Филипче: Не смее да има никакво групирање на граѓаните за празникот, сите доследно да се придржуваат до мерките

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес-конференција, која се одвиваше преку онлајн видео комуникација, од домашна изолација.

Министерот Филипче на денешната редовна прес-конференција, која се одвиваше преку онлајн видео комуникација, од домашна изолација, во која министерот се наоѓа по информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а со кого претходниот ден присуствуваше на Општинскиот кризен штаб на Куманово, информираше за состојбата со коронавирусот во земјава, за статистиката на денот и моменталната состојба на пациентите заболени од КОВИД-19.

„Во текот на денов ја поставивме новата организација на начинот на комуникација на Министерството за здравство, вакво сценарио предвидовме дека може да се случи. Имавме примери каде што во повеќе земји, повеќе функционери поминаа низ оваа ситуација. Сакам да ги уверам сите, граѓаните најмногу, дека сите процеси остануваат под максимална координација, во целосна секојдневна комуникација со сите претставници на јавно-здравствените институции во процес во којшто практично бевме и до сега, а ќе го продолжиме и во следните денови. Во било кој момент ќе бидам достапен за претставниците на медиумите да одговорам на секое прашање, а на овој начин ќе ги одржуваме и прес-конференциите", информираше министерот Филипче.

Министерот за здравство Филипче, додаде дека на денешната анкета со епидемиолозите било утврдено дека ризикот за зараза во Куманово за него е многу мал заради маската којашто ја носел заедно со колегите коишто таму присуствувале, но, сепак одлучил овие денови да работи од дома, меѓу другото и да даде пример за другите дека ова е начинот на којшто треба да се постапува.

„Денеска од Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби заминаа пет оздравени пациенти, веќе негативни на дуплите тестови на вирусот - во сосем добра општа состојба, а оздравени се уште 18 лица коишто се лекуваат во домашни услови. За жал имаме еден починат пациент од околината на Струга којшто се лекуваше на Клиниката за инфективни болести. Тој е на возраст од 50 години и бил хоспитализиран на 27-ми март во крајно тешка клиничка состојба во последните неколку денови. Во изминатите 24 часа потврдени се 107 случаи на пациенти дијагностицирани на КОВИД - 19 вирусот. Бројот на заболени којшто го имаме денеска, воопшто не треба да изненадува, ова е бројка којашто ние ја очекувавме имајќи предвид дека навлегуваме кон пикот на бројот на дијагностицирани пациенти во овие недели коишто се пред нас. Сакам да кажам дека ова е уште еден сигнал, уште еден момент да апелирам до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и сите препораки со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот. Со овие новодијагностицирани случаи, вкупната бројка на потврдени позитивни лица во нашата земја изнесува 1.081, досега за жал се починати 46 лица, оздравени се 121 пациент и согласно ова, бројот на активни заболени во нашата земја е 914. Изминатите 24 часа направени се 660 тестови, односно вкупно во нашата земја до сега 10.422 теста", потенцираше министерот Филипче.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноноќие примени се 11 нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 62, од коишто пет пациенти се наоѓаат на механичка вентилација. Во Градската општа болница има вкупно 38 пациенти, на респираторна машина се шест пациенти, а дополнително осум со потешка манифестација на болеста. Состојбата на пациентите во Битола и во Штип е стабилна, нема некоја значајна промена во однос на претходните денови.

Министерот Филипче информираше по написите во медиумите за случајот во болницата во Битола и пациентот којшто е таму дијагностициран, а кој неколку денови бил во Интерното одделение. Тој истакна дека пациентот бил во дел на изолација, меѓутоа поради тоа што има неколку различни ставови и мислења, случајот ќе го истражи Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Во врска со написите за вчерашната посета на Куманово, немавме информации дека таму на дел од членовите им бил земен брис. Да го знаевме тоа, поинаку ќе се организиравме, но имајќи предвид дека се оди во таков регион бевме соодветно заштитени. Ова е еден акт, со кој покажуваме дека сите сме еднакви и мерките треба да ги почитуваме. Овие денови ќе работиме од домашни услови", рече министерот Филипче.

Тој објасни и дека резултатот на починатиот притвореник од затворот во Шутка е негативен на коронавирус и дека во затворот продолжува активната работа на лекарите, во смисла на тестирање и прегледи. Во текот на утрешниот ден, информираше Филипче ќе биде познат точниот број на направени и изработени тестови, по што јавноста ќе биде информирана.

„Се направија серолошки тестирања на скоро сите, во еден момент, во смена, во текот на вчерашниот ден во болницата во Куманово. Тој процес ќе продолжи и во текот на наредните денови. Се скенира присуството на антитела, еден дел, една форма на антитела може да укажува на присуство на вирусот и од сите 210 земени материјали кај само двајца вработени го има тој позитивен тест и тие ќе бидат дополнително тестирани на КОВИД - 19 за да знаеме каква е нивната состојба. Клинички се стабилни и тие се асимптоматски", рече министерот Филипче.

На прес-конференцијата, тој информираше дека тестирани се десетина трудници кои се хоспитализирани на Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК). Направени биле истите серолошки тестови на Институтот за биохемија и тестовите биле негативни. Индикацијата била откако многу повеќе родилки од вообичаено биле примени на ГАК во Скопје, изминатите денови.

„Дозволете на крајот да укажам и на некои работи, да изразам став за собирањата на празникот Велигден. Категорично останувам на ставот, дека не смее да има било какво групирање на граѓаните и дека доследно тие треба да се придржуваат до препораките. Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, меѓутоа ние не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да дадеме шанса да понатаму и за две недели од сега, заради овие групирања, да ни се јават нови пациенти во нашата земја. Сите имаме одговорност, оваа форма на групирање воопшто не ја одобрувам, собирања од било каков тип се огромен ризик. И апелирам до граѓаните, ова да го сфатат многу сериозно, да го прослават празникот соодветно на состојбата и да се придржуваат до препораките", потенцираше министерот Филипче.

ОН: Израелски копнен напад на Рафа би можело да доведе до масакр

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава.

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафа, каде што се засолниле речиси милион луѓе.

„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат главно од Рафа“, рече портпаролот на ОЦХА, Јенс Лаерке, на брифингот во Женева.

Хуманитарните активности од Рафа вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.

Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречи големиот број жртви.

„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.

Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.

Официјално: Легендарен фудбалер по 12 години ја напушта Борусија

За тоа се шпекулираше и претходните месеци, објавија сите познати германски медиуми, а сега е и официјално! Марко Ројс по дванаесет години ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Напаѓачот преку социјалните мрежи им се обратил на навивачите и ја соопштил својата одлука да си замине. По 424 натпревари и 168 гола, два купа на Германија и еден Суперкуп, како и финалето од Лигата на шампионите во 2013 година, соработката конечно дојде до крај.

- Неверојатно сум благодарен и горд за ова посебно време во мојот сакан клуб. Поминав повеќе од половина од мојот живот во клубот и уживав во секој ден, иако секако имаше тешки моменти. Веќе знам дека ќе ми биде тешко да се поздравам на крајот од сезоната – рече Ројс во пораката до навивачите.

Ројс има 34 години и се уште не е познато каде би можел да ја продолжи кариерата. Тој е дете на Дортмунд, но од 2006 до 2012 година играше за Рот Вајс Ален и Борусија Менхенгладбах пред да се врати.

За германската репрезентација одигра 48 натпревари и постигна 15 голови.

ЕУ најави мерки за спречување на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28).

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28), кој е контролиран од Русија, против Германија и Чешка, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Во изјавата се посочува дека Германија денеска сподели оценка за упад на AПT28 на различни и-мејли на раководството на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), а Чешка во исто време објави дека и нејзини институции биле цел на оваа кибер кампања. Борел потсетува дека претходно беа мета на истиот чинител беа и државни институции, агенции и ентитети во други земјите членки на ЕУ, меѓу кои и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска, како и дека во 2020 година Унијата воведе санкции за поединци и субјекти одговорни за нападите на АПТ28 насочени кон германскиот Федерален парламент во 2015 година.

- Злонамерната кибер кампања го покажува континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во кибер просторот, таргетирајќи ги демократските институции, владините ентитети и провајдерите на критична инфраструктура низ Европската Унија и пошироко. Овој тип на однесување е во спротивност со нормите на ОН за одговорно државно однесување во кибер просторот, како што е нарушување на користењето и работењето на критичната инфраструктура. Занемарувајќи ја меѓународната безбедност и стабилност, Русија постојано го користеше APT28 за да спроведе злонамерни кибер активности против ЕУ, нејзините земји членки и меѓународните партнери, особено Украина, се додава во изјавата на Борел дадена во име на Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Борел нагласува дека ЕУ нема да толерира такво злонамерно однесување, особено активности кои имаат за цел да ја деградираат критичната инфраструктура, да ја ослабат општествената кохезија и да влијаат на демократските процеси, имајќи ги предвид избори во ЕУ и во повеќе од 60 земји во светот што се одржуваат во текот на оваа година.

- ЕУ и нејзините земји членки ќе продолжат да соработуваат со нашите меѓународни партнери за промовирање на отворен, слободен, стабилен и безбеден кибер простор. ЕУ е решена да го искористи целиот спектар на мерки за спречување, одвраќање и одговор на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот, се додава во изјавата.

притисни ентер