Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата - Канал 5

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека нема да дозволи цепкање на партијата и оти поранешниот градоначалник Петре Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека суштината на СДСМ е да се постигне и изгради консензус, да се изградат политики врз основа на мислења на многу луѓе, но и дека власта останува да ја дели СДСМ однатре.

- Јас и раководството тоа го правиме повеќе од една и пол година. Така било, така е и така ќе биде. И тоа е суштината во градење добри политики, да се сослуша секој, но некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ - нема да го дозволам тоа. Вчера излезе изјава за некаква платформа и луѓе што не сакаат да се потпишат. Кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партија и опозицијата била раситнета, што може да се очекува од тоа и што може да е заднината, освен дека тоа е пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и да се презентира како некаква платформа - рече Филипче.

Според него, вратите во СДСМ се отворени за сите, но не и за злонамерниците.

- Сè што им останува е да нè ситнат и да нè делат, граѓаните тоа го препознаа дека немаат капацитет да ја водат државата. Немаат желба, ни визија. Ниедна добра политика немаат спроведено, освен некои што останаа неспроведени од времето на владеењето на СДСМ - истакна Филипче дополнувајќи дека околностите за влез во Унијата се менуваат многу бргу и оти, како што рече, „ќе останеме слепо црево во Европа“.

Во однос на прашањето за „сомнително работење на гувернерот на НБРМ, Трајко Славески“, Филипче посочи дека тоа првин треба да се истражи, да се утврди и да се постапи во согласност со утврденото.

Ако има прекршување, соодветно да се санкционира. Нека реагираат институциите. Ние апелираме и ги повикуваме институциите за повеќе предмети, но досега нема апсолутно никаква реакција. Од Обвинителството нема никаква реакција. Но што да се очекува од гувернерот. Човекот што е против растот на минималната плата беше претседавач на Советот на Град Скопје кога намерно се блокираа градските институции, рече Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер