3Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
МакедонијаФилипче: Образованието е најважната инвестиција, секое дете заслужува еднаква шанса за квалитетно образованиеНа сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење.Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска по повод 1-ви септември, почетокот на новата учебна година, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на настан во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење. „Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на сите учениците и им посакувам да се стекнат со нови знаења. На родителите и наставниците им посакувам трпение и да им дадат многу поддршка на децата“, рече Филипче. Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации.Тој додаде дека во периодот на владата на СДСМ беше ставен силен фокус на инвестициите во училиштата и зголемувањето на платите на наставниците. „Училиштето ‘Киро Глигоров’ е едно од новоизградените училишта за време на мандатот на СДСМ. Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците, никогаш дотогаш не се зголемиле во толкав процент – над 50%, нешто што сега сериозно недостасува. Градоначалникот Герасимовски во овој сегмент се покажа како добар менаџер. Неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи, бесплатни ранци, и од следната година, како што најави, ќе има и бесплатен оброк“, рече Филипче. Во тој контекст, Филипче најави дека и во програмата за локалните избори ќе се стави сериозен акцент на обезбедувањето квалитетна настава за сите ученици. „Програмата којашто ја подготвуваме за локалните избори се темели на тоа да се обезбеди квалитетна настава, да се обезбедат безбедни улици за децата коишто доаѓаат до училиштата и сè што може во рамки на локалната самоуправа да се направи за поддршка на родителите“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапредСо најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење. Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор. Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси. Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година. Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter