Филипче: Ќе повикаме на голем народен протест против носење на мигранти, ако не ја прифатат резолуцијата - Канал 5

Филипче: Ќе повикаме на голем народен протест против носење на мигранти, ако не ја прифатат резолуцијата

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче рече дека по онлјан петицијата каде се собираат потписи за да не се отворат центри за мигранти во Македонија, тој најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието.

Филипче: Ќе повикаме на голем народен протест против носење на мигранти, ако не ја прифатат резолуцијата

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче рече дека по онлјан петицијата каде се собираат потписи за да не се отворат центри за мигранти во Македонија, тој најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во собранито, ако ВМРО ДПМНЕ не гласа за резолуцијата тоа ќе покаже каков е нивниот план.

Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „Центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот изјави Филипче.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека е повеќе од очигледно дека постои договор за мигрантите кој Владата на ВМРО-ДПМНЕ е обврзана да го прифати. Тој укажа дека ваквата обврска е директно поврзана со тешката финансиска состојба во која се наоѓа државата и продлабочената буџетска дупка што ја создаде власта.

„Повеќе е од очигледно дека договор за мигрантите има. Власта на ВМРО-ДПМНЕ мора да го потпише тој договор, затоа што тоа е врзано со кредитот од шест милјарди евра. Работите се врзани во пакет, Мицкоски и владата отворија толку голема дупка, што нема пари како да се затвори се. Веќе сега, до крајот на годината, има една милјарда евра недостаток на пари во буџетот“, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче предупреди дека земјата се наоѓа во сериозна состојба и дека Македонија воопшто нема капацитет да се справи со дополнителен товар како што е прифаќањето на мигранти.

„Дали Македонија, земја која веќе се соочува со потешкотии да исплати плати и да одржи базичен ред дома, може да издржи евентуален наплив на мигранти? И, дали економски таквата обврска е воопшто одржлива?“, праша Филипче.

Тој нагласи нагласи дека јавноста мора да биде целосно информирана за последиците од ваквите договори. Потсети дека Албанија и Косово веќе прифатиле одбиени мигранти од Британија и Италија, при што во Албанија првите мигранти веќе се пристигнати, донесени со воен брод.

„Ако Албанија и Косово се веќе вклучени, јасно е која би била третата земја во регионот што не е членка на ЕУ. Во овој момент – тоа е Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Резолуција за одбрана на Македонија од мигрантите, Филипче најави нова иницијатува во Собранието

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави нов институционален чекор за одбрана на Македонија од планираниот прием на мигранти. Филипче истакна дека по петицијата која веќе е започната, следува и парламентарна акција со цел заштита на државните интереси.

„Денес најавувам и нов чекор. После оваа петиција, ќе излеземе во Собранието и ќе бараме изгласување Резолуција за ова да го запраеме. Тоа ќе биде вториот чекор.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ образложи зошто е потребно Собранието да реагира и да донесе одлука во интерес на државата.

„Дали Македонија, земја која не може да исплати плати, да одржи базичен ред дома, може да се справи со оваков наплив на мигранти? Дали економски ова може да се издржи? Одговорите сите ние ги знаеме. Затоа ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат Резолуцијата. Така ќе избегнеме ‘мислевме, рековме, кој лаже, кој не лаже’. И тоа ќе биде доволно, а не да им веруваме на празните зборови, “ истакна Филипче.

Тој додаде дека доколку Резолуцијата не биде поддржана, партијата ќе продолжи со други демократски механизми, вклучувајќи поширока мобилизација на јавноста.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ не излезе и не ја прифати оваа Резолуција, ќе бидеме приморани понатаму да се бориме со сите демократски средства. Еден од нив е да ги повикаме сите граѓани на еден голем народен протест. Заедно, обединети, сплотени, да го блокираме процесот на носење мигранти во Македонија. Борбата нема да застане. Ова е борба за Македонија.“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер