Филипче: Лекот „Ивермектин“ да не се зема по сопствено убедување

Колкава доза „Ивермектин“ треба да се даде на пациент кој имал контакт со заразен, а колку таблети треба да земе оној што веќе има симптоми.

Ова е протоколот за лекување што матичните лекари го добија од Лекарската комора. Матичните лекари според информациите дека веќе ги издаваат рецептите за лекот, во нејголем дел од случаите превентивно, а неделава ќе имаат можност и за дополнително он-лајн појаснување, велат од Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче апелира, „Ивермектинот“ да не се зема по сопствено убедување, оти само лекар може да ја препише соодветната доза.

Министерот Филипче, кој ја посети модуларната болница во Кичево, што вратите за прием на ковид-пациенти треба да ги отвори за една недела, вели дека кога ќе дојде крај на пандемијата, објектите нема да се преместуваат, туку ќе се користат како ургентни центри.

Кривата на заразени засега се уште е во пад, а според здравствените власти состојбата е стабилна. Според официјалните податоци, низ земјава хоспитализирани се околу 720 пациенти, а слободни се околу 600 болнички кревети.

И покрај строгиот карантин , на Australian Opena се појавија два нови случаи на зараза со корон

Уште двајца тенисери кои ќе учествуваат на првиот грен слем турнир во сезонава на Австралија опен се позитивни за ковид-19, со што вкупниот број на заразени се искачи на седум, објавија денеска локалните здравствени власти.

Австралија опен треба да започне на 8 февруари.

Инфицираните пристигнале со три чартер летови од Абу Даби, Лос Анџелес и Доха, а сите патници од тие летови биле ставени во задолжителен карантин без можност за тренинг. Останатите играчи можат да се подготвуваат за турнирот пет часа на ден и да тренираат на назначените терени во Мелбурн, а остатокот од времето мора да го поминат во хотелските соби.

Играчите се револтирани, а премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус изјави дека тенисерите нема да добијат посебен третман во строгите мерки за борба против коронавирусот.

"Знам дека многу се дискутираше за правилата. Но, правилата треба да ги следат сите, а играчите беа информирани пред да дојдат во Австралија. Нема да има посебен третман бидејќи вирусот не ги третира играчите поинаку", инсистира премиерот.

Џенифер Лопез се налути: По петсто милионити пат , не користам ботокс (ВИДЕО)

Џенифер Лопез вели дека нејзиниот сјај е сосема природен.

51-годишната sвезда постојано негира дека некогаш била подложена на пластична операција или користела ботокс, а неодамна ги прекори коментаторите на Инстаграм кои ја обвинија за лага.

"Но, дали можам само да напоменам дека твоите веѓи и чело воопшто не се движат кога зборуваш или се обидуваш да се изразиш ... дефинитивно ботокс. И сето тоа е добро. Само велам", коментирала една личност на видеото во кое пејачката ја испробува нејзината маска за лице JLo Beauty That Limitless Glow.

„Лол, тоа е само моето лице“, одговори Лопез. "Петстотини милионити пат ... Никогаш не сум користела ботокс, други инјекции или операции. Само велам", додаде таа.

"Земете ја убавината на Џеј Ло и чувствувајте се убаво во вашата кожа! И еве уште една тајна на убавината на Џеј Ло: обидете се да го поминувате времето попозитивно и да бидете пољубезни кон другите", продолжи таа.

Пејачката и актерка се чини дека е чувствителна на темата ботокс. Таа неодамна откри дека нејзиното поранешно момче ја охрабрувало да го проба кога имала само 23 години. „Не, благодарам“, му рекла таа. Таа додаде дека лицето инаку денес ќе и изгледало сосема поинаку, а наместо на процедури, својот природен сјај го должи на маслиновото масло и кремата за сончање.


Санкциониран 331 граѓанин за неносење заштитна маска

Вкупно 331 прекршок за неносење заштита на лице се изречени изминатите 24 часа на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

притисни ентер