат грозјето за 25% повисока цена од производната. Ако се почитуваше законот, лозарите сега немаше да имаат проблем“, рече Филипче. Тој додаде дека не објавена методологијата, не се знае како се дошло до откупната цена, како таа е 25% повисока од производната кога е само пола денар повисока од ланската, а производните трошоци се зголемени за најмалку 30%. Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги укина добрите мерки за развој на лозарството што ги воспостави СДСМ. „Целосно е прекината мерката мали винарии, тоа беше дополнителна помош за лозарите. Кој имаше свое лозје можеше да земе грант за да си направи винарија. Со тоа се зајакнуваше целокупниот процес, оваа сериозна гранка не само што ќе се заштитеше, туку ќе се унапредеше. Ќе се надградуваше преку производство на вино, па уште чекор понатаму – вински туризам. Дел од малите винарии со помош на тие грантови направија сместувачки капацитети и годинава веќе имаат туристи“, рече Филипче. На средбата, од страна на лозарите беше посочено дека власта е на страната на винариите. Филипче потенцираше дека Министерството за земјоделство не се грижи за лозарите, не ги штити, додека целиот систем функционира во корист на големите винарии. „Не се почитува лозарот, не му се дава доволно финансиска поддршка за да може да работи. Со цел да им удоволат на винариите не објави производна цена. Тоа што не е донесена цената транспраентно и објавена, тоа значи дека се имаат договорено со винариите со цел големите бизниси да купат евтин производ. Како да функционира системот кога се оди во корист на големите винарии кои седат во Стопанската комора и се договараат со премиерот. И тоа не е единствен пример – сите големи компании и бизниси се заштитени“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter