Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената - Канал 5

Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Го слушнавме денеска премиерот Христијан Мицкоски, како доаѓа на нашето, тоа што го зборуваме повеќе недели, и од оваа партиска говорница, и насекаде по нашите канали за комуникација.

Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Еве сега, допрва ќе ги разгледувале, дел од мерките кои што ги предлагавме во изминатиот период да се олесни економската и финансиската состојба на граѓаните.

Повторно, само дел од мерките, допрва ќе ги разгледувале на владина седница. Нема храброст премиерот да признае дека мерките се добри и требаше уште тогаш, кога ги предлагавме, да се имплементираат, поради тоа што тогаш тие мерки ќе дадеа вистински ефект, односно немаше да започне спиралата на покачување на сите цени како резултат на растот на горивата.

Се поставува прашањето зошто сега и кој досега ја плати разликата во цените. Се знае, разликата во цените ја платија граѓаните. Милиони евра отидоа и кај компаниите, кои што имаа профит изминатиот период.

Како што укажувавме изминатите недели што треба да се направи, гледаме сега дека делумно премиерот допрва ќе разгледувал, сега сакаме да укажеме и на неколку други работи што сметам дека се важни. Правевме анализа со нашиот тим на економисти.

Аналитичкиот тим исто така извади неколку податоци. Сакам да ги споделам со граѓаните, со вас и со целокупната јавност.

Имено, цените на двата главни типа на нафта, според кои се одредува цената во светот, Brent Crude и WTI, од 27 февруари до денес драстично се пораснати, од 50,72, односно 63,67%.

Понатаму, во истиот период, цената на дизелот кај нас порасна за 34,5% или од 71 до 95,5 денари. Предупредувавме, ќе повторам, од самиот почеток дека растот на цените ќе повлече раст на сè друго во државата. Од транспорт, бизнисот на компаниите, најмногу тоа што граѓаните веќе го чувствуваат, растот на основните прехранбени продукти. Тие беа и така високи, сега се дополнително се вивнаа нагоре, и со тоа, кај нас храната.

Пред кризата, белиот сечкан леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари.

Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат. Дека ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба, а јас сум сигурен дека нема ни капацитет да им помогнат на граѓаните, да конструираат мерки, да ги имплементираат за да се ублажат овие ценовни шокови.

Има зголемување, внимавајте, на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата,

понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, граѓаните не можат да го почувствуваат.

Сега ни она минимална плата која што ќе ни ја предлагаат, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните. Меѓутоа, дополнително, и тоа што е загрижувачко, меѓународни организации и меѓународни експерти укажуваат дека кризата ќе трае.

Повторувам, кризата ќе трае, допрва доаѓаат лошите ефекти од кризата, експертите предупредуваат и утре да заврши војната, кризата нема да заврши. При тоа, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, ФАО, излезе со податоци за растот на цените на храната втор месец по ред. И тоа во сите категории.

Ако имаме предвид дека поради проблемот со транспорт преку Ормутскиот теснец и транспортот е загрозен на ѓубривата вештачки за за земјоделството, тоа значи дека во следниот период, тоа е дополнителен фактор, а сега е период на сеидба, кој што ќе влијае на зголемување на цените на храната.

Притоа, индексот на цените на житарките се зголемил за 1,5%, во споредба со февруари, односно 110,4 поени, на растителни масла за 5,1%, најголем раст има кај шеќерот, чии цени се зголемени за 7,2%. Пораст на индексот на цени ФАО регистрира и кај месото и кај млечните производи.

Ама нашата влада седи и чека, Мицкоски се фали дека странски граѓани точеле гориво кај нас, во ситуација кога Комесарот за енергетика на Европската Унија, Ден Јургенсен, најавува продолжен енергетски шок и можен недостаток на количини на горива насекаде во Европа.

Значи не само високи цени, туку недостаток на количини на горива. Оттука апелирам на две работи. Апелирам владата да се свести, премиерот да почне да живее во реалноста тука кај нас, да престане вака дилетантски да ја води владата, да барем малку се замисли, помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог-мерки, пакет на мерки, сега, иако е касно, колку толку ќе имаат некој ефект.

Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега. Освен ДДВ-то за храна, за горива, акцизите за горива треба и преполовување на цените на патарините. И второ, владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта.

Да не се соочиме во следните месеци, имајќи ги предвид укажувањата на светските експерти во оваа област, со недостаток на горива. Гледаме дека во Европската Унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, зашто видовме се експерти, нека се посветат малку и на тоа што има вистинска работа. Знам дека е тешко, не е едноставно, мислат дека треба да се грижат само за себе и тука се маестрални, но граѓаните имаат реални, вистински потреби.

Прес- конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)

Додека младенците беа на подиумот за танцување изведувајќи го својот прв танц, вниманието на гостите требаше да биде насочено исклучиво кон нив. 

Пијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)

Сепак, видео од свадба во Сплит покажа дека непланираните настани понекогаш можат да ја украдат претставата дури и од главните ѕвезди на вечерта, пишува „Слободна Далмација“.

Имено, додека младенците уживаа во романтичен момент, во позадина се одвиваше сосема поинаква сцена. Двајца гости беа толку зафатени со атмосферата што во еден момент завршија на подот, каде што почнаа да се тркалаат и да се смеат, што предизвика воодушевување кај некои од присутните.

Видеото го објави на социјалните мрежи Lex Band, со хумористичен натпис: „Како да го засените првиот танц“. Видеото брзо го привлече вниманието на корисниците, а многумина не можеа да не се насмеат кога видоа што се случува зад младенците.

Коментарите беа полни со шеги за гостите, а некои забележаа дека тие станале главни ѕвезди на вечерта. Други истакнаа дека најзабавните моменти на свадбите често се оние што не биле планирани. Некои корисници признаа дека морале да го гледаат видеото неколку пати за да забележат што се случува во позадина.

Додека младенците се обидуваа да ја зачуваат романтиката и елеганцијата на нивниот прв танц, двајца гости успеаја да го украдат целото нивно внимание, барем за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)

Јужноафриканец бил измачуван за време на грабеж на неговата фарма, при што му биле отсечени ушите.

Упаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)

50-годишниот сточар Донован Маркс вчера бил сам дома откако неговата сопруга Луиз заминала на работа кога двајца мажи нападнале еден од неговите работници во шталата, објавува „Дејли меил“..

Фармерот бил врзан, а потоа насилно внесен во главната куќа на фармата, каде што Маркс бил застрелан и избоден во ногата. Додека лежел во локва крв, напаѓачите го исмејувале, потоа го држеле долу и му ги отсекле ушите, кои потоа ги исекле на мали парчиња.

Неговиот сосед објавил на социјалните мрежи дека работникот успеал да се ослободи и да побара помош. Пристигнувањето на едно лице кое му дошло на помош ги спречило напаѓачите да му ги отсечат и гениталиите.

Разбојниците не успеале да украдат вредни предмети од фармата во близина на Почефструм, туку избегале со автомобилот и приколката на Маркс.

Повредениот човек бил итно префрлен во болницата Медиклиника Почефструм, каде што лекарите му пружиле помош.

Според достапните информации, Маркс се бори за живот, а болницата објави дека неговата состојба е „критична, но стабилна“.

Питер Стајн, зет на повредениот сточар, рече дека Маркс бил застрелан во рамото и избоден во ногата.

„Не знаеме зошто бил мачен. Не можел да разговара со нас, а она што се случило уште еднаш покажува колку се брутални нападите врз фармите во Јужна Африка. Ваквите напади излегуваат од контрола“, рече Стајн.

Тој додаде дека мотивот за нападот очигледно не бил само кражба.

„Напаѓачите го врзале работникот на фармата, а потоа го мачеле Донован. Сепак, работникот успеал да се ослободи и да повика помош, која брзо пристигнала. Колку што знаеме, работникот не бил повреден“, рече Стајн.

Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко време по нападот, заедно со екипа на брза помош.

Пратеникот на Демократската алијанса и претседател на парламентарниот комитет што ја надгледува работата на Јужноафриканската полициска служба, Иан Камерон, го осуди нападот.

„Не секој напад на фарма вклучува тортура, но за намерната суровост што се случува во некои случаи мора отворено да се зборува. Двете жртви заслужуваат соодветна поддршка“, рече Камерон.

Тој рече дека лично присуствувал на истрагите на местото на нападите каде што жртвите биле подложени на тешка тортура.

„Луѓето биле истурани со врела вода, некои дури и во грлото. Жртвите биле горени со пегли за облека, а на некои им биле дупчени дупки во рацете и нозете. Во некои случаи, луѓето биле држени во заробеништво со часови и мачени“, рече тој.

Камерон рече дека планирањето за итни интервенции мора да го земе предвид времето што напаѓачите го поминуваат со жртвите, нивото на насилство и изолацијата на фармите.

„Погрешно е да се потценуваат нападите на фармите споредувајќи ги со други насилни злосторства. Ниту еден политички лидер не треба да го одобрува или поддржува насилството врз земјоделците и работниците“, рече Камерон.

Тој додаде дека полицијата на Северозападната покраина мора да обезбеди случајот да биде истражен од искусни истражители и дека доказите можат да се користат на суд.

Портпаролот на полицијата на Северозападната покраина, капетанот Маџанг Скалки, рече дека полицијата сè уште собира информации за нападот и ќе даде повеќе детали подоцна. Нема апсења.

Д-р Корнелиус Малдер, лидер на десничарската партија „Фронт на слободата“, исто така го осуди нападот.

„Нападот врз г-дин Маркс беше исклучително брутален. Нашите мисли и молитви се со него и неговите најблиски“, рече Малдер.

Тој рече дека неговата партија постојано предупредува дека нападите врз фармите често се придружени со екстремно насилство и тортура, поради што, рече тој, тие не треба да се третираат како обични злосторства.

Малдер повторно го повика јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса да го признае обемот на убиствата и нападите врз земјоделците и да преземе конкретни мерки.

Тој рече дека деталите за тоа што се случило со Маркс се толку шокантни што не треба да бидат објавени.

Ова е втор напад врз фарма во северозападната провинција оваа недела. Претходно, сопругата на земјоделец беше претепана до смрт со метална шипка додека ја отвораше безбедносната порта на нивната фарма во градот Отсдал.

Нејзиниот сопруг ја пронашол како лежи во локва крв. Таа починала на пат кон болница.

Земјоделците во Јужна Африка велат дека властите ги игнорираат злосторствата против нив и дека нападите често се насочени и брутални. Тие веруваат дека ваквите злосторства не треба да се сведат на категоријата „обичен криминал“.

Според текстот, помеѓу 40 и 72 земјоделци се убиени на фармите во земјата секоја година. Сепак, властите истакнуваат дека овој број е незначителен во споредба со приближно 75-те убиства што се извршуваат секој ден во целата земја.

Демонстрантите велат дека нападите врз фармите се одликуваат со суровост, тортура и продолжено страдање на жртвите и дека затоа треба да се класифицираат одделно.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано тврди дека Јужна Африка е подложена на „бел геноцид“, велејќи дека белите земјоделци се цел на напади и убиваат, а нивната земја е одземена.

Соединетите Американски Држави ја променија својата политика за бегалци и азил за да им дадат поголем приоритет на белите Јужноафриканци кои сакаат да дојдат во САД, тврдејќи дека тие бегаат од прогон.

Сепак, јужноафриканските власти инсистираат дека високата стапка на насилен криминал и напади врз фарми ги погодува граѓаните од сите раси и дека нема докази за геноцид врз белото население.

Претседателот Рамафоса силно ги отфрли тврдењата дека белите земјоделци се издвојуваат како цели на насилни напади.

Корисник на социјалните мрежи, кој рече дека е сосед и пријател на Маркс, ги опиша деталите од нападот.

„Донован беше застрелан во грб, а куршумот му излезе од стомакот. Двете уши му беа отсечени“, напиша тој.

Повредениот човек беше однесен во болница, рече тој, но лекарите сè уште не беа сигурни дали ќе можат да му ги реконструираат ушите, бидејќи напаѓачите ги исечеле на мали парчиња.

„Тие се обидоа да му ги отсечат гениталиите, но за среќа наишол еден работник. Потоа двајцата избегале од фармата со неговиот пикап“, рече соседот на Маркс.

Слични инциденти ја потресоа земјата и претходно

Во 2021 година, седум вооружени напаѓачи поставија заседа врз сточарот Нил Бирман (47), неговата сопруга Соња (43) и нивните три мали синови на оддалечена фарма во покраината Мпумаланга.

Напаѓачите ги принудија да отворат сеф со пиштол. Кога откриле дека внатре нема ништо вредно, го ставиле шестгодишното момче во рерна и се заканиле дека ќе го испечат живо.

Минатата година, сточарката Рол Ујс (70) преживеала брутален напад врз нејзината фарма во Каролина, исто така во покраината Мпумаланга.

Напаѓачите ја држеле додека загревале вода во котел, а потоа ја мачеле повеќе од еден час, смеејќи се и загревајќи ја водата за да ја прелијат.

Тие истуриле врела вода врз нејзината глава, ја удирале со чајник, ѝ ги врзале устата и лицето со селотејп, ја врзале со синџир, потоа фрлиле куп мебел врз неа и ја оставиле да умре.

Во неверојатен пресврт на настаните, Ујс била пронајдена жива кога луѓето што дошле во куќата откриле што се случило. Таа преживеала и покрај критичните повреди и тешките изгореници на главата и лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)

Доларот и другите традиционални валути ќе станат целосно непотребни поради развојот на вештачката интелигенција и роботиката, а богатството наместо со пари ќе се мери во енергија и физички ресурси, изјави Илон Маск. 

Илон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)

Во разговор со биографот Волтер Исаксон на подкастот „Градителите“, Маск истакна дека идната валута може да се изрази преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата почнува да населува други планети и кога достапната енергија станува клучен ресурс за опстанок.

Роботите како единствено решение за американскиот долг

Маск верува дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за рехабилитација на огромниот јавен долг на Америка. Неговата пресметка поаѓа од фактот дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помала човечка работа.

Тој оценува дека финансиската криза не може да се реши со едноставно намалување на државната потрошувачка, пред се поради големиот политички отпор кон ваквите мерки.

Зборувајќи за сопственото богатство, кое Блумберг го проценува на околу 921 милијарда долари, Маск очекува дека даночните закони во следните генерации значително ќе го намалат богатството на неговите наследници.

YouTube video

Затоа тој планира неговата фондација да продолжи да инвестира во одржлива енергија и проширување на човештвото надвор од Земјата, а исто така ја објави својата намера да донира акции на SpaceX во вредност од повеќе од 10 милијарди долари на американските деца следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер