ЗдравјеФилипче: Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.„Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш, е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Бескрајно сме им благодарни што уште еднаш ни покажаа дека живот сепак може да се подари", изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Претходно имаше уште четири трансплантации на бубрези од жив донор. Во период кога здравствениот систем е под притисок на пациенти со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира. Министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЕвропаНов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозениМасивен украински напад со беспилотни летала и ракети врз руското пристаниште Новоросијск оштети два главни терминали за извоз на жито и ја погоди последната голема поморска база на Русија на Црното Море.Локалните власти потврдија дека три лица се убиени, вклучувајќи едно осумгодишно дете, а 24 се повредени во нападот што се случил ноќеска. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со употреба на ракети, воздушни и морски дронови за да ја нападне руската база. Тој не ги спомена терминалите за жито во својата изјава. Украинската војска подоцна соопшти дека четири руски воени брода, вклучувајќи две фрегати, биле погодени, тврдење за кое русија не коментираше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоднесено обвинение против Артан Груби Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице акционерско друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на македонија во значителна вредност од над 8,2 милиони евра. Според обивнителството, тие биле свесни дека акционерското друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на друштво за приредување игри на среќа државна видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото. Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ФудбалСо гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притворПоранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од домашен притвор, со гаранција од 500 илјади евра и мерки на претпазливост како што потврдуваат од скопскиот Кривичен суд Ѓорѓиоски депонирал банкарскаДополнително и Обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата и укинување на притворот. По ова Ѓорѓиоски ќе го очекува продолжувањето на судската постапка со определените мерки на претпазливост. Притворот е укинат и за уште две лица – Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски. И кај нив притворот е заменет со гаранција и мерки на претпазливост. Во истиот предмет е опфатен и поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој претходно обезбеди гаранција во висина од 1.000.000 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter