Филипче од Крива Паланка: Митовски ја доби поддршката за уште еден мандат за градоначалник - Канал 5

Филипче од Крива Паланка: Митовски ја доби поддршката за уште еден мандат за градоначалник

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат.

Филипче од Крива Паланка: Митовски ја доби поддршката за уште еден мандат за градоначалник

Актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски, е официјален кандидат за градоначалник на општината од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче на трибината "Мугра на слободата" што се одржа во центарот за култура Крива Паланка синоќа.

- Крива Паланка е една од општините која претрпе најголема трансформација во последните години, а тоа е резултат на работата на градоначалникот Сашко Митовски и денес му ја честитам кандидатурата за уште еден мандат, а јас сум сигурен и победата, истакна Филипче.

Градоначалникот Митовски претходно нагласи дека Крива Паланка се претвора во модерен и европски град, еден од најзелените и најчистите градови во Македонија.

-Крива Паланка е пример како се води град, како се слушаат граѓаните и како се создава модерна, развиена и европска општина. Во изминатите 3,5 години, во градот се реконструирани над 50 улици, изградени се нови водоводи и канализации, како и 12 нови детски катчиња, со план за уште 5. Уредени се јавни површини, мостови, пешачки патеки, речни корита, а целосно е променет ликот на градскиот кеј. Крива Паланка денес има нов Генерален урбанистички план по речиси 40 години, и првпат функционален модел за долгорочен развој – рече Митовски.

Порача дека со 100% реализација на општинскиот буџет, креиран во консултација со граѓаните, секој денар е вложен таму каде што е најпотребно.

- Вложено е во градинки, училишта, спортска инфраструктура, како и во социјална заштита – од директна поддршка за семејства во социјален ризик, до воведување на ваучери за гардероба на лица со попреченост. Отворен е и прв дневен центар за стари лица, а општината финансира и бесплатни летувања за деца од социјално загрозени семејства, додаде Митовски.

Најави и реализација на низа капитални проекти: реконструкција на главната улица, нова монтажна катна гаража со 166 паркинг места, зонско паркирање, продолжување на патот до Калин Камен и нови хотелски инвестиции.

Посебен акцент стави на инфраструктурните проекти од регионално значење.

- Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, вреден 93,7 милиони евра, е најголемата инвестиција во овој регион, заедно со рехабилитираните патишта до Деве Баир, Црцорија, Узем и Луке, со вкупна вредност од над 120 милиони евра. Ова не се проекти за поединци. Ова се инвестиции за граѓаните. Ова е нашето заедничко дело. А сега следува одлука, рече Митовски.

Градоначалникот посочи дека новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ја заборавила Крива Паланка, а напорите за развој продолжуваат исклучиво благодарение на општинската визија и поддршката од претходната влада. Затоа, повика на мобилизација, без поделби и суети.

-Крива Паланка нема право на нова грешка. Сега не е време за експерименти. Сега е време за заштита на сè што сме изградиле и за силен нов чекор напред. Да го направиме вистинскиот избор – избор за труд, за иднина, за достоинство. Да не чекаме – туку уште вечерва, сплотени и обединети, да се вградиме во процесот што ќе значи убедлива победа. Победа што нема да биде ничија лична – туку победа на секој еден граѓанин што верува во правда, во работа и во иднина – заврши Митовски.

На трибината говореше и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски, кој рече дека слободата и победата ќе тргнат од Крива Паланка.

- Од Крива Паланка пак ќе тргне победата, како што во 2010 година освоивме резултат десет пати подобар од претходните избори, повторно од Крива Паланка ќе тргне и ќе се исправи грешката направена на осми мај и сигурен сум дека тоа ќе се случи и на локалните и на следните парламентарни избори, нагласи Николовски.

Пратеникот истакна дека ЕУ е клучна прогресивна идеја на денешницата и единствен пат кој ќе значи современа, прогресивна држава со систем кој функционира.

- Од прв ден сите ние се бориме за слобода и заедно со исто многу од вас, знаете кои процеси ги поминавме, бомби, плоштади, маршови и немаше друг начин да ги вратиме слободата и демократијата. Се боревме и ќе продолжиме да се бориме за членството во Европската унија, што е најпрогресивниот процес во денешно време. ЕУ е местото кадешто треба да бидеме и ние како СДСМ имаме јасен став, ние сме предводници на тој процес, ние го водевме тој процес и стигнавме пред портите на ЕУ. Тоа е единствениот пат да обезбедиме иднина на младите тука, во Крива Паланка и во секоја општина. Потребна ни е ЕУ за да изградиме ситем, еве сега зборуваат дека „ќе градиме систем без ЕУ, само што не сме изградиле подобар систем“, ама се случи Кочани и еве нема ниту помош, ниту поддршка од државата. Јас сум убеден дека без системот на преговори со ЕУ ние никогаш нема ништо да промениме, а бидејќи тие не тргаат по тој процес, може да замислите каква Македонија можеме да имаме ние со нив за 5 или 10 години, рече Николовски.

Нагласи дека сите процеси, членството во НАТО, првата меѓувладина конференција, отворањето на скрининг-процесот, меѓуетнички соживот, сите значајни одлуки ги донесе СДСМ. Затоа СДСМ е државотворна партија.

На денешниот караван за предизвиците за создавање на државата и партијата зборуваше професорот и ветеран на СДСМ, Јордан Михајловски, кој истакна дека Крива Паланка дала значаен придонес во оформувањето на државата.

-Крива Паланка има голем влог во социјалдемократијата и во втемелувањето на новата македонска држава. Ние од Крива Паланка имаме дадено 284 жртви во текот на Втората светска војна. Борис Арсов е еден од нив, покрај учеството во Втората светска војна е кооптиран во АСНОМ, избран е за заменик-повереник за здравство, после војната е професор на Правниот факултет, рече Михајловски, истакнувајќи дека социјалдемократијата е извор на слободарски идеи, с слободата е најважна, за размислување со слободна волја, беа авторитети, солидарноста која е оаза што не дозволува да завладее злото се главните идеи на социјалдемократијата, рече професорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените

Повеќе превенција, подобар скрининг и редовни прегледи и редовна терапија– ова е пораката од третиот „Розов пикник појадок“ во скопскиот Градски парк. Здружението „Хема Онко“ потсетува дека раното откривање на ракот на дојка може да спаси живот.

„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените

,, Денес ова што го правиме ја обединува цела Македонија.Се трудевме оваа година да ја направиме како прослава на животот,,- Хема Онко- организатори

Најсилните пораки, сепак, дојдоа од жените кои веќе ја поминале борбата со ракот на дојка. Тие зборуваа за стравот, неизвесноста и тешките моменти низ кои минувале, но и за поддршката и истрајноста што им помогнале да продолжат.

,,Да ја пренесуваме пораката дека за ваквите болести за Карциномот не смееме да ќутиме, значи ова не е нешто коешто треба да се сокрие како бункер со пари во ѕид.За ова треба активно зборување,масовно зборување,масивни прегледи затоа што само со поддршка ние се менуваме позитивно и остатокот од животот го поминуваме како маратонки со искуство,, - Тереза Балаловска

,, Јас како онколошки пациент веќе 5 години со тоа што веќе имав и повторување на болеста би рекла секогаш бидете позитивни, сакајте се самите себе колку тоа и да делува е егоистички не е така затоашто кога ќе сфатиме со која борба се бориме сфаќаме дека животот е на прво место, среќата и здравјето,,- Наташа Бабулова

,,За мене барем секогаш имало терапија на време и би им препорачала на останатите пациенти да не се затвараат во четири ѕида, туку да споделуваат искуства, да бараат поддршка од сите нас затоашто многу не има би им препорачала на сите девојки да прават самопрегледи барем еднаш месечно кога се тушираат затоашто самото тело дава знаци,,- Марина Камберска

Но, за рано откривање не се доволни само индивидуалните прегледи. Министерот за здравство Сашо Клековски како клучен проблем го посочува недостигот на организиран скрининг за рак на дојка.

,,Во моментов главен проблем ни е скринингот за рак на дојка.Таа спрема Ревизијата што се направи од Државниот Завод за ревизија можам да кажам дека е неуспешна и дека мораме комплетно да го премислиме концептот и се надевам многу брзо со Хема-Онко ќе најдеме јазик да промовираме нешто ново за скрининг програмата. Во однос на терапијата за рак на дојка ние префрливме два лека на позитивна листа за да можат пациентите што се на хронична терапија да го земаат во аптека, за да не мора да доаѓаат на Клиниката за Онкологија,, – Сашо Клековски министер за здравство

Според последните меѓународно споредливи податоци, годишно се регистрираат околу илјада нови случаи во земјава, а официјалните здравствени податоци и натаму укажуваат дека болеста е водечка причина за смрт од малигни заболувања кај жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли деблокада на европскиот пат на Македонија, патоказот за ЕУ условен со уставот

 Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба.

Ќе има ли деблокада на европскиот пат на Македонија, патоказот за ЕУ условен со уставот

Се уште нема одговор од бугарска страна по упатеното барање од македонското МНР за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија на 8-ми октомври. На неколку дена пред состанокот, бугарската претседателка Илијана Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба.

„Засега ќе бидам умерен оптимист, затоа што е за прв пат од високо ниво во ЕУ се советува владата на Република Македонија, се сеќавате имаше неколку посети на претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кој упати иста порака но резултати немаше. Се уште немам детали од раговорот во четири очи со Фон Дер Лајен. Но се надевам дека имала цврст став, знаете дека за две недели ќе се разгледува извештајот за напредкот на Македонија во Европската комисија. Се надевам дека имаат чисти мисли и искрена желба. Ќе разговарам со министерката за надворешни Велислава Петрова и сакам да се започнаам со текстот на упатената нота и како точно е формулирана“ - Илијана Јотова, в.д Претседателка на Бугарија

Поранешниот амабасадот во Бугарија Марјан Ѓорчев смета дека Европската Комисија јасно укажала дека очекува искрен и контруктивен дијалог и смета дека Софија ќе прифати, но неговите проценки се дека нема да има конкретен исход за надминување на блокадата уште не првата средба. Но според него тоа ќе биде прв чекор кон враќање на довербата меѓу двете страни.

„ЕК ќе инсистира на еден искрен разговор помеѓу минситрите за надворешни работи и во таа насока сигурно дека нивните преставници разговарале со бугарските политички чинители и од тука мислам дека ќе прозилезе конструктивен и плодотворен дијалог меѓу министрите. Размисмилсувам позтивно и мислам дека и бугарската страна разбира дека не ќе може со таа флоскула потпишавте - исполнувајте да продолжи и понатаму затоа што ЕК инсистира и двете страни да вложат напори за подобрување на односите. Доколку продолжи инсиситрањето на Комисијата и Бугаријха да даде свој прилог во напредување на односите меѓу двете држави, тогаш сигурно ќе има и понатамошни чекори во таа насока. Ова е би рекол првично кршење на мразот и мислам дека е добро да се постигне еден коректен дијалог со враќање на доцербата во разговорите“-Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија

Дека посетата на шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во земјава и предлогот кој прозилезе од неа за билатерална средба може да бидат клучни за процесите кои престојат за надминување на блокадата, вчера посочи и премеирот Христијан Мицкоски.

„ Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Очекувањата на премеиеот Мицкоски се дека официјална Софија нема да си дозволи да не прифати билатерална средба иницирана од ЕУ, а средбата со фон дер лајен ја оцени како како корисна и пријателска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. 

Дали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?

Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано.

-Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ.

Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев.

Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица.

-Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица

Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер