Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
1Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
ЗдравјеФилипче на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОНЗаедничка цел е да се изгради достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем.Универзалната здравствена покриеност е главна цел за здравствени реформи во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Филипче, како што соопшти владината прес-служба, нагласи дека таа цел произлегува од заедничката визија на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за здравје и благосостојба на секого и насекаде кон што се насочени и здравствените реформи во земјата. – Заедничка цел е да се изгради достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем, а исто така да се зајакне чувствителноста и одговорноста на поединецот за своето здравје и здравјето на другите. Поставувањето на овој проблем како приоритет осигурува дека сите луѓе имаат пристап до здравствени услуги со доволен квалитет, а тоа ќе игра голема улога во намалувањето на здравствените нееднаквости во Македонија, потенцираше министерот за здравство Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на ОН. Филепче, како што се наведува, информираше дека Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита во согласност со Декларацијата на Астана и дека земјата го продолжи овој процес за време на првиот национален форум за здравствена заштита, што се одржа на 13 февруари 2019 година. Министерот Филипче го запозна Самитот за универзалната здравствена покриеност за новата визија на земјата за примарната здравствена заштита како клучен национален приоритет насочен кон подобрување на севкупните перформанси на здравствениот систем и истакна дека земјата ја забрзува нејзината имплементација. – Усогласувањето на примарната здравствена заштита со оваа визија ќе го зголеми нејзиниот капацитет за реакција и ќе обезбеди одржливост на здравствениот систем, спречување и намалување на товарот на незаразните заболувања и подобрување на здравјето и благосостојбата на населението во Македонија, рече во своето обраќање министерот Филипче. Тој посочил дека продолжува мултисекторската соработка и се фокусирани да се обезбеди достапен и висококвалитетен здравствен систем ориентиран кон граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“126 денари за килограм – толку се плаќал лебот во 2025 година во студентскиот дом „Пелагонија“ иако според пазарот цената му е 70 денари – државните ревизори утврдија низа неправилности и несоодветно трошење на јавните средства во домот. Во 2023 година, „Пелагонија“ распишала тендер за леб и брашно, а истиот го добила фирма која воопшто нема таква дејност. Договориле цена по 57 денари од килограм, но добавувачот, при фактурирањето едно парче, односно векна леб го прикажувал двојно, како килограм. Ваквото постапување поради ретките контроли немал кој да го „детектира“ дури до крајот на 2024 година. А, подобра состојбата не била и подоцна. -Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки,- - Државен завод за ревизија. Освен кај лебот, државната ревизија констатирала пропусти и при набавката на душеци. Извештајот нотира дека биле набавени 250 душеци, кои биле со поголеми димензии од самите кревети, па истите стојат складирани. А, мерка не била земена ниту за претходната набавка, па тоа ги оштетило и креветите. -Утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците, била нарушена стабилноста и статиката на креветите. Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот,- - Државен завод за ревизија. Канал 5 стапи во контакт со Агим Фејзулаху, кој директоруваше со „Пелагонија“ до крајот на 2023 година, но тој одби да даде изјава, единствено посочи дека во тендерските постапки има јасни законски услови и клаузули, кои според него се испочитувани. Актуелниот директор Орхан Алиу пак најави дека дополнително ќе одговори на наодите од ревизорите. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП ТабановцеВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на Граничниот премин Табановце.Камерите на „сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странците, па така покрај македонските возачи, сега и странските ќе мораат да ги почитуваат сообраќајните правила и да возат безбедно. Казнувањето на самиот граничен премин вчера предизвика нервоза кај дел од возачите, бидејќи биле затекнати дека и за нив важат правилата. Каква е денес сликата го прашуваме Дејан Србиновски, кој се наоѓа на Табановце. Дејан, дали повторно имаме метеж и нервозни возачи? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО ГОКК го затвори предметот за јавните набавки на модуларните болнициПо речиси пет години предистрага, ОЈО ГОКК го затвори предметот за набавката и изградбата на модуларните болници за време на ковид кризата. Не е утврдена злоупотреба на службената положба ниту друго кривично дело. Предметот беше отворен по допрен глас во 2021 година по пожарот во модуларната болница во Тетово со цел да се провери дали при набавката, договорите и изградбата имало незаконитости. Обвинителката Верица Бержецка Крстева која е трета која го презела предметот и ја донесе одлуката, на брифинг со новинарите објасни дека анализирани биле постапките за јавни набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантната законска регулатива. -Од анализата на целокупната документација и извршените проверки, Обвинителството не утврди факти од кои би произлегло дека во постапките за набавка службено лице ја искористило или пречекорило службената положба или овластување, односно не ја извршило службената должност, со цел да прибави значителна имотна корист или да нанесе значителна штета,- -ОЈО ГОКК. Клучен дел од проверката била и набавката на модуларните објекти преку проектот за итно справување со Ковид-19, финансиран со заем од Светска банка. Дополнително, Светска банка по пожарот во Тетово извршила проверки на повеќе модуларни болници – во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип. Според документацијата доставена до обвинителството, било потврдено дека набавката била спроведена согласно правилата на банката, а испорачаните објекти одговарале на техничките спецификации. -Со измените на Законот за градење објавени на 24 ноември 2020 година, модуларните градби наменети за вршење здравствена дејност биле опфатени во категоријата градби за кои не е потребно одобрение за градење. Од прибраната документација произлегува дека дел од јавните здравствени установи имале решенија од Министерството за здравство за поставување на модуларните градби, како и соодветна проектна документација,- -ОЈО ГОКК. Со ваквата јавнообвинителска одлука практично значи дека нема обвинение за Кочо Анѓушев кој е еден од споствениците на компанијата Брако која го доби тендерот за изградба на 19 модуларни болници. Ова е одвоен предмет од оној за пожарот во модуларна болница во Тетово во кој загинаа 14 лица на по три години затвор правосилно се осудени двајцата поранешни директори на тамошната болница Флорин Бесими и Артан Етеми. Инаку на брифингот со новинарите присуствуваше и шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази чиј четиригодишен мандат истекува на почетокот на ноември. Рече дека не размислува за повторна кандидатура на оваа позиција и ќе се врати во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook