ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
2ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаФилипче: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е тотално безидејна, „бугарските куфери со пари“ се само уште еден од нивните спиновиПретседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува државните институции во изборната кампања. Злоупотребата, како што рече, е најизразена кај Министерството за внатрешни работи. Филипче побара од ресорниот министер Панче Тошковски јавно да каже дали лично стои зад ова, но апелира и до меѓународните институции да реагираат. Одговорајќи на новинарски прашања, лидерот на СДСМ ги квалификува обвинувањата од страна на премиерот Христијан Мицкоски за „бугарските куфери со пари“ како уште еден спин. Воедно информира дека немал средба со Зијадин Села во Струга за каква било соработка и заеднички настап на локалните избори, туку се сретнале, напомена, во Скопје, за здравствено прашање на еден од блиските луѓе на Села. -Во повеќе ситуации во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од МВР кои или ги водат состаноците или се присутни. Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите. Барам министерот Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. Апелирам и до меѓународните институции, тие што ги следат изборите, да реагираат на оваа појава зашто Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална, независна институција, што им служи на граѓаните, а не на политичките партии, потенцира Филипче. Според него, кампањата што ја води ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување. -ВМРО-ДПМНЕ е тотално безидејна. Нема што да покаже, ниту еден проект со кој може да се пофали на локално или централно ниво. Кога по четири години немате со што да се пофалите, се што ви останува е да се занимавате со опозицијата - да спинувате, да измислувате. Сметам дека ваков пристап и кампања на „црно и бело“ против опозицијата, е несоодветна. „Бугарските куфери со пари“ се само уште еден од спиновите со кои се служи Мицкоски изминатиот период. Во целата безидејност не знаат што да направат, немаат сериозен проект. Се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении. Соочени се со тоа што ние сме го направиле за само година или две, како зголемувањето на платите на лекарите и минималната плата, истакна Филипче. Во врска со Села, уште еднаш подвлече дека во оваа фаза за соработка не се разговара. -Не сум имал средба со Зијадин Села во Струга, сме се сретнале во Скопје за работа што е целосно надвор од политиката - за здравстено прашање за еден од неговите блиски луѓе. На страна од тоа, нема никаков договор за соработка сега во оваа фаза во Струга, настапуваме како СДСМ. Општинската организација работи на автентично претставување на нашата Програма за Струга, работиме на обединување и консолидирање на нашето членство и на нашите симпатизери. Во оваа фаза за соработка не разговараме, по првиот круг ќе видиме, објасни партискиот лидер.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на ценитеДизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени. Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системотСДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава. Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонтинуирани вонредни инспекциски надзори низ КарпошКомуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема. Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема. Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00