Геговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!
Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа
1Геговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!
2Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
2Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
МакедонијаФилипче: Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото е многу задоцнета и нема да придонесе за намалување на ценитеМеркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото од 18 на 10 проценти е многу задоцнета и далеку од доволна и нема да придонесе да се намалат цените на горивата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.Мерката што денеска ја најави премиерот Мицкоски, да се намали ДДВ на горивата од 18% на 10% е прво задоцнета а второ е далеку од доволна и нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата кои што граѓаните ќе ги плаќаат. Цените на горивата веќе три недели се покачени. Прво дизелот се покачи за 14 денари, па потоа за уште 7 денари, и тоа се 21 денар. За утре се очекува ново поскапување на горивата. И имајќи го предвид ова намалување на ДДВ-то, тоа значи дека граѓаните нема да видат во текот на утрешниот ден, следната недела, следниот период вистинско намалување на цените на горивата кои што ќе ги плаќаат на бензиските пумпи. Туку горивото очекуваме да се зголеми за дополнителни 4 до 6 денари согласно новата пресметка на цената. Значи, апсолутно задоцнета и мерка која што никако нема да даде ефект кој што ќе го почувствуваат граѓаните. Досегашните покачувања на цените ги чинеа граѓаните околу 4,5 милиони евра. Толку пари досега дадоа граѓаните повеќе, од кога почна кризата. Се поставува прашањето што чекаше премиерот Мицкоски три недели? Сè поскапе затоа што не реагираше на време. Три недели ги остави граѓаните сами. Наместо навремена реакција, дозволи цените на горивата да ја активираат спиралата на раст на цените на сите производи, најмногу на храната. Започнати се веќе поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм. И сега нема мерка за намалување на цените на храната.А овие цени кога еднаш ќе се покачат тие повеќе нема да се вратат назад. Се прашувам со кое лице без срам излезе премиерот пред граѓаните со само една половична мерка. За да ни зборува колкави се цените на горивата во соседството? Па со што се занимаваше премиерот изминатите три недели - со прослави на ЕПП на трошок на граѓаните, продолжен викенд, со спинови, дефокус, навреди, недоличен речник, напади врз мене, лично до опозицијата и секако со лагите дека сме биле четврта економија во светот. Дефокусот, лагите, спиновите не го полнат фрижидерот на граѓаните. Дефокусот не обезбедува намалување на цените на храната. Платите одби да ги покачи, одби 600 евра минимална плата колку што реално им се потребни на луѓето за да преживеат, да се прехранат. Денеска нема други мерки, следела владата будно. Што следи? Како тоне стандардот на граѓаните? Тоа ли следи премиерот? Очигледно е дека оваа влада намерно избегнува суштински мерки како што се намалување на акцизите на ДДВ-то, нешто што навистина може да даде реално поевтинување на цените на горивата, како и намалување на ДДВ-то на храната. И нормално е тоа и до сега видовме во многу сценарија единствено нешто за што оваа влада се грижи се бизнис структурите блиски до власта кои што профитираат од овие високи цени. И додека граѓаните плаќаат се поскапа храна и гориво некои остварува екстра профити. Ова не економска политика ова е заштита на бизнис интересите на одредени компании на сметка на народот и тоа денес веќе на сите им е јасно. Во овој момент треба да се заштити животниот стандард на граѓаните а не интересите на тие бизнис структури. Со ваков пристап оваа криза само ќе продолжи да го урнисува стандардот на граѓаните. Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната комбинирано и со акцизите на цените на горивата. Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата. Дополнително треба да се подготват пакети со помош за најранливите категории на граѓани, понатаму пакети за помош и на земјоделците. Најреален ефект којшто ќе се почувствува кој што граѓаните ќе го почувствуваат, стопанството ќе го почувствува е да се прифатат нашите предлог-закони, предлог мерки. Намалувањето на цената на ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, дополнително намалување на акцизата за горивата за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени продукти и преполовување на цените на патарините. Само со мерката за укинување на ДДВ на храната ќе поевтинат околу 250 производи, а граѓаните ќе заштедат над 2.000. Тоа се вистински мерки и затоа владата мора апсолутно веднаш овие мерките ги прифати и потоа да подготви и пакети за помош на ранливите категории. Во ковид кризата владата на СДСМ имаше над 110 мерки донесени во пикот на кризата поделени во шест пакети со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра со кои директно се ублажија последиците од кризата. Во енергетската криза во 2022 година обезбедивме пакет на мерки вредни 760 милиони евра. Не само субвенционирање на цената на струјата на над 600 000 домаќинства и 68 000 мали потрошувачи, туку и конкретна поддршка на ранливи категории на граѓани, за ученици за студенти, за пензионери, за граѓани корисници на социјалната помош, за граѓани со посебни потреби, за самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци како и поддршка на компаниите. Значи може, покажавме дека може, кога државата се грижи за стандардот на граѓаните да испорача мерки, да им помогне ама треба да се грижи за граѓаните а не за интересите на бизнис заедницата. Зошто сега ова не може? Затоа што на Мицкоски му е важен само бизнисот, граѓаните за жал не. Вели 10% точат соседите гориво. Па зошто ги повикува да точат кај нас? Други земји забранија точење на гориво на пограничните пумпи на странци. Сега пари од буџетот одат за граѓаните во соседните земји. Ова не се економски политики и затоа уште еднаш укажувам владата ги прифати нашите предлог мерки. Денес на прес-конференција го слушнав премиерот повторно збори за вакцините. Вели Македонија тогаш била на колена и земала вакцини од Србија. Еве да му одговарам, тогаш цел свет имаше проблем, Христијане ние не клечевме на колена како тебе молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името. Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаГеговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!На жените во Македонија не им треба лицемерие и мртво слово на хартија, туку вистинска и навремена заштита.„Почитувани претставници на владејачкото мнозинство, доколку во прашање беше заштита на вашиот криминал или пак начин како да исцедите некој денар повеќе од граѓаните, итно ќе свикавте седница на Собранието и за 2 часа ќе ги поминевте комисиите и пленарната седница. Сега, кога треба итно да се заострат казните за насилниците и да се воведе електронска нараквица за спас на човечки живот, од вас слушаме едно празно ‘ЌЕ’. Еве, кажете ни го датумот на тоа ‘Ќе’. Евтините лаги ‘се спрема закон...’, ‘поднесен е предлог...’, ‘во следниот период...’, повеќе не ви поминуваат ниту во јасли групите во градинките. Изгледа нема да дочекаме додека вие сте на власт, затоа што заштитата на жените и строгите казни за насилниците вам ви се на последно место“, вели во изјава за медиумите Цветанка Геговска, правничка и членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). Додека жртвите живеат во страв, приоритет на Владата им е коалициониот партнер да држи предавања на Воената академија дека на жените им треба "машки надзор", а секој што бара строги санкции и превенција на насилство да го етикетираат како "багра". „Со ваквиот однос не е ни чудно што не можете да најдете жени за министерските позиции и менаџерки на институции. За вас, очигледно, жените се граѓани од втор ред“, додава Геговска. ЛДП бара веднаш да се воведе посебно законско дефинирање на фемицидот со најригорозни казни и итно пуштање во употреба на електронските нараквици за 24- часовен надзор на насилникот, особено во случаите со висок ризик. „Насилниците мора да знаат дека секое прекршување на изречените мерки носи санкција, а институциите мора да понесат одговорност за секој пропуст во преземањето на дејствија. Доволно беше изрекување условни отпусти за тепачи и насилници, со што дополнително се мотивираат да го повторат делото, додека жртвите едвај собираат храброст да го пријават настанот. Животите на жените не се ничија сопственост ниту пак насилството е приватна работа. Престанете да се криете зад празни ветувања додека жените секојдневно страдаат. Вашата ароганција и тотална негрижа многу брзо ќе ви се вратат како бумеранг“, заклучува Геговска во својата изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќаВладата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување од 500 метри од училишта, а ги зголемивме и давачките, одговори заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на седницата посветена на поставување на паратенички прашања. Законот ќе почне да се применува од 1 јануари, истакна Николоски. “Измените се состојат од два дела. Прво, се забранува сè што е во пропагандна цел, од рекламирање преку физички изглед на излози и така натаму, а втората е сериозна рестрикција на објекти каде што може да се приредуваат игри на среќа. Не само што се воведе ограничување од 500 метри од училишта, туку исто така се зголемија давачките коишто ги плаќаат оние коишто организираат игри на среќа, дали се работи по апарат, дали се работи по лиценца или по објект. На тој начин сериозно ќе се намали бројот на објекти каде што ќе се организираат игри на среќа. Фактичката примена почнува од 1 јануари. Она што е значајно и што е поврзано со првото, со вашето прашање во однос на 1 јануари, е дека од 1 јануари единствен којшто ќе може да приредува онлајн игри на среќа ќе е државата, односно Државна Лотарија, со само еден правен субјект којшто ќе може да го прави тоа, а истото се однесува и на видео лотариските терминали, односно ВЛТ апаратите, каде што државата ќе е единствена којашто ќе може да организира вакви игри на среќа преку исто така еден субјект”- одговори Николоски Тој додаде дека по изборот на оваа Влада, укинати се лицениците на 3 компании кои требало да приредуваат онлајн игри на среќа. “ Укинати се лиценците на 3 компании коишто требаше да приредуваат онлајн игри на среќа. Дополнително, укината е платформата 2WIN, којашто беше дел од Казино Австрија и која што беше дел од ВЛТ терминалите, а исто така иницирани се и кривични постапки. Во моментов се води активна судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и останати обвинети, и очекувам судот во ефикасна процедура ова да го заврши и да одговараат за она што го сториле” рече вицепремиерот Николоски. Истакна дека е потребна е строга државна конторла за да не се случи како во минатото да работи “црниот пазар.” “ Имаме деновиве еден интересен случај во јавноста, поврзан со Ива Михајлова. Јавноста заборава дека нејзиниот татко беше осуден токму како дел од акцијата "Детонатор", којашто во периодот некаде пред 2013 години значеше сузбивање на нелегално организирање на игри на среќа. Се сеќавате на десетици апарати коишто беа извадени на плоштад од Македонија, каде што беа покажани апаратите на коишто нелегално се организирале игри на среќа. А мислам дека јавноста заслужува одговор на уште едно прашање, а тоа е дали тоа што поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, не го потпиша Законот за игри на среќа, којшто го донесе претходниот парламентарен состав, можеби е поврзано со изградбата на зграда во Влае на неговиот директор на Агенција за разузнавање Ерол Муслиу. Односно, дали едното и другото се поврзани и каде води трагата на парите? Ги повикувам, еве, по допрен глас да постапат и од обвинителството и од финансиската полиција и од финансиското разузнавање во однос на оваа работа” – додаде НиколоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Свет„Билд“: Русија планирала напад во Полска и сакала вината да ја префрли врз УкраинаПолските граничари, разузнавачките служби и елитните воени единици беа ставени во состојба на висока готовност по извештаите за наводна руска операција што се подготвувала долж границата со Калининградската област.Според овие информации, Москва планирала провокација од типот „лажно знаме“ на територијата на Полска – земја-членка на НАТО – пренесува германскиот весник „Билд“. Руските разузнавачки служби наводно планирале саботажа на полска територија – во близина на границата со руската Калининградска област – за крајот на октомври или почетокот на ноември, со намера за нападот да ја обвинат Украина. Како што пренесува „Украинска правда“, оваа информација првично ја објави полскиот весник „Жечпосполита“, повикувајќи се на високи извори во полската војска и безбедносните служби. Планот бил вината да се префрли врз Украина Операцијата предвидувала упад на руски саботери на полска територија. Нивната цел била да извршат напад што би резултирал со голем број жртви. Потоа, планирале да остават подметнати докази кои би сугерирале дека за тоа е одговорна Украина. Извори запознаени со операцијата за спречување на нападот наведоа дека сојузничките разузнавачки служби ја предупредиле Варшава, а заканата подоцна била потврдена и од полските аналитичари. „Имавме информации за точните локации што биле цел на нападот. Рускиот план предвидувал голем број жртви“, изјави еден од изворите за „Жечпосполита“. Друг извор го спореди планот со инцидентот во Гливице – германска операција под „лажно знаме“ од 1939 година. „Требаше да биде нешто слично на Гливице. Оние што ќе ја преминеа границата веројатно ќе беа убиени, а кај нив ќе беа пронајдени докази што би ги поврзале со Украина. Целта беше да се запре помошта за Украина“, објасни тој. Полските служби презеле контрамерки Полските служби презеле контрамерки откако руски разузнавачки агенти, задолжени за координирање на саботажата, биле забележани на руската страна од границата. Ваквите операции обично се планираат и координираат од руската воена разузнавачка служба ГРУ. Кон крајот на октомври, полициските сили во областите долж границата со Русија беа засилени со припадници од други делови на Полска. На контролните пунктови на Граничната стража пристигнаа засилувања, а на терен беа испратени и дополнителни припадници на Агенцијата за внатрешна безбедност. Во Варминско-мазурското војводство, специјалните сили спроведоа вежби. „Целта беше одвраќање, но и обезбедување на способноста за превентивно дејствување“, изјави извор запознаен со деталите. На почетокот на ноември, во седиштето на полската полиција беше формиран посебен оперативен штаб за дејствување во Варминско-мазурското и Подлашкото војводство. На 3 ноември, премиерот Доналд Туск потврди дека во текот на ноќта на полско-руската граница биле забележани „сомнителни активности“. Министер: Заканата е оценета како реална На новинарско прашање дали Русите планирале терористички напад на локација со голем број луѓе, министерот и координатор на специјалните служби, Томаш Семонјак, не даде директен одговор. „Не го знам одговорот на тоа прашање, тоа би требало да ги прашате Русите. Тие обично не признаваат дека планираат такви акции. Дури и да имаме такви информации, ние не ги споделуваме“, рече тој. Сепак, тој ја потврди сериозноста на ситуацијата. „Ако презедовме одредени мерки, тоа е затоа што сметавме дека заканата е реална“, изјави Семонјак, додавајќи: „Верувам дека сите мерки преземени во овој случај беа соодветни. Достапните докази укажуваа на тоа дека заканата е оценета како реална“. Извор: Индекс.хрТагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook