Филипче: Не сме на пазар, без применети реформи – нема укинување на техничката влада - Канал 5

Филипче: Не сме на пазар, без применети реформи – нема укинување на техничката влада

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе одржи прес конференција во партиското седиште.

Филипче: Не сме на пазар, без применети реформи – нема укинување на техничката влада

На граѓаните треба да им е јасно дека тоа што до сега го зборувавме е вистина и се што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата. На власта и се брза да направи избори, затоа што пари нема. Дупката во Буџетот е огромна, а понатаму исто така како што најавивме ќе следи проектот мигранти за пари.

Предупредивме дека има огромна дупка во Буџетот. Недостасуваат околу 2 милијарди евра. Конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во Буџетот е 680 милиони евра. Доспеани и неподмирени обврски кон економски субјекти 700 милиони евра.

Поврат на ДДВ помеѓу 100 и 150 милиони евра кои што не се исплатени кон компаниите. Следат нови задолжувања, еврообврзница, нови кредити. Сето тоа ќе се пополнува на грбот на народот. Нема пари за раст на платите во 2026 година.

Понатаму во земјоделството, скандалот со ИПАРД се потврди, кражба на европски пари. Ние сме на црната листа на Европа во делот на земјоделството. Власта нема од каде да надополни дупка од 120 милиони евра коишто беа субвенција, поддршка за илјадници семејства кои што се занимаваат и живеат од земјоделството.

Понатаму, како што кажавме и како што разобличивме се случува силна анти-европска кампања. Се провоцираат судири со Грција и со Бугарија. Се наметнуваат националистички теми, се измислуваат изговори за земјава да се држи во изолација. Ги спомнавме и активностите против нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави. Вицепремиерот на нашата влада Стоилковиќ на средба со ноќните волци блиски до рускиот претседател Путин.

Понатаму алармираме за огромниот степен на криминал и корупција којшто се случува изминатите година и пол. Фирми блиски на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ тендер коалицијата. 161 тендер на една фирма, 51 тендер една фирма во бројни општини каде градоначалници се ВМРО-ДПМНЕ, 1,2 милиони евра тендер во пошта. И уште безброј многу други корупциски скандали коишто ќе ги објавуваме во следниот период.

Рековме дека се брзаат и им се потребни избори. Зошто баш на Божиќ, на најголемиот христијански празник имаше потреба да се најавува таква работа?

Се што најавивме, се се оствари. Ги разоткривме буквално сите планови на оваа власт.

Укажавме дека се сузбива демократијата, дека се партизираат институциите, дека се ограничува слободата на говорот. Се донесе резолуција во Собранието, со која што замислете како во Третиот рајх се ограничува што може, а што не може да каже опозицијата.

И да не биде предоцна, ќе повториме уште еднаш за мигрантите, дека и за тоа сме биле во право.

Укинувањето на техничката влада треба да се случи тогаш кога нашето општество ќе биде зрело за тоа.

Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не се прашања за политички пазар. Затоа неопходни се реформи по европски стандарди, посебно во делот на правосудството.

И кога ќе бидат донесени сите реформски закони онака како што треба, според препораките на оценската мисија, на луѓе експерти од Европската Унија, кога сите тие реформи, закони не само што ќе се донесат, туку и ќе почнат да се користат, ќе бидат вистински имплементирани во судството, во обвинителството, во полицијата, во делот на правдата.

Ете тоа е моментот кога ние како држава ќе бидеме спремни да се укине техничката влада, и тоа е клучно.

Затоа СДСМ ќе ги поддржи само реформите кои што оваа земја носат на ниво на европските стандарди.

ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат. Нивната соработка на сите нас ни е многу добро позната. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Ние не сме на пазар. Наша обврска е да ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми?

Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед?

Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени?

Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 24. септември 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 24. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 24. септември 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

На сите околу вас ќе им посакате добра забава , а вие ќе се тргнете во сопствениот интимен свет , било сами или во двојка.

Кариера

Една мала анализа се уште не сте ја довеле до крај. Треба прво да ја завршите , па дури потоа да ги носите новите планови.

Здравје и совет

Внатрешни двоумења.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ви претстои добра забава , излегување на интересно место или спортски активности што ќе ве поврзат со нови личности.

Кариера

На работата се појавуваат се повеќе креативци . Толку има многу добри идеи што не знаете што би направиле. Архивирајте ги.

Здравје и совет

Здравјето ви е одлично.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Малото нерасположение ќе се должи на желбата на некој од вас двајцата за доминација. Едната страна ќе се чувствува помалку вредна.

Кариера

Преостануваат уште неколку потези во една фаза на работењето. Ќе делувате сигурно и смирено ,зашто знаете како треба.

Здравје и совет

Ослабена циркулација во нозете .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Да се прифати нешто што не ви е драго е знак на зрелост и трпение. Ќе бидете тивки и дискретни.

Кариера

Очекувате да се појават резултатите од една работа. Треба да бидете трпеливи.

Здравје и совет

Наскоро се ќе биде јасно.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Луѓето од вашата поблиска околина ќе бараат од вас поголема активност , излегување во природа , што е можност за средби со нови лица.

Кариера

Некои би сакале да останат дома , но сепак ќе мора барем малку да размислуваат на работата.

Здравје и совет

Обидете се потрезвено да гледате на работите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да влегувате во расправии зошто нешто е такво какво што е , зашто и самите знаете дека тоа е минливо. На мирен начин одржувајте го односот на вообичаено ниво.

Кариера

Пред да донесете една одлука , проучете ги финансиските аспекти . Ќе забележите некои нови детали.

Здравје и совет

Немате здравствени проблеми.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Како и натаму не ви доаѓаат вистинските зборови , ќе успеете да ја покажете љубовта на еден поразличен начин.

Кариера

Ќе се анализираат вашите знаења , она што до сега сте го постигнале.Врз основа на тоа , наскоро ќе има одлука.

Здравје и совет

Мали нервози.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата друштвеност и денеска ќе ви носи дополнителни поени во љубовта , но внимавајте да не претерате.

Кариера

Ве очекуваат некои нови потези на управата , но сеуште не е јасно за што станува збор. Треба дас е стрпите.

Здравје и совет

Опуштете се на начин на кој вам ви одговара.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Еден семеен проблем повторно ќе се појави , а вие ќе мора да се ангажирате околу него.Односто со саканата личност е добар.

Кариера

Соберете сила и продолжете да го работите она што од вас се бара. Бесмислено е да поставувате прашања на кои нема одговор.

Здравје и совет

Направете мала пауза или земете краток одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што во моментов ве измачува , ќе го составите во една реченица , но не ја кажувајте уште денеска . Почекајте до утре.

Кариера

Ве нервираат неработници , зашто вие по природа сте голем работник. Ако треба , бидете строги.

Здравје и совет

Проверете ја состојбата на автомобилот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можело да се најдете во многу интересно друштво или на уметнички собир , кој ќе ве поттикне на нови љубовни потези.

Кариера

Се подготвуваат нови одлуки поврзани со условите на работното место. Не е сеуште дефинирано , но наскоро ќес е случи.

Здравје и совет

Размислувате за нов стил во животот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Друштвеност и комуникативност ќе бидат особините што денеска ќе ги покажете во приватниот живот.

Кариера

Се повеќе работи и луѓе се фокусдирани на вас и на вашите способности. Од вас сите нешто ќе очекуваат.

Здравје и совет

Концентрирајте се на крајната цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ослободете се од мравките еднаш засекогаш – пет состојки што делуваат подобро од отровот

Иако во природата се исклучително корисни, присуството на мравки во кујната може да предизвика фрустрација. За среќа, решението не лежи во агресивните хемикалии, туку во паметната употреба на состојки што ги имаме при рака.

 Ослободете се од мравките еднаш засекогаш – пет состојки што делуваат подобро од отровот

Многумина при појава на мравки во домот, посегнуваат по комерцијални инсектициди, но сè поголема е свеста за нивната потенцијална штета по здравјето на децата, домашните миленици и општото здравје во домот. Сепак постои изненадувачки ефикасна алтернатива, заснована на попречување на софистицираниот систем за комуникација кај мравките.

Мравките се потпираат на феромоните, што ги лачат и кои влијаат како природен сигнал во обележување на патот до храната и назад кон колонијата, па ако употребите супстанца со силен мирис може да го попречите овој сигнал, да ги дезориентирате и да ги принудите да бараат друг извор на храна.

Бел оцет или лимонов сок

Еден од најмоќните сојузници во оваа борба е обичниот бел оцет. Неговата силна киселост не само што ги отстранува маснотиите и ги дезинфицира површините, туку и целосно ги неутрализира трагите од феромони. Едноставно измешајте оцет и вода во сооднос 50:50, истурете го растворот во шише со распрскувач и темелно испрскајте ги сите површини по кои се движат мравките, како и местата преку кои влегуваат – на пример, праговите на прозорците и вратите, и ситните пукнатини во ѕидовите.

Лимоновиот сок има сличен ефект бидејќи неговата киселост ја попречува нивната ориентација. Можете да исцедите свеж сок од лимон директно врз проблематичните места или да ги пребришете работните површини со крпа натопена во сокот. Друг трик вклучува употреба на рендана кора од лимон, која треба да ја растурите по нивните патеки. Иако овие методи нема веднаш да ја уништат цела колонија, со редовна примена се ефикасни и го спречуваат враќањето на мравките.

Зачини

Светот на зачините исто така нуди моќно оружје. Силниот мирис на циметот ги одбива мравките, а постојат и теории дека ситните честички мелен цимет можат да им ги затнат дишните патишта. Посипете мелен цимет по нивните патеки или околу садовите со шеќер, или создадете бариера пред влезната врата што тие нема да ја преминат. Биберот има слично дејство, бидејќи неговата лутина и интензивна арома им дава сигнал на мравките дека во близина нема ништо благо, па тие се откажуваат од понатамошно истражување. За посилен ефект, биберот може да се измеша со вода и директно да се испрска на местата каде што се собираат мравки.

И вообичаената кујнска сол може да биде изненадувачки корисна. Растворете неколку лажици сол во зовриена вода, оставете да се излади, потоа попрскајте ги прозорските рамки и праговите. Мравките го избегнуваат солениот слој што останува по сушењето.

Кафе

Меленото кафе е подеднакво ефикасно; може да го посипете околу темелот на куќата или на места од кои би можеле да влегуваат, така создавате мирисна бариера што ги држи подалеку.

Креда

Друг едноставен и ефикасен метод е користењето училишна креда. Калциум карбонатот, ги одбива мравките, па цртањето дебела линија со креда околу пукнатините или ногарките на масата може да создаде непробојна бариера.

Сода бикарбона

За најупорните колонии, може да подготвите стапица со сода бикарбона и шеќер во прав. Шеќерот ги привлекува како мамка, но содата бикарбона што ќе ја внесат во организмот е фатална за нив. Оваа смеса се поставува на места каде мравките се активни.

Иако споменатите методи можат да го решат проблемот, превенцијата е најважна. Ова првенствено значи одржување на беспрекорна чистота. Редовно вакуумирајте, бришете ги подовите и работните површини за да ги отстраните и најмалите честички од храна. Чувајте ја храната, особено шеќерот, брашното и житарките во херметички затворени стаклени или пластични садови. Редовно празнете ја корпата за отпадоци и внимавајте храната за домашни миленици да не стои предолго во чинијата. На крај, внимателно проверете го домот и запечатете ги пукнатините околу прозорците, вратите и цевките преку кои мравките би можеле да влезат. Комбинацијата чист дом, затворање на пукнатините и примената на природни репеленти ќе ја претвори вашата кујна во зона без мравки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер