Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?
1Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун
2Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?
3Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк
МакедонијаФилипче: Мицкоски како Малиот Вучиќ, очигледна е соработката со СНСНа брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја потецираше директната поврзаност на актуелната власт со СНС во соседна Србија.„Очигледна е соработката на оваа власт со српската власт на Александар Вучиќ и на СНС, односно лично со него. На граѓаните веќе им паѓа во очи како премиерот Мицкоски сака да го имитира претседателот Вучиќ, во движењата, во стоењето, во начинот на давање изјави и во концептите на политиката. Прекарот веќе го доби, малиот Вучиќ“, рече Филипче. Според него, моделот на владеење што се применува во Србија сѐ повеќе се пресликува и кај нас. „Тоа што го прави Вучиќ во Србија, премиерот Мицкоски се обидува да го направи кај нас – еден човек да ја претставува целата политика и целата партија, а сите други да ги извршуваат неговите наредби“, рече Филипче. Тој потсети на случувањата во Србија по трагедијата во Нови Сад и на протестите кои следеа, укажувајќи дека таму дијалогот е речиси невозможен, а општеството длабоко поделено. „Во Србија тоа оди до ниво на судири, а земјата се соочува со економски колапс и целосна изолација од Европа. Истата опасна матрица денес се применува и во Македонија“, предупреди Филипче. Во тој контекст, Филипче нагласи дека ваквата политика води кон намерна изолација од Европската Унија и служи како алиби за прикривање на криминалот и корупцијата. „Се бараат само изговори земјата да се држи изолирана од Европската Унија. Нема друго објаснување.“, истакна тој. Претседателот на СДСМ порача дека граѓаните јасно гледаат каде води овој модел, кон авторитаризам, економска несигурност и европска изолација, и нагласи дека СДСМ ќе продолжи јавно и аргументирано да ја разобличува оваа соработка и опасниот курс по кој се движи Македонија. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДржавен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун Со државни почести денеска Бугарија ги пречека посмртните останки на Цар Самоил. Со воен авион останките беа пренесени од Солун во Софија и поставени на плоштадот „Кнез Александар Први“ каде беше одржана церемонија на која се обрати бугарскиот државен врв. Од таму беа пренесени во базиликата „Света Софија“ каде имаше присуство на бројни граѓани. Претходно, во Музејот на византиската култура во Солун, официјално беше извршено предавањето на посмртните останки од Грција. Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека со враќањето се исполнува, како што рече, морална обврска, додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше за историскиот долг на Атина кон Софија и потенцираше дека Грција добива назад 48 црковни реликвии со големо духовно и историско значење. -Нашите сонародници и идните генерации заслужуваат и треба да им оддаваат почит на своите предци. Овие шест децении, нашите политичари, дипломати, научници и државници работеа напорно за да стигнеме до денешниот ден. Херојскиот и величествен цар Самоил, кој не можел да ја поднесе глетката на своите војници, е пример за секој Бугарин. Ако во минатото цар Самоил нè разделувал, денес нè обединува. Денес тој го прави нашето стратешко партнерство уште посилно, а врските меѓу двата народа – поцврсти.- Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија -Враќањето на важен црковен предмет ги претвора и тешките историски моменти во нови можности за комуникација. Атина ја исполнува својата историска должност, враќајќи ѝ ги на Софија посмртните останки на цар Самоил, кои во 1964 година ги открил професорот Моцопулос во базиликата „Свети Ахил“. Тие со децении биле чувани од грчката влада, а сега му се враќаат на бугарскиот народ, за да им се оддаде почит на начин што вие ќе го сметате за најсоодветен. – Киријакос Мицотакис – Премиер на Р. Грција На новинарско прашање околу чинот на пренесуваењ на останките на Самоил во Софија, премиерот Христијан Мицкоски се наврати на Бледскиот догово и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје. -Што се однесува до пренесување на мошти јас би се вратил наназад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор се донесени во Скопје и нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, зашто моштите на тој великан којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет и штета шт малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сето она коешто таму е договорено, а тоа не етолку одмана, пред неколку децении после капитулацијата на фашистичка Бугарија после Втората светска војна којшто ја окупирала територијата на денешна Македонија. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Во однос пак на дилемите кои се отворија и во дел од научните кругови во Софија има сомнежи дали од Грција навистина сепак стигнале останките на цар Самоил. -Единственото нешто кое претстои според мене да се направи а не било направено претходно, е ДНК анализа на коските кои ќе бидат вратени во Бугарија и која ќе потврди или нема да потврди, она што е трагично во случајот, она кое сите го знаеме а тоа е дека таму е погребано семејството на царот и дел од неговото семејство. Јас разбрав дека станува збор за детски скелет што означува колку е неподготвена целата таа операција. – Проф. Милко Палангурски - Историчар Останките на Цар Самоил биле откриени во базиликата „Свети Ахил“ на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, при археолошките ископувања на грчкиот професор Николаос Моцопулос во 1964 година а во последните години се наоѓаа во Музејот на византиската култура во Солун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?Како исклучително пријателска, корисна и содржајна премиерот Мицкоски ја оцени посетата на шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во земјава, но порача дека не е целосно задоволен од пораките кои таа ги упати во Скопје. Охрабрувачки биле оние за импресивниот напредок на земјава во реформите, но не и пораката дека уставните измени остануваат клучен чекор за напредокот кон ЕУ. Според Мицкоски вечрашната посета може да биде клучна за процесите кои престојат за надминување на блокадата, но засега нема повратен одговор од официјална Софија за иницираната билатерална средба меѓу Муцунски и Петрова Чамова која би се одржала на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 овој четврток во Софија. Според Мицкоски би било загрижувачки ако бугарската страна ја одбие поканата за средба. „ Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. И уште многу работи ќе направиме што тие не можат ниту во најдобриот сон да ги замислат. Само треба време и трпение. Ова се процеси кога имате квислинзи коишто распродаваат и патриотска влада којашто си ја сака државата и којашто треба да го врати тоа што квислинзите го распродале. Доколку биде одбиена во тој случај уште еднаш ќе се потврдат сите оние тези коишто ние ги имаме и за што сме загрижени. Не го очекувам тоа. Не би било паметно да одбијат, но во ред, тоа е нивна суверена одлука, не е тоа наша одлука. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму “– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Мицкоски посочи дека Владата ќе продолжи со активностите и најави дека ќе го посети неколку пати Брисел во текот на идниот месец. Постепената интеграција и економските придобвки од неа, ги оцени како добра можност за земјава. “Постепената или градуална интеграција е исто така шанса за нас. Сето ова нè охрабрува и нè мотивира да продолжиме по патот на реформите во периодот којшто следи. Јас во ноември месец двапати имам закажано патување во Брисел, првиот кај еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, вториот е настан оној регионален самит којшто го имаме со Европската Унија и Западен Балкан. Така што, ќе се бориме. Нема предавање, ќе се бориме, не е лесно, премногу испопродадоа овие претходно, премногу испоуништија, премногу испокрадоа, но не се откажуваме. Украденото ќе го вратиме, тоа што е распродадено ќе се бориме да го повратиме“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Фон Дер Лајен со посетата во Скопје за зоакружи редовната балканска турнеја, а освен со премиерот Мицкоски оствари средба и со престедателкта Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-паркДовербата има смисла само ако се претвора во работа. А работата има вредност само ако резултатите можеме отворено да ги ставиме пред јавноста.На 13 ноември минатата година, јас и советниците на Општина Карпош ги добивме уверенијата за нашите мандати. За мене, тој ден не беше само ден кога започна функцијата градоначалник, тоа беше ден кога првпат ја презедов одговорноста да ја водам Општина Карпош. Одговорност кон секој човек што ни ја даде својата доверба. Кон оние што гласаа за нас, но и кон сите граѓани на Карпош, затоа што од моментот кога ќе ја преземете функцијата, должни сте да работите за сите. Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, довербата што ја добив ја прифатив со огромна чест. Но од првиот ден знаев дека довербата сама по себе не е резултат. Таа е обврска. Обврска да работиш чесно и посветено, да одлучуваш одговорно и да бидеш меѓу луѓето. Да слушаш и кога ти се допаѓа она што го слушаш, но уште повеќе кога не ти се допаѓа. Да признаеш што е завршено, да кажеш што е започнато и да не се криеш зад изговори за она што сè уште не е направено. Затоа денес сум овде. Не за да кажам дека се е завршено. Не за да претставам идеална слика во која нема проблеми, туку за да дадам отчет. Затоа што отчетноста и транспарентноста за мене и мојата политичка партија не се политички слогани што важат само за време на изборите, тие се обврска кон граѓаните. Довербата има смисла само ако се претвора во работа. А работата има вредност само ако резултатите можеме отворено да ги ставиме пред јавноста. Кога ја презедов функцијата, имав една јасна визија за Карпош, не општина која ќе живее од ден за ден и ќе реагира само кога проблемот ќе стане преголем, туку општина што планира, општина што е присутна во маалата, општина што ги слуша граѓаните пред да носи одлуки, општина што ќе биде поуредна, пофункционална и пред се позелена. И најважно – општина во која секој проект има одговор на едно едноставно прашање: Што ќе промени ова во животот на граѓанинот? Од тоа тргнавме. И затоа еден од првите чекори беше да ја вратиме комуникацијата со граѓаните таму каде што припаѓа – во самото креирање на приоритетите. При подготовката на буџетот не сакавме граѓаните само да слушнат што сме одлучиле. Отидовме меѓу нив. Организиравме средби низ урбаните и месните заедници и разговаравме за она што вистински го живеат секој ден – за улиците, за водоводот, за паркирањето, зеленилото, безбедноста, за урбанизмот, училиштата и условите во нивните маала. Така го креиравме граѓанскиот буџет. Не како формалност, туку како порака дека општината мора да слуша пред да троши и мора да знае каде граѓаните очекуваат да биде вложен нивниот денар. Уште во првите денови покажавме и каков треба да биде редоследот на приоритетите. Средства предвидени за патувања и репрезентација ги пренаменивме за комуналните трошоци на основните училишта. Тоа можеби нема да го видите на билборди, но токму од ваквите одлуки започнува одговорното управување. Затоа што парите на граѓаните мора прво да одат таму каде што се најпотребни. А кога разговарате со луѓето, многу брзо сфаќате дека нивните барања често не се спектакуларни. Тие бараат нормално секојдневие, чиста околина, слободен паркинг, безбедна улица, функционален водовод, осветлено маало, уреден јавен простор итн. Токму затоа една од првите теренски задачи беше враќањето на редот и чистотата, што е до денес приоритет во нашето работење. На Скупи 5, Злокуќани, Спортски центар „Борис Трајковски“, кај археолошкото наоѓалиште Скупи, на патот кон Бардовци расчистивме некаде над 3.500 кубни метри наталожен материјал. Почнавме континуирано да ги отстрануваме хаварисаните возила од јавните површини и уште во првите сто дена ослободивме повеќе од 150 паркинг места. Во одржувањето на комуналниот ред клучна улога има Секторот Инспекторат, чии екипи секојдневно ја следат состојбата на терен, вршат контрола и постапуваат по пријави од граѓаните. Во постојана координација со надлежните општински служби се следат критичните локации и навремено се реагира таму каде што ќе се појави проблем. На тој начин, одржувањето на редот не се сведува на повремени акции, туку се спроведува како континуиран и организиран процес. Акциите продолжија и потоа. Зошто го издвојувам ова? Затоа што квалитетот на една локална власт не се гледа само во капиталните објекти, се гледа и кога граѓанинот ќе излезе од дома и ќе види дека нешто што со години му пречело конечно е решено. Од редот во маалата преминавме кон еден од најголемите предизвици, а тоа е инфраструктурата. Општина Карпош почна да се развива. Започнавме реконструкција на дел од улицата „Јуриј Гагарин“ во Козле. Тоа беше почеток на една поширока инфраструктурна динамика. Во изминатите месеци целосно ја завршивме реконструкцијата на улицата „Џумајска“. Реконструиран беше и дел од улицата „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 2. Ја завршивме реконструкцијата на ул. „Трифун Бузев“, заедно со двата соседни паркинг простори, следи моментално и реализација на уличното осветлување. Целосно беше реконструирана и улицата „Атинска“, со обновување на коловозот и тротоарските површини, воедно обезбедивме и улично осветлување. Но инфраструктурата за нас не е само нов асфалт. Во Бардовци започнавме изградба на нови улици 5,6 и 7, како и улицата 1687 со тротоарско решение и улично осветлување. Во Долно Нерези, во соработка со градоначалникот на Град Скопје, господинот Орце Ѓорѓиевски и ЈП Водовод и канализација, започнавме реконструкција на водоводната мрежа, со цел решавање на долгогодишниот проблем со притисокот на водата. На улицата „Волгоградска“ започнавме изградба на нова атмосферска мрежа. Исто така, во Бардовци поставивме нови енергетско ефикасни светилки. Во Козле започна реконструкцијата на улица „Загребска“, со нов потпорен ѕид и подобар пристап кон детската клиника. А на почетокот на месец септември започна и реконструкцијата на улицата „Софиска“ во Тафталиџе 2. Кога ги кажуваме овие работи, лесно е да се изгубиме во метри, квадратни метри и бројки. Но суштината е друга. Инфраструктурата има вредност само кога го олеснува животот. И токму затоа од улиците и комуналните проблеми природно доаѓаме до она што за мене е еден од најважните тестови за секоја општина – какви услови создава за своите деца. Во Козле започнавме со изградба на целосно нова градинка – „Пролет 2“. Објект со капацитет за 130 деца, со современи услови, простор за игра и зеленило. Ова е една од најзначајните капитални инвестиции во овој период. Но за мене, нејзиното значење не е само во големината на инвестицијата. Нејзиното вистинско значење ќе се гледа секое утро кога родители ќе ги оставаат своите деца во безбедна, современа и достоинствена средина. Тоа е мерката за вредноста на проектот. Во градинката „Мајски Цвет“ продолживме со потребните интервенции до целосна реконструкција, со посебен фокус на исполнувањето на стандардите и безбедноста на нашите децата. Да напоменам дека грижата за децата продолжува и кога ќе го поминат прагот на училиштето, па така во почетокот на учебната година 2026/27, Општина Карпош обезбеди бесплатни ранчиња и основен училиштен прибор за секое прваче. Верувам дека успехот треба да биде препознаен, па така ги наградивме учениците и нивните ментори кои постигнаа значајни резултати на државно ниво. Ги наградивме десетте првенци на генерација. Награди за најдобрите ученици и најуспешните млади, награди и за спортистите, организиравме и меѓународна екскурзија за истите. Истовремено работевме и на професионална психо-едукативна поддршка за наставниот кадар и на активности за кариерен развој на основците. Благодарение на донација од Здружението „ПОЗИТИВО“, добивме нова сензорна соба во ООУ „Петар Поп Арсов“, а наскоро очекуваме и донација за сензорната соба која следи во ООУ „Лазо Трповски“, во соработка со фондацијата „Верица Механџиска“. Континуирано ги подобрувавме условите во училиштата, целосно опремивме 5 училници во ООУ „Лазо Трповски“ со нов инвентар и нагледни средства. За проширување на капацитетите на ООУ „Димо Хаџи Димов“, во соработка со Министерството за образование и наука, во тек е доградба на училници. Очекуваме овој модел да се аплицира и во останатите основни училишта пред се во „Петар Поп Арсов“ каде условите го дозволуваат тоа. Исто така училиштата се опремени со нови хидрофори. Секое дете нема исти потреби, но секое дете заслужува иста грижа. И тоа е принципот според кој мора да функционира образованието. Истата логика ја следиме и во спортот, кога е во прашање. Континуирано ги поддржуваме училишните спортски игри, а во функција се и двете спортски сали во „Наум Наумовски – Борче“, во нашиот „Партизан“. Сакаме училиштата и населбите да имаат услови каде децата и младите ќе тренираат, ќе се дружат и ќе развиваат здрави навики. Па така, во населбата Влае започнавме изградба на нова повеќенаменска спортска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ – објект од 1.400 квадратни метри, проектиран според европски и меѓународни спортски стандарди. Во ООУ „Братство“ го поставивме камен-темелникот и официјално ја започнавме изградбата на исто така нова повеќенаменска спортска сала. Во изминатиот период, во соработка со Министерството за спорт и млади, целосно беше довршен и новиот покриен училиштен базен во салата „Партизан“, со активно учество на Општина Карпош. Базенот е одлична можност за работа на клубовите како и локација за учениците од нашите основни училишта. Го реконструиравме и пуштивме во употреба повеќенаменското спортско игралиште кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ и во населбата Бардовци. Го реконструиравме спортското игралиште во ООУ „Владо Тасевски“, а во соработка со Министерството за спорт и млади ќе обезбедиме одбојкарско игралиште и трибина за незаборавни спортски доживувања во училишниот двор на „Владо Тасевски“. Целосно го саниравме и покривот на училишната зграда кој беше оштетен во невремето кое го зафати Карпош во месецот јули и беше во форма на донација од некаде 500.000 денари. Исто така, спортските игралишта во надлежност на Општината ги направивме достапни за користење и во вечерните часови. Паралелно, преку јавните програми обезбедувавме поддршка и за спортски активности, спортски клубови, рекреација и работа со младински категории. Тоа е пошироката слика. Не само објект, туку систем што треба да создава повеќе можности за спорт. Дел од овие капитални проекти ги реализираме во партнерство со Владата на Република Македонија. И затоа сакам јавно да упатам благодарност до Владата и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и партнерскиот однос кон Општина Карпош. Кога централната и локалната власт соработуваат околу конкретни потреби на граѓаните, тогаш граѓаните ја гледаат смислата на институционалната соработка. Но ако зборуваме за иднината на Карпош, тогаш мора да зборуваме и за младите. Затоа воведовме мерки што се директни, практични и мерливи. Посебно внимание посветуваме на младите и на создавањето конкретни можности за нив, па токму затоа Општина Карпош обезбедува субвенции за полагање на возачки испит, како практична поддршка во еден важен чекор кон нивната поголема самостојност. Отворивме програми за стипендирање на талентирани ученици и млади спортисти. Ги подготвуваме официјалното отворање на младинскиот и ресурсниот центар во салата „Наум Наумовски – Борче“ во Карпош 4. Грижата за почиста животна средина ја преточивме и во конкретни мерки, па затоа спроведовме и субвенции за велосипеди. Интересот на граѓаните покажа дека кога ќе понудиме практична и достапна алтернатива, постои вистинска одговорност за поздрав и поеколошки начин на движење. Преку различни јавни повици и програми поддржувавме и спорт, култура, активности на млади уметници, еднакви можности и граѓански иницијативи. Кога зборуваме за социјалната политика, не сакам да зборуваме само за ставки во буџет. Сакам да зборуваме за луѓе. Обезбедивме еднократна финансиска поддршка за нашите сограѓани со попреченост. Исто така, во соработка со Црвениот крст ја воведовме и услугата „Итно копче“, услуга наменета за повозрасните жители на кои им е потребна дополнителна сигурност и можност за брза реакција во момент кога се сами или во некаков ризик. Продолживме и со поддршка за новороденчињата, посвоените деца, обезбедивме еднократна помош и ваучери за истите. Обезбедувавме еднократна помош за лекување, за граѓани во социјален ризик и во случаи на пожар или поплава. Започнавме бесплатна, стручна и континуирана психолошка поддршка за онколошките пациенти. Финансиски поддржавме бесплатни превентивни ехо-прегледи за жените од Карпош. Општина Карпош обезбеди и финансиска поддршка за подобрување на условите во колективното домување – за санација на кровови, замена на азбестни кровни покривачи и подобрување на лифтовите, со што директно им помагаме на станарите полесно да реализираат зафати што се важни за безбедноста, функционалноста и квалитетот на нивното секојдневно живеење. Во областа на еднаквите можности поддржавме конкретни активности, вклучително и програми насочени кон жените, нивното здравје и економското вклучување. Работевме и на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска вклученост на карпошани. Зошто го кажувам сето ова во еден контекст? Затоа што локалната власт е најблиската институција до човекот односно граѓанинот. Во изминатиот период посебно внимание посветивме на нашето одделение за заштита и спасување и на зајакнување на системот за заштита и спасување. Не со декларации, туку со конкретни чекори. Го усвоивме комплексниот план за заштита и спасување, составен од 12 посебни планови кои опфаќаат евакуација, пожари, поплави, прва помош и други ризици. За граѓаните подготвивме практичен водич за заштита и самозаштита. А членовите на нашата просторна единица поминаа специјализирана теоретска и практична обука за безбедност на отворени води, противпожарна заштита, брза теренска проценка и камп-менаџмент. Одговорна институција не чека опасноста да дојде за да почне да се подготвува. Подготвеноста се гради однапред. А безбедна заедница не ја создава само институцијата. Ја создаваат и луѓето кои знаат да си помогнат едни на други. Повторно покажавме дека Општина Карпош е таква заедница. Спроведовме крводарителска акција на којашто беа собрани 110 крвни единици. А пак на 46 – тиот општински натпревар по прва помош учество зедоа ученици од 34 основни и средни училишта. Во тие бројки не гледам само статистика, напротив, гледам огромна солидарност. Гледам млади луѓе кои учат како да помогнат кога нечиј живот можеби зависи од нивната реакција. Гледам еден Карпош којзнае да се грижи. Но за да биде добро место за живеење, една општина мора да биде и чиста. Со таа цел, во текот на пролетта Карпош го збогативме со уште 1.000 нови садници. А истовремено реконструиравме детски игралишта и ја подобрувавме урбаната опрема. Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации: кај фонтаната во Карпош 3, кај плоштадот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, на ул. Никола Парапунов спроти фурната „Специјал“, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски“, на ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, на ул. Јуриј Гагарин 23, исто така на ул. Јуриј Гагарин помеѓу зградите 25 и 35, плоштадот на Млечен, во населба Жданец, на ул. Козле, во Нерези. Поставени се шах табли на неколку локации низ Карпош, дефинирани фитнес зони во училишните дворови за рекреација. Монтирани нови чешмички за питка вода на неколку локации, меѓукои би ги издвоил: плоштадот Делфина, крстосница на ул. Соле Стојчев и Разловечко востание во Карпош 4, плоштадот во Бардовци, плоштадот на Млечен, платото со фонтана во Карпош 3, во ТЦ „Лептокарија“, во дворот на ООУ „Лазо Трповски“, на ул. Московска во Тафталиџе 2, Бул. Партизански одреди во делот на Карпош 4. На наше барање, во соработка со Град Скопје, дополнително беше уреден и кејот со нови клупи и корпи за отпадоци. А соработката со Град Скопје продолжува и со еден од следните поголеми зафати во јавниот простор. Со големо задоволство можам да најавам и реконструкцијата на мега паркот во Карпош 4, инвестиција со која сакаме дополнително да го унапредиме зеленилото и просторот што секојдневно го користат нашите граѓаните. Но зелената политика не смее да завршува со садење дрво за фотографија. Затоа Советот усвои и едногодишен краткорочен еколошки акционен план, како рамка за спроведување на мерките од ЛЕАП 3. Организиравме две масовни викенд акции за чистење на Карпош под мотото – „Заедно за чист Карпош!“. Подготвивме и нови еколошки иницијативи, меѓу кои проекти за фотоволтаични системи во градинките, како и учество во постапка за обезбедување на вендинг машини за рециклирање. И тука сме прецизни, дел од овие иницијативи се следни чекори, а не нешто што денес ќе го претставам како веќе завршено. Затоа што тоа е суштината на отчетноста. Да не ја претставувам намерата како резултат, да не го претставуваме почетокот како завршен проект и да не ја користиме иднината за да го разубавуваме она што е направено денес. Карпош, сепак, не е само улица, градинка, сала или јавен повик. Карпош е заедница. Заедница на различни генерации, маала, семејства, култури, традиции и интереси. И токму тоа најсилно го почувствувавме ова лето од 20 до 30 август, го реализиравме 17. издание на „Карпошово културно лето“. Десет програмски дена, на повеќе локации низ целата општина. Музика, уметност, програма за различни генерации. Ги изнесовме настаните таму каде што се луѓето. Младите имаа свои вечери. Семејствата беа заедно. А музиката ги полнеше јавните простори со живот. Околу 20.000 посети за десет програмски дена се силна бројка. Но за мене, успехот на „Карпошово културно лето“ не се мери само со бројот на посетители. Се мери со атмосферата, со полните плоштади, насмевките. Кога ја започнавме оваа приказна, рековме: „Овој август летото има адреса- Карпош“. Тоа беше нашиот слоган. Но по десет програмски дена и околу 20.000 посети, тој престана да биде само манифестациска порака, стана слика на еден Карпош што живее. И токму тука се враќам на почетокот. На 13 ноември ја добив довербата првпат да ја водам оваа Општина. Денес, мојата обврска е дел од таа доверба да ја вратам пред вас како отчет. Не тврдам дека сме завршиле се. Не сме. И не би било чесно да кажам поинаку. Има улици што допрва треба да ги реконструираме. Има јавни простори што треба дополнително да ги уредиме. Има проекти што се започнати и мора да бидат довршени. Има мерки што треба да ги прошириме. Има проблеми за кои граѓаните со право очекуваат подобро и побрзо решение. Но денес можам да кажам дека во изминатиот период Карпош не стоеше во место. Се работеше, се расчистуваше, се реконструираше, се градеше, се отвораа нови можности. Се поддржуваа деца, ученици, млади, семејства, лица со попреченост и повозрасните граѓани. Се инвестираше во спортот, образованието, животната средина, безбедноста и културата. И сето тоа ќе продолжи. Почитувани граѓани, карпошани, Ви благодарам за довербата што ми ја дадовте. Ви благодарам и за трпението. За секој предлог, за секоја идеја, секоја забелешка. И особено – за секоја оправдана критика и конструктивна дискусија. Одговорноста е во слушната критика, проверка, исправка и повторна информација – транспарентно за стореното. Токму таква општина сакам да градиме. Општина која нема да бега од отчет. Општина која ќе биде отворена. Општина во која граѓанинот ќе знае што се работи, зошто се работи и што следува. Од првиот ден мојата визија е Карпош да биде подобар од вчера. Не преку една голема реченица. Туку преку стотици конкретни чекори. Така се гради подобар Карпош. Чекор по чекор, одлука по одлука, и со одговорност што не завршува со денешниот отчет. На 13 ноември започна мојата прва обврска кон граѓаните на Карпош, денес таа обврска е уште поголема. Затоа продолжуваме, за поуреден, пофункционален Карпош. За Карпош што се грижи за своите луѓе. За Карпош во кој вреди да се расте, да се создава, да се живее и да се остане. Продолжуваме силно, посветено и со љубов за Карпош! Сотир Лукровски, градоначалник на Општина КарпошТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16