Филипче на X: Изгледа дека моето чувство не лаже - акцијата против Орбановата мафија започна - Канал 5

Филипче на X: Изгледа дека моето чувство не лаже - акцијата против Орбановата мафија започна

Реакцијата на претседателот на СДСМ Филипче доаѓа по објавата на Маѓар.

Филипче на X: Изгледа дека моето чувство не лаже - акцијата против Орбановата мафија започна

"Изгледа моето „чувство“ е посилно од она што го гледавме на ТВ и го слушнавме во Собранието.

Како што најавив, акцијата за разоткривање на Орбановите мафијашки бизниси во Унгарија започна.

На ред се и неговите медиумски мрежи, а со нив и тесните врски на Мицкоски и целата криминална организација ВМРО со Орбан.

Конечно, граѓаните ќе можат јасно да видат сè што најавуваме во последните шест месеци.

Наскоро доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста во Македонија!", стои во објавата на Х на Венко Филипче.

Реакцијата на претседателот на СДСМ Филипче доаѓа по објавата на Петер Маѓар, идниот премиер на Унгарија кој наведува:

„Олигарси поврзани со Виктор Орбан префрлаат десетици милијарди форинти во Обединетите Арапски Емирати, Соединетите Американски Држави, Уругвај и други далечни земји.

Запознаен сум дека унгарската Национална управа за даноци и царини (NAV), врз основа на извештаи од банки, суспендирала неколку трансакции со висока вредност поврзани со кругот на Антал Роган, поради сомнеж за перење пари. Го повикувам раководството на NAV веднаш да ги замрзне овие украдени средства.

Уште еднаш ги повикувам јавниот обвинител, директорот на националната полиција и раководителот на NAV да ги приведат криминалците кои ѝ нанеле штета од илјадници милијарди форинти на унгарската држава, и да не дозволат нивно бегство — пред формирањето на влада на ТИСЗА — во земји од кои екстрадицијата во моментов не е возможна.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

Шпанија е во големото финале на Светското првенство по победата над Франција (2:0), но една снимка од стадионот предизвика вистинска бура меѓу навивачите на „Црвената фурија“. 

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

По завршувањето на натпреварот, камерите го снимија Ламин Јамал како го напушта теренот видно исцрпен, а она што им падна в очи на сите беше фактот дека младиот ас буквално едвај одеше.

Секој чекор изгледа болно, а социјалните мрежи за рекордно време се вжештија од коментари на загрижените навивачи.

По мундијалското полуфинале Шпанците се пожалија на грубоста од француските фудбалери кон младата светска фудбалска ѕвезда.

Во текот на целиот натпревар, Французите не бираа средства за да ја запрат најголемата ѕвезда на Шпанија. Јамал беше под постојан притисок, претрпе бројни дуели и стартови, а токму врз него беше направен прекршокот по кој Шпанија доби пенал за водство.

YouTube video

Иако видеото на кое тој тешко се движи воопшто не е пријатно за навивачите на „Црвената фурија“, првите информации од шпанскиот табор влеваат оптимизам. Не се очекува повредата да го загрози неговиот настап во финалето; станува збор попрво за последици од жестоките дуели и големиот физички напор за време на полуфиналето.

Сепак, јасно е дека шпанскиот медицински тим внимателно ќе ја следи неговата состојба во наредните денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе патува во САД во сабота, објави „Џерусалим пост“.

Нетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со Трамп

Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморација за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот.

Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. Посетата на Вашингтон ќе биде првото официјално патување на Нетанјаху во САД од почетокот на војната со Иран. Неговата последна посета на САД беше во февруари.

За време на неодамнешниот телефонски разговор во кој Нетанјаху му честиташе на Трамп за 250-годишнината од американската независност, двајцата лидери се согласија да се сретнат „наскоро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Поддршка за компаниите од 5,4 милиони евра за вработување на 1385 лица.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На средбите Ристески пред присутните ја презентираше мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на Оперативниот план за вработување, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

- Креирањето на нови работни места е приоритет за Владата и Министерството за економија и труд, а годинава преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година создаваме повеќе од 3.500 нови работни места. Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ обезбедуваме поддршка на компаниите за зголемување на бројот на вработени, годинава со оваа мерка ќе бидат опфатени 1385 лица, а вкупниот буџет изнесува 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра – кажа заменик-министерот Ристески.

Со јавниот повик една компанија може да аплицира за финансиска поддршка за најмногу 5 работни места и вкупна поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. И оваа година најголема финансиска поддршка од 250.000 денари се предвидува за вработување на младо лице до 29 години.

Ристески и претставниците на стопанските комори апелираа до сите компании кои имаат интерес и ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат во некој од центрите на Агенцијата за вработување.

Јавниот повик е отворен до 24 јули 2026 година

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (https://av.gov.mk/).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер