Филипче: Можна е препорака за трета доза, а можно е и вакцината да стане сезонска

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека е очигледно дека ќе продолжи трендот на појава на нови мутации на коронавирусот и оти делта сојот нема да биде последна мутација...

Се очекуваат нови мутации на коронавирусот, па едно од можните сценарија според министерот за здравство Венко Филипче е граѓаните да примат и трета доза анти-ковид вакцина, а исто така не се исклучува можноста таа да стане сезонска. Тој од Гевгелија, каде што беше во увид на реконструираната болница, порача дека ќе се следи состојбата, а ќе се разговара и за евентуални рестриктивни мерки за оние кои што досега не се имунизирале.

„Ќе разговараме за евентуални рестриктивни мерки, прво насочени кон оние кои што не се вакцинирани, затоа што нема потреба да ставаме дополнителен ризик на луѓето кои што се вакцинирани, знаејќи дека е единствениот начин ние нормално да функционираме и животите да ги вратиме назад.“

Според него, иако во изминативе денови има пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти, состојбата е прилично мирна и болниците фунцкионираат без притисок.

„Нема притисок во болниците, ниту во амбулантите, каде што се става индикација дали некој пациент е за прием или не. Околу 15 пациенти се лекуваат на клиниката за инфективни болести. Будно ја пратиме ситуацијата, иако сега е прилично мирно, можно е да продолжи трендот на пораст и понатаму.“

Министерот потенцираше дека вакцинацијата се одвива непречено во вакциналните пунктови ширум земјава, а исто така се одвива и теренската имунизација. Во текот на вчерашниот ден вакцина примиле околу 12.500 граѓани.

Со последните бројки 63% од населението над 70 години примиле барем една доза вакцина, над 65 години, барем една примиле 65%, а најниска е бројката над педесет години, односно со најмалку една доза се вакцинирале 45%.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер