Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево - Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија! - Канал 5

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево - Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централното чествување во Крушево.

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево - Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

По повод големиот државен и национален празник 2ри Август – Денот на Републиката и Денот на првото заседание на АСНОМ, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централното чествување во Крушево.

Претседателот Филипче ја предводеше делегацијата на СДСМ во чиј состав беа и потпретседателката на партијата Кристина Костова, пратеникот Митко Трајчулески и пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во рамки на чествувањето на големиот национален и државен празник положија свежо цвеќе на неколку историски значајни локации, на гробот на Никола Карев, споменикот на хероите на месноста „Слива“, како и на Мечкин Камен а присуствуваа на панихида за хероите во храмот Свети Никола.

Во изјава за медиумите, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го честиташе Илинден на сите граѓани и повика на заедништво за продолжуавње на борбата за Македонија.

„Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава.

Денеска ги славиме и двата Илиндени, и тој од 1903-та и тој од 1944-та и АСНОМ.

Мора прво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, со својата жртва се вградија во темелите на нашата модерна држава. Тие ја започнаа борбата за да од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја ние сега живееме денеска во модерна и развиена држава.

Меѓутоа мора да признаеме дека нашата мирновременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, да конечно станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски.

Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава.“ рече Филипче.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и понатаму ќе биде глас на напредокот, заедништвото и европските вредности кои Илинден и АСНОМ ги симболизираат, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер