Филипче: Масовната имунизација ќе почне во април

Третиот бран на корнавирусот ја коси земјава, а се уште ни трага ни глас од вакцините преку ковакс механизмот. 

Министерот Венко Филипче очекува масовната имунизација се планира во април и таа ќе почне со поголемите количини кои треба да стигнат од Кина и Русија. Од претставници на руската амбасада и претставници на компанијата е добиена потврда за втората количина од вакцината, а воедно се очекуваат информации и за останатите количини од 200 илјади Спутник вакцини, како и за онаа на кинески Синофарм. Филипче вели дека очекува и механизмот на солидарност да профункционира по надминувањето на проблематичните елементи.

-Тоа значи дека тој механизам на солидарност на ЕУ дефинитивно ќе профункционира по сите надминувања на проблематичните елементи, а тоа, пред се, беше што и самите компании не испорачаа доволно дози кон земјите членки на ЕУ. Ова не се однесува никако на билатералните директни разговори на која било земја од Западен Балкан со која било компанија, вклучувајќи ги и европските производители,-Венко Филипче.

Регулативата на ЕК вклучува 17 земји меѓу кои се и оние од западен балкан кои досега беа изземени од механизмот за надзор на извозот. Поради проблеми со испораката од фармацевтските компании и недостиг на дози за масовна вакцинација водечки принципи на дозволите за извоз кон трети земји ќе бидат пропорционалност и реципроцитет.

Пропорционалната распределба ќе се утврдува според епидемиолошката состојба, стапката на вакцинација и пристапот до вакцините. Со реципроцитетот пак ќе се следи дали државата која што ги произведува вакцините го ограничува сопствениот извоз.

Според претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, промените се потребни затоа што земјите на ЕУ се соочуваат со трет бран од Ковид-19, додека некои компании не си ги почитуваат обврските од склучените договори за испорака на дози во ЕУ.

Попрецизни информации за доаѓањето на кинеската вакцина ќе се знае до крајот на месецот, а нив ќе ги добиеме најверојатно од министерот за одбрана на Кина, смета премиерот Заев.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

притисни ентер