МакедонијаФилипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на властаВо обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче остро реагираше и ја осуди неодговорната и корумпирана власт која ја задолжи Македонија со над 7 милијарди евра, без отчет и без развој.„Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво“, рече Филипче. Тој нагласи дека младите немаат никакви реални можности во сопствената држава, дека системот е нефункционален и дека сè почесто единствен услов за вработување е партиска книшка. „Целосно неодговорна власт. Ниту има опции, ниту има можности, ниту има какви било индикатори за светла и добра иднина на младите. Единствено нешто што треба да имате е партиска книшка. Тоа значи дека сценариото е – да добиете работа со купена диплома, без полагање англиски, со документ од студиото Јулија од Бугарија. И никому, ама баш никому, око да не му трепне“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter