Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
1Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
2СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
МакедонијаФилипче: Не е наша работа случувањата во владината коалицијаНе е наша работа случувањата во владината коалиција, ние се спремаме за претстојните избори. Прашање на време е кога целата коалиција ќе се распадне, очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии во таа коалиција, оцени претседателот на СДСМ Венко Филипче за случувањата во владината коалиција по превирањето од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари. Одговарајќи на новинарски прашања по отворање градинка на територија на Општина Центар, Филипче рече дека „тоа што во последно време се случува во владејачката коалиција укажува дека единствена работа којашто ги води партиите во таа коалиција се нивни теснопартиски и финансиски интереси“. -Така што, таква коалиција којашто не се темели на никакви вредности и нема никаква идеја и визија како да ја води државата напред, а за тоа сведочиме секој ден, осудена е само на една работа, а тоа е неуспех, изјави Филипче. Во врска со евентуално излегување на Арбен Таравари од Владата и дали СДСМ би соработувал со неговата Алијанса за Албанците, Филипче одговори дека тоа ќе се види од развојот на случувањата. -Не знаеме како Арбен Таравари ќе се однесува понатаму, дали ќе прави некакви коалиции или не, да почекаме и да видиме. Како ќе се одвиваат работите, тоа не е наша работа. Ние во СДСМ се спремаме за претстојните избори и нашите врати се отворени и канали на комуникација, бараме партнери. Ја потврдивме нашата коалиција од 14 партии, заеднички веќе почнавме да ги креираме листите за сите општини, а во однос на други партнери почнува процесот на разговори, рече лидерот на СДСМ. Додаде дека неговата партија е „апсолутно спремна за каков и да е изборен циклус во претстојниот период“, доколку има и предвремени парламентарни избори. Тој не откри конкретни имиња на кандидати за градоначалници затоа што, рече, смета дека „не е фер тоа да го прави додека траат внатрепартиските процедури“. - Нека завршат, во некои општини навистина брзо се одвиваат и верувам дека многу скоро ќе ги знаеме кандидатите за градоначалници, барем за дел од општините, изјави Филипче. На прашање дали за изборите СДСМ би коалицирала со ДУИ, одговори дека ќе разговараат со сите политички партии, меѓутоа, рече, „принципите на коалиција значат дека коалициските партнери прво треба да се почитуваат, да се целосно согласни околу програмите кои ќе им ги ветиме на граѓаните“. -Односно имплементираме научени лекции од претходните коалиции коишто на некој начин го оштетија имиџот на СДСМ, изјави лидерот на СДСМ. На новинарско прашање дали повторно ќе се кандидира за градоначалник наОпштина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски исто така одговори дека се уште партиските анкети се во процес и кога тие ќе завршат и „внатрепартиските процедури со давање предлози и самокандидирање, самата партија ќе одлучи кои ќе бидат наредни кандидати, не само на Општина Центар туку и на сите општини во државата“. Филипче беше прашан и за нивната анкета и обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека „ја измислиле“. Одговори дека тоа е нивна „голема теренска анкета“ од којашто, рече, гледаат „пад на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ од неколку десетици илјади гласови и почетен тренд на раст на гласовите на СДСМ“. -Во следниот период ќе ја прикажеме анкетата. Ние излеговме со став дека таа анкета што ВМРО-ДПМНЕ ја цитираше и прикажа во јавноста пред неколку недели практично не ја одразува вистинската ситуација на терен. Тоа го потврди и анкета од еден целосно независен институт. Така што, трендовите се очигледни. Очигледно е дека граѓаните се јасни дека оваа владејачка коалиција дојде на власт со една лажна патриотска кампања, едноставно ја заглави државата, а во Македонија, сепак, живеат луѓе кои се прозападно, пролиберално ориентирани ... ја кажаа својата порака на минатите избори, јас со новото раководство ги имплементирам сите научени лекции во нов начин на менаџмент на партијата ... така што постепено Македонија ќе се буди, изјави Филипче.Тагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледиПретседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на настанот „Розов пикник појадок“.„Утрово, Градскиот парк осамна во розово, а Школка се отвори за „Розовиот пикник појадок“, каде што разговаравме и ги слушнавме искуствата на жените кои се борат со рак на дојката, но и укажувањата за важноста на превентивните прегледи. Денот мина во розов ритам, со гласовите на женскиот хор „Фрида“, розовата прошетка и различните содржини: од практична демонстрација за самопреглед на дојките и консултации со специјалисти за реконструктивна хирургија, до „Писмо до идната јас“, како порака што ќе нè пречека по една година. Ме радува присуството на министерот за здравство Сашо Клековски и неговата поддршка на работата на ХЕМА-ОНКО, во функција на создавање услови за унапредување на превенцијата и навременото откривање, но и за подобра и подостапна грижа за женското здравје. Ги охрабрувам девојките и жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи, оти сопственото здравје мора да биде императив. Посакувам „розовото“ што денеска нè обедини да не остане само симбол врзан за октомври, туку да ја обои целата година со повеќе навремено откриени случаи и спасени животи.“- објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите. Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити. Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата. Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски. Таа влада беше првата демократска по десет години мрак. Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает. Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете. Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони. Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра. Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите. Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници. За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки. За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа. А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија. Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè. Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате. Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook