МакедонијаФилипче објави документи за кои тврди дека откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во ЛешокДокументи кои откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата за белодробни заболувања во Лешок, објави лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Официјалните документи, како што кажа, ги доставиле свиркачи, а станува збор за Извештај за тестирање на безбедноста на водата од примерок земен од болницата уште во мај во кој, според него, е констатирано дека водата не е безбедна за пиење, а институциите, вели Филипче, ништо не презеле. Здравствениот систем според него е во колапс, а државата не го штити здравјето на граѓаните. -Извештајот за тестирање на безбедноста на водата, е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51. Примерок од чешма од болницата каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење. И ова е во болницата во Лешок, на крајот на мај, а никој не реагирал. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институциите?, рече Филипче. За случајот со загадената вода во Гостивар, Филипче бара оставки, а министерот за здравство и сите надлежни институции според него мора да понесат политичка и кривична одговорност. Според лидерот на СДСМ додека обвинителството и институциите молчеле, епидемијата се проширила во Гостивар, а резулат на тоа се отруени 3000 илјади луѓе. Од СДСМ бараат вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно објавување на резултатите. -Обвинителот Савески ја користи тајноста на истрагата како изговор зошто информациите не се соопштувале навреме на јавноста и ова е опасна замена на тези затоа што квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата тоа е факт што граѓаните мора да го знаат. Додека обвинителството тактизирало, а сите здравствени институции молчеле, епидемијата се ширела во Гостивар. Притоа сите коишто учествувале во прикривање на овие информации мора да сносат и политичка и кривична одговорност. Министерот за здравство, директорката на ИЈЗ, Центарот за јавно здравје, АХВ и обвинителството. Бараме политичка одговорност и оставки од овие луѓе, затоа што си поигруваат со здравјето на граѓаните, изјави Филипче. Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија реагираат дека Владата презема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот. -Додека Филипче беше министер, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки, велат меѓудругото од ВМРО-ДПМНЕ. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00