Филипче најави онлајн петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа - Канал 5

Филипче најави онлајн петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа

Владата на ВМРО-ДПМНЕ тајно преговара за прием на мигранти во Македонија, по договорот со Велика Британија, но тоа нема да го дозволиме по ниту една цена, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче најави онлајн петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа

Владата на ВМРО-ДПМНЕ тајно преговара за прием на мигранти во Македонија, по договорот со Велика Британија, но тоа нема да го дозволиме по ниту една цена, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче и ги повика граѓаните да се спротивстават на, како што рече, тајниот план на власта Македонија да стане дестинација на мигранти. Прашувајќи дали тоа е цената за кредитот од 6 милијарди евра од Велика Британија, Филипче најави онлајн петиција како прв чекор за да се спречи евентуален влез на мигранти, а доколку се покаже дека таа не е доволна, најави и други посилни чекори. Според него скандалозно е што граѓаните за ова дознавале од британските медиуми, а Владата молчела.

- Според овие пишувања во британските медиуми, дознаваме дека според разговори, мигрантите треба да бидат интегрирани и присутни на нашиот пазар на трудот, осовено во градежништвото и тука да имаат трајни живеалишта. Има детални информации дека Велика Британија ќе ѝ исплаќа на Македонија 20 илјади фунти по депортиран мигрант, согласно новиот Договор за повратни центри. Сето ова македонските граѓани го дознаваат од странски медиуми. Ова е недозволиво и скандал од невидени размери. Дали може да очекуваме дека на мигрантите ќе им бидат дадени македонски пасоши и ќе бидат гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ? Сепак се ближат избори, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ предупреди на последиците внесување на мигранти во земјава, особено, што, како што вели, многу поразвиени земји во ЕУ, како и самата Британија, мака мачат со насилното однесување на мигрантите.

-Не можеме и не смееме да дозволиме да се случи ова. Ќе следи силна мобилизација. Активност на секое ниво, во секој град во секоја општина, во секое село. Нема да дозволиме да дојдат мигрантите тука по ниедна цена. Нема да дозволиме на ниеден начин да се загрози безбедноста и иднината на земјата. Ние сакаме развој, сакаме да сме дел од ЕУ. Не сакаме да сме мека на мигранти, да дојдат луѓе коишто гледаме како се однесуваат во другите земји и какви проблеми создаваат, насилства, протести, силувања, болести коишто се донесени, коишто се искоренети во многу земји многу одамна. Ние тоа нема да го дозволиме, ќе го мобилизираме секој еден граѓанин на земјава, изјави Филипче.

Од Владата и ВМРО-ДПМНЕ, пак, досега негираат дека ќе има бегалски кампови земјава и дека такво нешто е договорено со Велика Британија. Во септември, на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски по потпишување на договорот за стратешко партнерство, британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тогашните информации дека во Македонија ќе се градат кампови за мигранти и кажа дека суштината на партнерството се инвестиции и раст на економијата и дека станувало збор за полициска соработка и борба против криминалните мрежи, односно споделување на разузнавачки податоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер