3Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаФилипче: Мицкоски ништо од реформите нема исполнето, власта ја закочи европската иднинаПремиерот Мицкоски треба да каже зошто спиеше две години и ништо не исполнија од реформската агенда, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потсети дека Мицкоски со досегашните политики покажа дека целосно ја закочи европската иднина на државата. „Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира, посебно овој дел, во делот на правосудството, каде што граѓаните навистина очекуваат нешто вистински, позитивно да се случи“, рече Филипче. Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема направено ниту еден чекор за почеток на преговорите со ЕУ. „Значи, оваа влада, освен што по пола мандат, којшто веќе е поминат од четирите години од мандатот на Владата, не направи ништо со реформите, не направи ништо ниту пак со уставните измени за да ние почнеме вистинските преговори и отворањето на кластерите и поглавјата со Европската Унија“, рече Филипче. Притоа, Филипче укажа дека во новиот извештај којшто е стигнат и најавата за работата на новото кипарско претседателство не е спомната Македонија. “Се спомнува кратењето на фондовите од Европа, поради тоа што е владата ваква каква што е. Премиерот кажува реформска агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал, разоткриени се. Ние ќе поддржиме сè што треба да се поддржи за да земјата тргне напред“, нагласи Филипче. Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека на владата не и се важни реформите за европската иднина на државата и нема искрена намера да ја води земјата кон Европската Унија, туку единствено се грижи за бизнис-интересите на мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што ништо не исполнија од договореното досега и тоа што еве полека ја разоткриваме нивната власт, е дека само еден голем бизнис за една мала група на луѓе блиска до ВМРО-ДПМНЕ, значи дека немаат намера, исто како и досега, да сработат нешто од реформската агенда“, рече Филипче. Тој додаде дека на граѓаните треба да им е јасно дека со оваа влада нема реформи, туку само лажна пропаганда и спроведување на нивните бизниси. „Се е една лажна пропаганда со цел нивните бизниси во позадина да тераат. Нема збор за сомнителниот капитал од АЛТА банка, нема збор за тендерите 161 тендер милионски тендери за компании вчера регистрирани на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, средби со луѓе на вицепремиерот, со луѓе блиски до Путин. Премиерот кажува реформската агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал разоткриени се“, рече Филипче. Притоа, Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМЕ целосно ја закочи европската иднина на државата. „Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната самоуправа во Гостивар. „Со Али Ахмети, прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, потреби имаат граѓаните соодветни, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа наша поддршка му донесе и на него победа“, изјави Филипче. Филипче, потенцираше дека нема никаква коалиција и изрази жалење што дел од политичките партии со тоа што отидоа на лидерската средба, летигимираа една власт која е навлезена во корупција и ја држат земјата во изолација. „Јас кажав во неколку наврати, жалам што партиите коишто отидоа таму легитимираат за една ваква власт, навлезена длабоко во корупција, којшто ја држат земјата во изолација и на некој начин во медиумски мрак благодарение на кампањите со лажни вести коишто ги прават преку своите медиуми. Мислам дека ниту една политичка партија не треба да даде поддршка на ваква власт, затоа што со оваа власт тендерска коалиција на ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија нема иднина.“ рече Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОНМакедонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски беше дел од отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.„Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка. Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси.“- објави Мицкоски на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на ЛазаревиќБожиновска бара извинување за 24 часа. СДСМ да ги повлече „лагите“. Фактите не се лаги. Тие се регистар.Од 2011 до 2014 била извршен директор на Руднап Група за Централна и Источна Европа. Одговорна за активности во Северна Македонија, Србија, Бугарија и регионот. Од 23 март 2012 до 11 март 2014 - управител на Руднап Бугарија ЕООД. Во 2012 таа фирма направила промет од над 130 милиони бугарски лева. Името ѝ стои и во документацијата на загребската фирма на Руднап, промена регистрирана на 6 декември 2013, идентификувана со бугарски пасош. Не била само вработена. Била запишана управител на компанија на Лазаревиќ во Бугарија и во списите во Хрватска. Пред тоа, 2006–2011, работела во ЕЗПАДА, меѓународна трговија со струја. ЕЗПАДА се вкрстувала со мрежата на Руднап на Војин Лазаревиќ. Во 2011 нејзиното име влегува во собраниска расправа за увоз на струја. РСЕ ги пренесува стенограмите: блискост на тогашните Руднап и ЕЗПАДА со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек. Истата гранка. Тогаш имаше шеф. Денеска е министерка. На 11 август 2026 ЕВН склучува околу 13,2 милиони евра со METER&CONTROL од Србија за броила. СДСМ ја врзува фирмата со групацијата на Лазаревиќ. Граѓанинот ќе ги плати на сметка. Таа вели нема врска со постапката. Врската е целата кариера. Мостот меѓу Лазаревиќ и Мицкоски е Душан Адамовиќ. Човек со криминално минато. Навивач од хулиганските кругови околу Вучиќ. Висок кадар на СНС. Бизнис-партнер на арамијата. Почесен конзул на Македонија во Србија - човек што нашата земја ја нарекува окупирана српска територија, окупирана од Македонци. Тој е врската. Преку него оди увозот на струја. Преку него се врзуваат Лазаревиќ, Мицкоски и министерството. Божиновска е ставена да го води ресорот енергетика како човек од доверба на Лазаревиќ. Затоа има ново министерство. Затоа има увоз. Затоа има броила. Затоа има барање за извинување наместо хартија. Божиновска не е само човек од доверба. Дваесет години е во бизнис-релација со Војин Лазаревиќ - од ЕЗПАДА, преку Руднап во Софија, Загреб и Скопје, до министерското столче и договорот за броила. Иста гранка. Исти луѓе. Иста каса. Адамовиќ го држи мостот. Мицкоски ја држи власта. Народот ја плаќа сметката. Наместо извинување, го молиме Обвинителството, ако може да реагира без повик од Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенцијаЛокалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата.Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција. „Има голема заинтересираност за оваа обука, која ја спроведуваат стручни лица во нашите градинки. Крајна цел е вработените да создаваат поттикнувачка средина за децата, да знаат како да ги препознаат потешкотиите во нивниот развој и навремено да ги информираат родителите, за да се даде соодветна помош на оние на кои им е потребна", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се нуди поддршка за рана интервенција, како и поддршка на семејствата. За сите родители кои сакаат да се вклучат се прави индивидуална проценка на детето и потребите на семејството, по што се изготвува Индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП), со континуирана поддршка од стручно лице. За информации и совети функционира и платформата www.ranaintervencija.mk, поддржана од Општина Центар. Локалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата. Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05