Филипче од Битола: СДСМ се враќа! - Канал 5

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

„Тука сме затоа што нешто длабоко во нас нѐ тера да не молчиме“, со овие зборови се обрати вечерва Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во полната сала во Битола. 

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Тој ги поздрави граѓаните велејќи им дека ја разбира причината за нивната бројност, а тоа е подготвеноста да го бранат она кое СДСМ го градеше со генерации.

„Тука сме затоа што нешто длабоко во нас нѐ тера да не молчиме. Нѐ тера да зборуваме кога ќе видиме неправда. Нѐ тера да се исправиме кога ќе почувствуваме дека некој го руши она што со генерации сме го граделе. А денес, токму тоа се случува. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира. Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот и правичноста. И тоа нѐ боли. Нѐ боли затоа што гледаме дека ова не е Македонија што ја заслужуваме. Ниту Битола каква што ја замислуваме“, рече претседателот на СДСМ.

Притоа Филипче рече дека Битола е оставена на маргините. Како град кој е препознатлив по културата, по историјата, по урбаниот дух денеска се гуши во застој и запустеност поради неспособноста на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектите стојат, улиците пропаѓаат, а младите си заминуваат. Нема визија, нема стратегија, нема ниту основна одговорност. Но битолчани не се луѓе што молчат. Никогаш не сте молчеле кога вредностите биле нападнати. Никогаш не сте стоеле настрана кога било време да се покаже став. Битола никогаш не била нем набљудувач туку секогаш била двигател на промена“, потенцираше Филипче.

Филипче од Битола силно порача дека доста се неправди, СДСМ се враќа.

„Затоа од овде пораката што ќе се слушне низ цела Македонија е: СДСМ се враќа! Се враќа со јасна визија, со длабока самосвест и со поголема одговорност. Се враќа со работа со чесни ветувања и со луѓе што знаат што значи да се биде на страна на народот. Луѓе што се тука да служат, а не да владеат“, рече Филипче во Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер