Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!
2Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!
ЗдравјеФилипче: Набавуваме сензори за мерење дијабетес кај децаМинистерството за здравство обезбеди средства за набавка на сензори за мерење на дијабет кај деца, најави министерот за здравство д-р Венко Филипче.-После долги години барање на родителите чии деца имаат дијабет ги набавуваме сензорите за мерење на дијабет. Тоа значи дека на една категорија деца до одреден број на години коишто замислете некогаш и во текот на ноќта треба да се разбудат за да им се измери гликемија сега ќе имаат сензори коишто се монтираат на раката и родителите точно ќе знаат колкаво е нивото на степенот на гликемија. Со тоа целосно го заокружуваме процесот на модернизација во овој дел на лекувањето на пациентите, вклучително и децата со дијабет. Иновативна терапија којашто нуди квалитетен живот, врвна контрола на гликемијата, заштита на кардиоваскуларниот систем и посебно ми е драго што оваа година обезбедивме средства да се обезбедат и овие сензори коишто ќе ги имаат верувам во следните месеци - изјави Филипче. Министерот посочи дека во земјава, од почетокот на ковид кризата побарувачката на инсулин била зголемена за 20%, но сега има доволно инсулин, и тоа оваа терапија е иста како во најсовремените земји во светот. -Благодарение на иновативната инсулинска терапија, тоа се инсулини коишто сега наместо боцкање кај еден дел од пациентите може да се земе таблета, понатаму инсулин којшто наместо неколку пати во денот се боцка само еднаш и тоа во било кој дел од денот и не мора да се води сметка кога се јаде, дали пред јадење па колку се јаде, дали после јадење итн. Значи најсовремени молекули коишто ја контролираат гликемијата, понатаму молекули инсулини коишто го штитат срцето и крвните садови заради несаканиот ефект на шеќерот, заради шеќерната болест и тоа е сето еден процес на модернизација којшто го започнавме уште пред две години, сега го продолжуваме освен тие три лека, сега ќе има два дополнителни. Значи 5 нови молекули на инсулин сега за следните две години којшто значајно го зголемува квалитетот на живот на пациентите коишто имаат дијабет - рече Филипче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаСДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај КарпалакДелегација на СДСМ денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКараванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении. Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата. Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени. Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.Тагови: Силно светнал ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
КултураРенесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли. Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика. Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook